Контакт

Општество

Мирен протест за пресудата во „Монструм“

Објавено пред

Повеќе стотици демонстранти во петок попладне тргнаа од џамијата Јаја Паша во населба Чаир и стигнаа до Бит Пазар за да го изразат незадоволството од пресудата во случајот „Монструм“.

За сега протестот се одвива мирно. На терен има силно полициско обезбедување кое е опремено со оклопни возила, водени топови и шок бомби. Кордонот пред ТЦ Мавровка ги спречи демонстрантите да се приближат до комлексот судови. 

Продавниците во Мавровска и на целиот булевар „Крсте Мисирков“, кај Бит Пазар се затворени. 

На 4-ти јули се одржа првиот бран протести против пресудата во „Монструм“ со која шест лица се осудени на доживотна затворска казна за пектратното убиство што се случи во април, 2012 година кај Смилковското езеро во Скопје. Протестите ескалираа, беа повредени 30-тина полицајци и десетина граѓани, а полицијата ги растера демонстрантите од пред комплексот судови со водени топови. За сега се приведени осум лица, а против 34 учесници во минатонеделните протести во Скопје се поднесени кривични пријави.крај/мф

 

Извор: фото/Нова Македонија



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Богољуб Илиевски избран за потпретседател на Европскиот патентен институт во Минхен

Објавено пред

Македонскиот патентен застапник Богољуб Илиевски е избран на едно од двете потпретседателски места на Европскиот патентен институт во Минхен.

Оваа одлука беше донесена на 88. Собрание на Советот на Европскиот патентен институт, организација на професионалните застапници пред Европскиот патентен завод во Минхен, кое се одржа вчера (29 јуни).

Илиевски е директор на Секторот за патенти во Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” од Скопје.

Во Европскиот патентен институт членуваат околу 12.000 патентни застапници од Европа од 38 земји (сите членки на ЕУ, плус Турција, Северна Македонја, Србија, Албанија, Швајцарија, Обединетото Кралство, Исланд, Лихтенштајн, Монако, Норвешка и Сан Марино).

Од фелата нагласуваат дека овој избор е големо признание за сите македонски патентни застапници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лидерите на верските заедници на заеднички состанок предупредија за опасноста од коронавирусот

Објавено пред

Средба на лидерите на петте верски заедници споменати во Уставот се одржа денеска во Клубот на пратеници.

На покана на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, на средбата присуствуваа поглаварот на МПЦ-ОА, Aрхиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, в.д. Реисул Улема на ИВЗ Шаќир еф. Фетаху, бискупот на Католичката црква монсињор Киро Стојанов, суперинтендентот на ЕМЦ, Марјан Димов, а поради оправдани причини отсуствуваше претседателот на Еврејската заедница, Берта Романо Николиќ.

Од Комисијата информираат дека на средбата посебно се истакнала значајноста од постојаното негување на култура на толеранција, висока духовност, почит и етичност во односите меѓу конфесиите и во односите со јавноста.

Имајќи ја во предвид сериозноста на заканата од пандемијата предизвикана од коронавирусот, која сè повеќе се наметнува како глобален долгорочен проблем, верските лидери споделиле размислувања за предизвиците кои сите нè очекуваат во иднина, но и за сето она што во изминатиот период можело да се стори поинаку или, пак повеќе, како конкретен придонес во справувањето со оваа сеопшта неволја.

„Верските лидери упатија едногласен апел до сите граѓани за одговорен однос кон себеси и ближниот, а опасноста од вирусот да ја сфатат како реална и сериозна закана по животот и здравјето. Неуморниот труд на лекарите и на медицинскиот персонал при справувањето со оваа состојба е достоен за почит и пофалба, а најсоодветниот израз на благодарност за нивниот подвиг треба да се покаже на дело, со почитување на изречените мерки од надлежните институции“, се наведува во соопштението од средбата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Чулев објасни зошто неговото семејство е во министерската вила во Охрид

Објавено пред

Вилата на Министерството за внатрешни работи во Охрид, која функционерите во министерството ја користат за службени потреби, изминативе денови е престојувалиште за семејството на техничкиот министер, Наќе Чулев.

Тој кажа дека неговата сопруга со двете деца се во министерската вила, укажувајќи дека требало и тој да им се придружи.

Станува збор за одделен објект од одморалиштето на МВР кое можат да го користат и вработените за службени потреби или, пак, приватно да изнајмат соба за која ќе платат паричен надомест, кажа Чулев.

„Се работи за објект на Министерството за внатрешни работи, не е владин објект, тоа е објект на МВР, којшто се наоѓа во Охрид и каде што во моментот на три дена престојува моето семејство и јас требаше да им се придружам, меѓутоа не им се придружив. Тоа е објект што е на располагање заедно со одморалиштата на Министерството за внатрешни работи и  може да го користат вработените и менаџментот на МВР“, рече министерот.

Министерската вила во Охрид досега се користела од сите министри за внатрешни работи кога се пречекувале високи странски претставници, како министри, премиери, амбасадори.

 

Искра Манојлоска

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија7 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија7 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија8 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија8 часа

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија8 часа

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион10 часа

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија10 часа

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Економија11 час

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и...

Македонија12 часа

Ременски бара обвинителката Русковска да биде изземена од судењето за „Меѓународен сојуз“

Фросина Ременски, третообвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, бара да се изземе обвинителката Вилма Русковска од...

Македонија13 часа

Лицата со Ковид-19, во самоизолација и хронично болните можат да се пријавуваат за гласање за изборите

Почнува пријавувањето до општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за...

Македонија13 часа

Бројот на починати од коронавирус во земјава надмина 300, границите на ЕУ остануваат затворени за македонските граѓани

Земјата со недели се соочува со троцифрени бројки на новозаразени од Ковид-19 на дневна основа, а бројот на починати од...

Свет14 часа

САД ги купија сите залихи на ремдесивир

Сите залихи на лекот ремдесивир, кој е еден од ретките што покажаа позитивни резултати во лекувањето на коронавирусот, се откупени...

Македонија14 часа

Повторно летови од аеродромите во Скопје и во Охрид

Двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, од денеска се отвораат за патници, но со строго почитување на протоколите. Заштитните...

Македонија14 часа

Снимател од МРТ ја загуби битката со коронавирусот

Синоќа од коронавирус почина долгогодишниот снимател во албанската редакција на Македонската радио- телевизија, Шенол Ахмети. Неговите колеги на социјалните мрежи...

Забава16 часа

(Видео) Италијански нуркачи два часа спасувале кит заплеткан во нелегални рибарски мрежи

Припадниците на италијанската крајбрежна стража и нуркачите успеале да го ослободат китот што се заплеткал во рибарските мрежи во близина...

Македонија23 часа

Филипче за инцидентот во „8 Септември“: Ова е чин на непочитување на здравствените работници кои се борат за секој човечки живот

Вечерва во Градската општа болница „8 Септември“, докторка беше нападната од семејство на пациентка која по неколку дена болничко лекување...

Топ1 ден

Шестмина приведени поради закани кон докторка во Ковид-центарот во „8 Септември“

Шестмина се приведени вечерва поради закани кон докторка во Ковид-центарот во болницата „8 Септември“ во Скопје. Меѓу нив е и...

Македонија1 ден

Милошоски хоспитализиран на Инфективната клиника поради висока температура

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски е примен на Инфективната клиника откако неколку дена имал покачена телесна температура, иако...

Регион1 ден

(Видео) Група лекари ѝ свртеа грб на Брнабиќ во знак на протест во Нови Пазар

Група лекари и медицински персонал во општата болница во Нови Пазар им завртеа грб на српската премиерка Ана Брнабиќ и...

Досие