Општество
Практични научни експерименти се снимаат во висока резолуција за потребите на заедницата
Хемиски и физички експерименти кои сега се снимаат во висока резолуција ќе доведат до повеќе забава и заинтересираност при научните часови и теории. Притоа вестите за оваа седмица накратко вклучуваат и заеднички македонски WikiExpeditions (Вики Експедиции) на полски и чешки википедијци и останато.
Shared Knowledge заедницата од неодамна снимаа видеа во висока реолуција во кои што се вклучени едноставни физички и хемиски експерименти во нов проект под името WikiExperiments.
Целта на проектот е да обезбеди кратки видеа во висока резолуција во кои што се визуелизираат теоретските идеи што студентите ги учат на универзитет и за кои што читаат на Википедиа.
Едукатвините видеа ќе бидат од помош за студентите и “секој што е заинтересиран за разбирање на одредени генерални концепти во физика и хемија”, вели Тони Ристовски, член на одборот на Shared Knowledge.
Shared Knowledge е заедница од (Wikimedians) викимедијци од Македонија кои што започнале во март 2014 година со цел да одржуваат иницијативи и проекти за да го подржат Wikimedia движењето. Меѓутоа, WikiExperiments видеата кои што ги започнале во декември 2015, биле направени без нарации и со објаснување на англиски и македонски јазик за да се олесни глобалната употреба.
Поектот започнал како идеја на членот и физичар Цветко Неделкоски на почетокот на 2015 година. На Shared Knowledge заедницата им се допаднала самата идеа и поради тоа го контактирале универзитетот во Скопје со цел да допринесат при изготвувањето на видеата.
„Следејќи го успехот при снимањето на физичките експерименти”, Ристовски вели дека групата сакала да го прошири проектот и да направи видеа за други хемиски експерименти.
Група од студенти си зеле за задача да ја поврзат Shared Knowledge заедницата со Владимир Пертушевски кој што потоа ги изведувал овие хемиски експерименти.
Снимајќи ги овие видеа за научни експерименти, Ристовски објаснува дека се окументираат голем број на закони и хемиски реакции ѓто е од голема корист за многу училишта коишто учат теоретски работи без практични демонстрации, што е многу битен дел од процесот на учењето.
Полски и чешки википедијци здружуваат сили за WikiExpedition (Вики Експедиција): Фотографии од 100 градови и села биле сликани од страна за полски и чешки википедијци за време на здружената WikiExpedition (Вики Експедиција) одржана од страна на Wikimedia Полска и Wikimedia Република Чешка.
Експедицијата била спроведена меѓу 21-ви и 30-ти октомври во регионот Силесиан во близина на полско-чешката граница, со цел да се сликаат 1.500 фотографии од самата област за потребите на Wikimedia Commons. Иако Википедиа е богата со статии за селата, градовите, парковите и музеите во регионот, и во двете верзии на полската и чешката Википедиа недостигале фотографии./крај/мф/дд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.
Македонија
Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови
Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.
Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.
Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.
-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.
Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.