Контакт

Општество

На Универзитетот Шефилд се одржа церемонијата на новите дипломци

Објавено пред

– Лина Ѓорчева, постдипломец од Македонија на Универзитетот Шефилд

Во саботата се одржа церемонијата на дипломирање, специјалната прослава за дипломците на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ во Солун.

Во саботата се одржа церемонијата на дипломирање, специјалната прослава за дипломците на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ во Солун.

Универзитетот Шефилд и неговиот Меѓународен факултет, СИТИ Колеџ, беа домаќини на свечената Церемонија на дипломирање за 2015 година, која се одржа во сабота во Концертната сала во Солун.

Наградите беа претставени од заменик канцеларот на Универзитетот Шефилд, проф. Сер Кит Бурнет, придружуван од професорите и академските колеги од британскиот универзитет.

На церемонијата беа претставени и ја добија својата диплома повеќе од 200 дипломци, постдипломци и докторанти, кои ги завршија своите студии на Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ.

Дипломирањето ја следеше истата академска процедура како церемониите на Универзитетот Шефилд во Обединетото Кралство.

За време на церемонијата, шест истакнати алумни беа наградени со „Награда за истакнати алумни”, како признание за нивните видни професионални достигнувања.

Годинава добитници на ова признание се Панче Кралев, претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком (Дојче Телеком Групација) од Скопје, Мирела Аркимандрити, извршен директор, Центар на родова алијанса за развој од Албанија, Сања Милаковиќ Колунџија, директор на адвертајзинг агенција Executive Group од Србија, Катерина Сиампани гешталт психотерапевт и тренер од Грција, Висар Келеменди, главен извршен директор на Ругове L.L.C. од Косово, и Грациела Константин, претседател на Комитетот за даноци во Ромската банкарска асоцијација и директор на CEC Банка од Романија./крај/мф/ап

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Објавено пред

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не почувствува никаква обврска кон своите жители и не почна со реализација на речиси ниту еден проект од доменот на инфраструктурното уредување, велат жителите на оваа населба. Тие се жалат дека иако проектот бил најавуван како елитна населба, тие живеат во кал, во мрак и без јавен превоз.

Сопствениците на куќи и плацови велат дека општинската власт воопшто не почнала со инсталација на водоводна мрежа, не е поставен ниту еден метар асфалт, уште многу улици не се ниту трасирани, а некои од сопствениците не може ниту да пријдат до своите куќи.

„Немаат поставено ниту една светилка за надворешно осветление – иако редовно го плаќаме, не е означена ниту една улица во населбата иако во неа во моментот живеат триесетина семејства, а повеќе од стотина други семејства не може да се вселат во своите куќи бидејќи ги немаат основните услови за живеење. Во 21 век населбата Јака, инаку од општинските власти најавувана како проект ‘Елитна населба’, е целата во кал, во потполн мрак, без јавен превоз – без можност за приоѓање евентуално потребна екипа на брзата помош, противпожарно возило, без можности за достава на пошта – генерално, со супстандардни услови за домување. Во такви услови живееме триесетина семејства, кои немавме поинаков избор, освен да се вселиме во нашите куќи, а се надевавме на брзо решавање на овие основни инфраструктурни потреби“, велат жителите.

Тие велат дека ги купиле плацовите во текот на 2012 и 2013 година за изградба на куќи за семејно домување и дека ги реализирале сите финансиски обврски кон општината Илинден. Според нивни неофицијални сознанија, од овој проект Општината Илинден инкасирала повеќе од 1.200.000 евра.

Граѓаните велат дека формирале и неофицијален одбор и дека разговарале со градоначалникот и други претставници на општинската власт, но инфраструктурните проблеми и натаму останале нерешени.

„Во последните неколку месеци од 2019 година постојано се обидуваме да се состанеме со градоначалникот на општината, но тој постојано нè избегнува. Длабоко сме разочарани, се чувствуваме излажани од страна на општинските власти, не можеме да ги сфатиме ваквиот дискриминаторски однос кон нас, нивната непрофесионалност и ароганција кон сопствените граѓани. Ваквиот однос на општинската власт кон нас развива силна разочараност, револт и недоверба не само кон институциите на локално ниво туку и на државно ниво“, велат сопствениците на куќи и плацови во Јака. Тие доставиле и претставка до народниот правобранител.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Објавено пред

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите на синдикатот и останати припадници на полицијата. Саздов вели дека станува збор за незаконски распределувања преку кои раководството се пресметува со оние кои се спротиставуваат на незаконското работење.

„Како синдикат сметавме дека власта лекциите за примерно и законито однесување ги научи и навистина ќе се почуствуваат позитивните промени, но од тоа ништо не се случи. Наместо промени, кон синдикатот продолжија притисоците и заканите за преместувања кои голем дел од нашите претставници ги осетија на својот грб, како и притисоци врз највисоките структури на НСП и срамна дискредитација на истите. Се уште се водат неосновани постапки против наши претставници со притисоци од страна на највисоките структури. Исто така и притисоците за отчленување на членови од НСП не престануваат. Нашите претставници се соочуваат со невиден мобинг, почнувајќи од незаконски распределувања за внесување страв до безмилосен напад на професионалниот интегритет. Се демонстрираше моќ и способност за конструкции и фингирање на лоши слики ставајќи им етикети на професионалците кои ќе се спротистават на незаконското работење“, вели Саздов.

Мотивирани од, како што велат неправдата која им е нанесена, членовите на НСП се обратиле до Народниот правобранител, внатрешната контрола на МВР и Комисијата за управна постапка. Сите овие институции утврдиле неправилности во постапката за прераспределување по што Основниот суд 2 на 10 април оваа година донел пресуда со која се поништуваат решенијата на МВР за прераспределување и се бара вработените да бидат вратени на старите позиции.

Како што велат од НСП, оваа одлука на судот сè уште не е испочитувана иако раководството на министерството за внатрешни работи имало рок од 8 дена да ја изврши судската одлука.

Од синдикатот бараат премиерот, Зоран Заев, да „замете“ и во МВР со цел правдата да биде задоволена, а зборот оддржан. Тие исто така се надеваат дека трудовиот инспекторат и Јавното обвинителство ќе се позанимава со овие прераспределување во полицијата.

„Од премиерот бараме по доставување на доказите за незаконското работење на раковдството на МВР, метлата да заигра и правдата да биде задоволена, а дадениот збор одржан. Одговорноста во највисокото раководство мора да ја има. Гласот да допре до сите надлежни институции посебно до Трудовиот инспекторат и Јавното обвинителство. Да се спроведе ревизија и истрага на сите досегашни решенија за прераспределување и унапредување во МВР донесени од страна на актуелното раководство“, велат од Независниот синдикат на полицијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

АСОМ: Законот за игрите на среќа де факто значи бришење на една цела стопанска гранка

Објавено пред

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) присуствуваше на јавната расправа во Собранието за предлог-измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и забавните игри кои предвидуваат дислоцирање на просториите во кои се приредуваат игрите на среќа на растојание од најмалку 500 метри воздушна линија од училиштата, факултетите, универзитетите, институтите, библиотеките, детските градинки, домовите за згрижување деца без родители и сл.

АСОМ смета дека измените на законот би значеле целосно затворање на сите обложувалници на територијата на целата држава.

„Ова мора да е кристално јасно и сакам сите добро да го знаат. Иако де јуре законот не предвидува затворање, де факто ќе се случи буквално бришење на цела една стопанска гранка и преку ноќ 7700 луѓе ќе останат без работа“, потенцираше претседателот на АСОМ, Васко Илиески, во обраќањето и додаде дека ова предлог решение ќе го поттикне нелегалното кладење, а индустријата од регулирана ќе премине во нерегулирана и ќе го отвори патот на „црниот пазар“.

Илиески нагласи дека согласно постоечкиот Закон, прашањето за забрана за учество на малолетни лица во игрите на среќа и забрана за влез во просториите во кои се приредуваат игри на среќа е целосно регулирано.

„Обложувалниците целосно го почитуваат овој закон и најстрого внимаваме да нема никакви прекршувања. Ние немаме никаков интерес во нашите објекти да влегуваат лица помали до 18 години и доследно го спроведуваме Законот. Како Асоцијација сме подготвени да прифатиме и построга контрола, построга регулација и казни за прекршување на овој закон“, истакна Илиески.

На денешната расправа, на покана на АСОМ присуствуваше Зоран Пухач, генерален секретар на Европската организација на игрите на среќа (EOGL) со седиште во Брисел која ги претставува европските играчи и обложувалници, лиценцирани и регулирани со правото на ЕУ, чија примарна цел е промовирање на безбедна и сигурна средина во игрита на среќа, заштита на малолетниците, обука на вработените за препознавање на зависност од игрите на среќа и др.

„За 11 години интензивно следење на проблемот со одговорното обложување во Европа и во светот, не најдов ниту едно релевантно истражување кое на било кој начин би ја поврзала оддалеченоста на објектите за игри на среќа со било каков вид на патолошко однесување. Законите на развиените земји немаат таков вид ограничувања, бидејќи веќе одамна утврдиле дека растојанието не е поврзано со учеството на малолетни лица во игрите на среќа. Сите современи решенија одат кон целосна забрана за пристап и учество за малолетници со санкционирање на прекршителите“, истакна Пухач.

Тој потенцира дека земјите кои воведоа забрана на игрите на среќа, придонесоа кон создавање црн пазар.

Во однос на предложеното растојание, Пухач истакна дека во Република Северна Македонија како мала земја, 500 метри растојание од установи каде се врши воспитно-образовна дејнност би значело затворање на сите приредувачи на игрите на среќа, што ќе го отвори патот на нелегалното кладење и црниот пазар, што ќе предизвика бројни негативности.

Пухач дополнително образложи дека ако се создаде „црн пазар“ државата ќе ги загуби милионите кои се влеваат во нејзиниот буџет по основ на сите давачки од индустријата на игрите на среќа. Тоа ќе значи дека, и организациите како Агенцијата за спорт и млади во случајот на РСМ, и други социјални организации кои се финансираат од државниот буџет ќе останат без значителен дел од приходот, а она што е најалармантно е дека голем број граѓани- вработени во областа ќе останат без работа.

„Со своето работење индустријата на игри на среќа придонесува со една четвртина милијарди евра во буџетот на државата. Mинатата година, државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа оствариле 253 милиони евра. Од тоа, 135 милиони евра од директни приходи и 118 милиони евра, благодарение на индиректните приходи од ДДВ, локални такси, придонеси и даноци за плати, закуп на деловен простор. За плати за своите вработени, компаниите приредувачи на игри на среќа издвоиле околу 32 милиони евра, а државата на име на даноци инкасирала 11 милиони евра. Овие податоци споредени со 2017 година покажуваат дека придонесот на индустријата на игри на среќа во јавниот буџет во 2018 година е зголемен за неверојатни 41%“, велат од АСОМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет11 час

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ13 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија13 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа15 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија17 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија18 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет18 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион18 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија20 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт20 часа

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет21 час

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет21 час

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија21 час

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија22 часа

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech24 часа

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток1 ден

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија2 дена

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија2 дена

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија2 дена

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Досие