Општество
Наставничката Богдановиќ меѓу 50 најдобри наставници во 150 земји

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, во сабота се сретна со Весела Богдановиќ, одделенски наставник во основното училиште „Кочо Рацин“ од село Ивањевци, општина Могила, која влезе во изборот меѓу педесетте најдобри наставници, во конкуренција од илјадници просветни работници од повеќе од 150 земји од светот.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, во сабота се сретна со Весела Богдановиќ, одделенски наставник во основното училиште „Кочо Рацин“ од село Ивањевци, општина Могила, која влезе во изборот меѓу педесетте најдобри наставници, во конкуренција од илјадници просветни работници од повеќе од 150 земји од светот.
Станува збор за избор кој го организира “Varkey gems fondation”, чиј претседавач е поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Натпреварот меѓу најдобрите продолжува се до изборот на најдобриот наставник кој ќе ја освои титулата Global Teacher Prize, а со тоа и наградата од еден милион долари.
На средбата со Ристовски, Богдановиќ зборуваше за своето искуство како наставник, како и за наставните методите кои ги применува за време на часовите, а кои се компатибилни со новите наставни програми и учебници изработени од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ. Таа истакна дека во текот на наставата користи интерактивни техники кои наликуваат на игра, преку кои учениците многу лесно ги совладуваат наставните содржини. Сето тоа е содржано во нејзините 200 едукативни филмови и работни листови, со кои наставничката од Могила конкурирала на изборот за најдобар наставник во светот.
Ристовски смета дека Богдановиќ е пример кој треба да го следат и другите наставници во нашата држава. „Таа е доказ дека и во нашата земја има креативни наставници, кои со љубов ја работат својата работа и кои безрезервно се посветуваат на образованието и воспитанието на своите ученици“, додаде Ристовски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ковачевски: Автокефалноста на МПЦ– ОА е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите и како признание за нејзиното наследство во духовната величина на древната Охридска Архиепископија, и како автентичен дел на македонскиот идентитет, истакнува премиерот Димитар Ковачевски по повод автокефалноста на Македонската православна црква.
„Се радуваме заедно со сите православни христијани во нашата земја на историската вест со која Македонската православна црква – Охридска Архиепископија се стекнува со автокефалност“, вели Ковачевски.
„Оваа со векови очекувана вест е соопштена денеска на заедничката служба со Српската православна црква, на која патријархот Порфириј соопшти дека одлуката МПЦ-ОА да биде прифатена како автокефална црква ќе биде предложена пред Вселенската патријаршија со препорака таа да биде прифатена од сите православни цркви. Нека е честит овој голем ден за сите православни верници и за сите граѓани“, изјави премиерот Ковачевски.
Македонија
Архиепископот Стефан: 55 години седевме и чекавме во тремот, сега имаме кој да ни нацрпи вода

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан се заблагодари на Српската православна црква и српскиот Патријарх Порфириј за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија. Тој посочи дека ова е историски период како и празник за сите Христијани во Македонија, без разлика на национално потекло. Тој посочи дека и предците се радуваат гледајќи ги радоста и единството.
„Верувам дека деновиве конечно е радосен и Арсениј, последниот охридски архиепископ, а и архиепископот Доситеј и патријархот Герман и сите кои искрено сакаа да ја видат возобновена Охридската архепископија. Кога некој ја чита историјата на Охридската црква, се соочува со црква која не воспоставува граници, која ниту денес не ја користи самостојноста за да се изолира, туку да стане поблиска со другите, да биде тоа што се и другите, неоткинлив и суштински дел на една апостолска црква“, посочи г.г. Стефан.
По признавањето на автокефалноста од СПЦ, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан рече: „55 години седевме и чекајќи во тремот и ненаоаѓајќи некој да се погрижи за нас. Потоа ни пристапи друг човек, нашиот собрат и денешен сослужител, неговата светост српскиот Патријарх Порфириј. И еве сега имаме и кој да ни нацрпи вода. Сега и сите ќе видат колку е нашата нива плодна и дека посеаното стигнало за жетва. Црквата не е федерација од помесни цркви туку од секогаш била една и единствена, обединета од духот свет, како единствено цело на целото човешство. Нејзина цел е да го обедини човекот во себеси и да го освети“.
Обраќањето на г.г Стефан беше поздравено со аплауз од илјадниците верници во Соборниот храм. Архиепископ Охридски и Македонски кажа дека сега македонската црква не тагува туку се радува на братската љубов.
„Бог ни даде ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекуваната вест. Затоа уште еднаш ваша свестост, Вам и членовите на Архиерскиот собор, Ви благодариме. Стоејќи трепетно во овој момент, овој свештен собор, во мене, оѕвонуваат зборовите за црквата: ‘Целата си убава и дамка нема на тебе’. Ја гледам токму убавината на црквата и длабоко ги разбирам зборовите на Апостолот на народите кој вели дека Христос е глава на телото односно на црквата, а ние сме членови на неговото тело. Затоа од длабочината на душата воскликнувам фалејќи го Бога за неговиот дар, за црквата, па велам: ‘Постојано те величаме тебе Христе, кој неискажливо ги соедини небесното и земното и ја создаде единствената црква на ангелите и луѓето’. Еве нам и денес ни се нуди таа несовршена заедница, која е чиста и долгорочна, чија чистота со ништо не се осквернува и со ништо не може да се одземе. Која е од едниот до другиот крај на Вселената.“
Македонија
Заев: Со томосот на СПЦ до Вселенската патријаршија, не постои пречка за прогласување на афтокефалност на МПЦ-ОА

Македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија, сите заедно одлучивме да живееме во мир, единство, слога и напредок. Одлучивме да решаваме проблеми и да создаваме иднина, напиша на фејсбук, поранешниот премиер Зоран Заев.
„Договорот од Преспа, членството во НАТО, Отворен Балкан и политиките на добрососедство се причината зошто од денес македонскиот народ нема проблем ниту со името на својата македонска земја, ниту со својата Македонска православна црква – Охридска архиепископија, ниту со својата безбедност и сигурност. Живееме и ќе живееме во слога со нашите балкански браќа и сестри, целосно ја заокружуваме нашата духовна и државна независност“, потенцира Заев во напишаното.
„Со благословот и томосот за афтокефалност на МПЦ-ОА што Српската православна црква го упати до Вселенската патријаршија веќе не постои ниту една пречка и очекуваме патријархот Вартоломеј да ја прогласи МПЦ-ОА и официјално за афтокефална“, вели Заев.