Општество
Објавен тендерот за изградба на нов Клинички центар во Скопје најавен во 2013-та
Банката на Советот на Европа во официјалниот гласник на Европската унија во четврток го објави тендерот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информира на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а истото го најави и министерот за здравство Никола Тодоров, исто како и во 2013 година, но од тогаш досега, само на тоа и остана, само најава.
„Ова е еден од капиталните проекти во македонскиот здравствен систем, со кој ќе се поставува нов стандард за квалитетот на здравствените услуги во Македонија. Инвестицијата само за изградба чини околу 70 милиони евра, а целокупната инвестиција за модернизирање на кампусот е во вкупна вредност од 128 милиони евра“, пишува Груевски.Појаснува дека по спроведување на законските процедури, ќе почнат градежните работи, кои е предвидено да завршат во неколкугодишен циклус. Тодоров појасни дека понудите ќе бидат отворени на 5-ти ноември, а изградбата ќе почне до година, по што за 45 месеци, Македонија ќе го добие нјмодерниот Клинички центар.„Проектот предвидува изградба на нов клинички блок, нова зграда на лаборатории во којшто ќе влезат нови простории на 23 клиники односно очна клиника, клиника за уво нос и грло, клиника за радиологија, ургентен центар, за дерматологија, неврологија, пулмологија, гастро, ендокринологија, ревматологија, завод за слух, говор и глас, клиника за анестезија и интензивно лекување, невро хирургија, трауматологија, психијатрија, токсикологија, ортопедија, неврологија, хематологија, нефрологија, трасфузиологија, микробиологија и нуклеарна медицина. Ќе следи и адаптација и реконструкција на зградата на хируршките клиники во кои и сега се сместени урологија, дигестивна клиника, пластика и торакална клиника“, појаснува Груевски на фејсбук .Клиниката за гинекологија и акушерство останува во посебен објект кој неодамна беше завршен, затоа што објектот на клиниката ги задоволува современите стандарди за тој вид на дејност. Оваа клиника ќе се поврзува со зградата на новиот клинички центар со топла врска што подразбира постојан начин на комуникација и транспортирање на пациентите за кои би имало потреба.Клиниката за онкологија и радиотерапија останува во стариот објект за кој се предвидува парцијално реновирање и изградба на нов бункер за поставување на линеарен акцелератор како и поврзување со топла врска со новиот клинички блок. Клиниката за детски болести останува во постојниот објект кој е реновиран и адаптиран.„Исто така заради специфичноста на болестите кои ги третира инфективната клиника останува во постојниот објект каде што е сместена, како и клиника за кардиологија која останува во истиот објект, но целосно ќе се реконструира. За таа цел само што заврши тендерот за изработка на проект за реконструкција на клиниката. Додека клиниката за кардио хирургија е во објект кој е пуштен во употреба во 2015-та и целосно ги задоволува светските стандарди за таков тип на дејност“, вели Груевски.Новиот Клинички Блок е проектиран со вкупно 855 кревети, од кои 720 кревети за болничка нега, 101 кревет за дијагностички функции, интензивна нега и рехабилитација и 34 кревети во дневни болници. Изградбата на новиот Клинички центар ќе овозможи бенефит за сите граѓани, имајќи во предвид дека на годишно ниво во клиниките минуваат повеќе од 800.000 посетители, односно околу 2.200 посетители дневно. Клиничкиот ценатр ќе има и платформа за слетување на хеликоптери, со што ќе се овозможи да се транспортираат пациентите брзо и ефикансо и нема да се шетаат со колички по патеките низ ценатрот, како тоа се прави сега.Изградбата на новиот Клинички центар „Мајка Тереза“, доколку проектот се заврши со предвидената динамика и се обезбедат потребните дозволи, ќе почне да се гради на почетокот на идната година, а ќе трае во наредните три години, најави министерот за здравство Никола Тодоров во 2013 година. Тогаш се пофали дека конечното идејно решение е готово, сега треба да се изработи основниот проект, кој требаше да биде завршен за околу шест месеци, а вкупната сума за изготвување на целиот проект изнесуваше 1,3 милиони евра./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.
Македонија
Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови
Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.
Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.
Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.
-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.
Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.