Општество
Од понеделник лекарите електронски ќе ги добиваат лабораториските резултати
Од понеделник матичните лекари ќе бидат поврзани со сите лаборатории од примарно ниво, со кои Фондот за здравство има склучено договор.
Од понеделник матичните лекари ќе бидат поврзани со сите лаборатории од примарно ниво, со кои Фондот за здравство има склучено договор.
Имено, резултатите од крвните анализи директно ќе бидат прикажани на софтверот на матичните лекари и пациентот нема да има потреба да оди во лабораторијата по резултати и потоа истите да ги носи кај матичниот.
„Во текот на една година околу 650.000 осигуреници потребно е да извршат превенција, а со овој софтвер, скратуваме потенцијални 1.300.000 посети во лабораторија и матичен лекар. Ќе има заштедата во време и пари, односно станува збор за заштеда на огромни средства. Избраните лекари по електронски пат ќе ги добиваат резултатите од лабораториските наоди потребни за превенција, и тоа за: ниво на гликоза во серум, ниво на серумски креатинин во крв, ниво на вкупен холестерол во крвта, вредност добиена од испитување на OGTT (орален гликоза толеранс тест), присуство на протеини во урина“, рече дирекотрот на ФЗОМ, Сашо Стефановски.Со новото софтверско поврзување се скусува времето кое е потребно за вршење на превентивните прегледи, се елиминира уште една посета кај матичниот лекар и лабораторија. Матичниот лекар ќе има увид во резултатите и доколку постои лабораториско испитување не постаро од 90 дена, согласно правилата за превенција, ќе ги искористи резултатите без притоа непотребно да се испраќа пациентот за уште една лабораторија. Со овој начин се штити и пациентот и здравствениот систем.Како што појаснија од ФЗОМ со новиот начин на работа превенцијата ќе изгледа вака: на пациентот кој е повикан за превенција ќе му биде измерен притисок, висина, тежина, ќе се направи ЕКГ, ќе се земат лични и фамилијарни анамнестички податоци поврзани со заболувањата (кардио, нефро и дијабетес). По ова матичниот лекар ќе му издаде упат за лабораториско испитување кое во нашиот систем ќе го означи дека е за превенција. Во лабораторијата кога ќе се издаваат резултатите системот ќе препознае дека за овој осигуреник потребно е резултатите да се запишат во системот. Потоа системот ќе го извести матичниот лекар дека резултатите за осигуреникот се готови и матичниот лекар ќе ги искористи да ја доврши превенцијата и да добие ризик-скор. Вака осигуреникот нема потреба да се враќа кај матичниот лекар. Доколку ризик-скорот го класифицира осигуреникот во низок ризик од овие заболувања, завршува епизодата за превенција. Доколку ризик-скорот го класифицира во висок ризик од можност од заболување, тогаш матичниот лекар ќе го контактира пациентот и ќе закаже преглед на специјалистичко консултативно ниво на здравствена заштита.ФЗОМ воведе превенција за кардиолошки, нефролошки болести и дијабетес кај матичните лекари со цел да се придонесе кон намалување на бројот на идни пациенти заболени од овие болести, односно да се преземат сите превентивни активности за оваа ризична група на осигуреници да не ги развие овие заболувања и да се влијае на намалување на пациенти кои ќе завршат на дијализа, инсулинска терапија, како и да има помалку пациенти со срцеви и мозочни удари. За стимулирање на оваа активност секој матичен лекар преку Фондот добива 20 отсто од капитацијата секој месец.Со новиот софтвер се заменува употребата на досегашните хартиени обрасци. Имено, матичниот лекар за секој пациент досега печатеше 7 хартиени обрасци. Тоа изнесува повеќе од 9 милиони печатени обрасци за две години кај матичните лекари. Со софтверското решение овозможивме целосно електронско работење и исфрлање на хартијата од употреба за превентивните цели. Бенефит од ова имаат матичните лекари кои заштедуваат околу 6 милиони денари годишно за тонери, хартија, принтери и сервисирање./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.
Македонија
Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови
Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.
Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.
Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.
-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.
Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.