Општество
Меѓународен балкански универзитет доделува 500 стипендии за најуспешните матуранти

Во рамки на активностите за одбележување на десетгодишнината од неговото основање, Меѓународен балкански универзитет организира испит за доделување на 500 стипендии за најуспешните матуранти од средните училишта во Македонија и земјите од балканскиот регион за академската 2016/2017 година.
Централното тестирање за матурантите од Македонија ќе се одржи на 23 април 2016 година (сабота) со почеток во 10 часот во Скопје. Кандидатите ќе полагаат испит за стипендија кој содржи прашања од општа култура, историја, географија, математика и интелегенција, како и испит за познавања на англискиот јазик.
Кандидатите ќе имаат можност да изберат една помеѓу 20-те студиски програми на додипломски студии кои им се нудат на студентите за новата академска година.
Сите заинтересирани матуранти можат да аплицираат за испитот за стипендии преку онлајн порталот www.ibu.edu.mk/scholarships/крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Здруженијата на дијабетичари ја поздравуваат одлуката за уништување на сомнителниот инсулин

Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) ја поздравува одлуката на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за здравство, за уништување на заостанатите количини на инсулини кои се чувале во Бирото за стокови резерви, а биле набавувани со Законот за паралелен увоз.
„Ваквите одлуки треба да продолжат се до уништување на последното инсулинско пенкало кое е со сомнителен квалитет од времето на паралелниот увоз.Благодарност до Министерството за здравство за тоа што конечно лицата со дијабетес 123.850 во нашата држава, можат да бидат сигурни во квалитетот на инсулините кои се набавуваат со гаранција за квалитет на истите“, се вели во соопштението.
Македонија
Заев : За првпат по долго време се градат близу 70 детски градинки

Премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска беа во Струмица по повод пуштањето во употреба на детската градинка во Муртино. Во својата изјава за медиуми, премиерот Заев истакна дека приоритет на Владата е да обезбеди услови за правилен ран детски развој, преку проширување на капацитетите на градинките и јакнењето на професионалните компетенции на кадарот, со што се гради вистински квалитетно предучилишно образование.
„Децата се нашето богатство, нашиот силен потенцијал и грижата за нив, за нивниот ран и правилен развој е нашиот врвен приоритет, и оваа градинка го сведочи тоа. И не е само оваа градинка. За две години, на територијата на целата наша земја изградивме, или е во тек е изградбата и проектите за близу 70 градинки. Таква иницијатива, за толку кус период, не е забележана во историјата на Северна Македонија“, рече премиерот Заев.
Пред неполн месец, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска потпиша договори за грантови за изградба на нови градинки со пет општини во вкупен износ од 228.100.000,00 денари.
„Во новите градинки се отвора простор за 760 нови деца. За првпат по долго време во нашата држава ќе се градат вакви големи објекти, бидејќи ја препознаваме клучната улога на предучилишното образование за раст и развој на децата”, рече премиерот Заев и додаде дека се вложува и во луѓето кои ги обликуваат идните генерации преку зголемување на платите и јакнење на компетенциите на кадарот во градинките.
„Само оваа година обезбедивме 1.400 согласности за вработувања во градинките. Почнувајќи од јунската плата којашто на поголемиот дел од вработените веќе им е исплатена, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 % што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен“, рече премиерот Заев и се заблагодари на партнерите, ЕУ и Светска банка кои преку Министерството за финансии ја поддржаа финансиски пренамената на овој објект од општинска зграда во детска градинка.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска рече дека само годинава во струмичкиот регион се отвораат две нови градинки, а за идната година е планирана инвестиција во уште три.
„Грижата за децата и инвестирањето во раниот детски развој е приоритет на Владата но и на локалните самоуправи. Навистина ми е драго што забрзано се подобруваат условите за престој во поголемиот дел од градинките низ земјава, посебно во руралните места кои со години беа заборавени. Министерството за труд и социјална политика продолжува посветено да инвестира во детската заштита, а со тоа вложува во иднината на секое дете и на нашата држава. За идната година во Буџетот издвоивме 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години како Влада инвестиравме над 180 милиони денари“, рече Царовска.
Македонија
Мицкоски: Мисијата на Свети Климент и денес живее вo секoј изгoвoрен или зaпишaн збoр

Светиoт Климент Oхридски сo свoјaтa прoсветителскa дејнoст успеaл дa гo зaслужи местoтo вo великaните нa цивилизaцијaта и прoсветителствoто, вели во својата честитка по повод државниот и христијански празник, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Тoј сo злaтни букви јa зaпишaл и Мaкедoнијa кaкo земјa вo кoјa живеел, рaбoтел и делувaл и ние сме нa тoa oсoбенo гoрди. Негoвoтo делo денес живее вo секoј изгoвoрен или зaпишaн збoр не сaмo кaј нaрoдите кoи јa кoристaт aзбукaтa Кирилицa, туку и кaј сите oстaнaти слoвенски нaрoди и култури“, нагласува Мицкоски додавајќи дека фaкелoт нa писменoстa кoј гo зaпaлил Свети Климент Oхридски гo прoсветлил целиoт слoвенски свет.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ веле дека Свети Климент е доказ оти истрајноста успева, а пожртвуваноста носи резултати.
„Да се спротивставиме на декаденцијата, немањето на принципи и вредности. Заедно да се бориме против она што го мачи нашиот народ и знам дека така ќе успееме“, истакнува Мицкоски во пораката по повод денот посветен на чествувањето на Свети Климент Oхридски.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци