Контакт

Општество

Почнува Светската недела на детето под мотото ‘Сите деца со исти права! За подобро утре!’

Објавено пред

По повод Светската недела на детето, Коалицијата на младински организации СЕГА од понеделникот 5-ти до 11-ти октомври ќе реализираат повеќе локални акции создадени од  четириесет и две деца од различни националности од Прилеп, Тетово, Теарце, Струмица, Куманово и Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

Овие деца беа дел од вториот Летен камп 2015 во Струга, во рамките на проектот „Промоција на детски права и интеркултурна комуникација”. Заедничкото живеење, активностите и интеркултурната размена кои беа дел од кампот имаа за цел да обезбедат квалитетно интеркултурно искуство на децата и исто така да ги научат начините и методи со кои можат да ги промовираат детските права и интеркултурната комуникација. Активностите кои ќе се спроведуваат се дел од кампањата „Сите деца со исти права! За подобро утре!“

Овие активности се организираат во состав на проектот „Промовирање на детските права и интеркултурната комуникација“, кој го имплементираат во партнерство, Коалицијата на младински организации СЕГА, Совет за превенција од малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци, Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) – Скопје, Мајка – Куманово, и Центар за едукација и развој – Теарце, а со поддршка на Детската фондација „Песталоци“.

Распоред на локални акции дел од кампањата, „Сите деца со исти права! За подобро утре!“

Скопје 05 октомври – Инфо Ден, Плоштад „8ми Април“, Шуто Оризари, 13 00 15 00ч.

07 и 08 Октомври – Врснички Едукативни Работилници за правата на децата и интеркултурната комуникација, ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ и ООУ „26 Јули“ 12 00 – 14 30ч10 Октомври Ревијален интеркултурен натпревар – Спортски Центар наспроти Општина Шуто Оризари, 13 00- 14 0010 Октомври Интеркултурен настан за учесниците од фудбалскиот натпревар 14 00 – 17 00ч. Пицерија Сенада

 

Куманово05 Октомври Врснички Едукативни Работилници за правата на децата и интеркултурната комуникација – 12 часот, ОСТУ „ Наце Буѓони“;06 Октомври Врснички Едукативни Работилници за правата на децата и интеркултурната комуникација – 12 часот, Гимназија „Гоце Делчев“07 Октомври, Врснички Едукативни Работилници за правата на децата и интеркултурната комуникација – 12 часот, ОСУ „ Перо Наков“;08 Октомври – Спортски натпревар, ОСТУ „Наце Буѓони“,12 часот,09 Октомври – Настан: „Сите деца со исти права за подобро утре“ , 12ч Градски Плоштад, Куманово

Тетово05 Октомври – ИНФО ден, пред Дом на Култура – Тетово,11 00 – 15 0006 Октомври – Ликовна Изложба и флеш моб, пред Дом на Култура, 12 00- 15 0007 Октомври – Посета на Центарот за деца со посебни потреби, 13 00 – 15 0009 Октомври – Турнир во Одбојка – Спортска сала – СОУ Кирил Пејчиновиќ – 12 00

Прилеп05 Октомври – Инфо Ден –ООУ Климент Охридски, 09 0006 Октомври – Посета на Црква и интервју со претставник, од страна на тимот на деца – 09 00ч.07 Октомври – Посета на Џамија и интервју со претставник ,од страна на тимот на деца – 09 00ч08 Октомври – Посета на старски дом и интервју со стари лица, од страна на тимот на деца -09 00ч09 Октомври – Главен настан Промоција на Видео „Сите деца со исти права, за подобро утре“ –ООУ Климент Охридски – 13 00ч

Кавадарци05 Октомври Посета на “Мал Групен Дом” и одржување на работилница на тема детските права и интеркултурна комуникација – 12 00ч06 Октомври Посета на Специјалната паралелка при Основното училиште Страшо Пинџур Кавадарци -11 часот07 Октомври Флеш Моб – Главен плоштад, 13 00ч.08 Октомври „Драмска претстава“-12 00ч младинскиот клуб на СППМД, (Младински информативен Центар Кавадарци)09 Октомври Работилница на тема детски права и интеркултурна комуникација – 12 00ч. младинскиот клуб на СППМД (Младински информативен Центар Кавадарци)11 Октомври Пикнинк во Градскиот парк во Кавадарци и одржување на работилница за ликовни творби на тема детски права и интеркултурна комуникација – 12 00ч./крај/мф/сп

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан

Објавено пред

Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.

dobivaj vesti na viber

Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.

Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.

Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.

Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.

Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.

Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.

Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.

Постот завршува со Бајрам.

Прикажи повеќе...

Македонија

Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство

Објавено пред

Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.

dobivaj vesti na viber

При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.

„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови

Објавено пред

Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.

dobivaj vesti na viber

Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.

Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.

-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.

Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ2 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија2 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија3 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија6 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет6 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет6 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија6 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион7 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет7 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет7 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија21 час

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија23 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...