Општество
Пред државниот испит ќе биде воведен пилот проект
Пред воведување на државниот испит на високообразованите установи во Македонија, прво ќе биде воведен пробен државен испит, односно пилот проект, соопшти во неделата на отворената владена седница го истакна министерот за образование Абдилаќим Адеми, најавувaјќи повеќе новини во врска со прашањето кое претходниот период предизвика полемики во јавноста.
Пред воведување на државниот испит на високообразованите установи во Македонија, прво ќе биде воведен пробен државен испит, односно пилот проект, соопшти во неделата на отворената владена седница го истакна министерот за образование Абдилаќим Адеми, најавувaјќи повеќе новини во врска со прашањето кое претходниот период предизвика полемики во јавноста.
Според министерот Адеми, по неговото воведување државниот испит ќе се смета за положен со најмалку 60 отсто позитивни одговори, или државниот испит ќе се смета за положен доколку за најмалку 20 отсто од предметите постигнал најмалку 30 отсто од бодовите за секој предмет поединечно, но вкупниот збир на бодовите да не биде помалку од 60 отсто од вкупниот број предвидени бодови за сите предмети.
„Државниот испит, се предлага да сe полага во два дела, односно еден дел по втората академска година, а вторниот дел во завршната година од студирањето“, рече Адеми.
Првиот дел ќе ги опфаќа сите предмети кои до моментот ги има положено студентот, а вторниот дел сите предмети кои не биле опфатени во привиот дел. Државниот испит ќе се полага во месеците март/април и август/септември, да не се поклопува со испитните сесии на студентите.
„На дебатите кои ги спроведовме беше предложено процентот на одговори да не биде ист од сите предмети, да може за одредени предмети прцентот на положеност да биде понизок и тоа ги прифативме бидејќи сметаме дека тоа е олеснително за стдентите. 10 отсто од изборните предмети кои се од факултетот да не бидат опфатени во државниот испит, ќе има јаван базен на прашања и државниот испит ќе се полага по електронски пат“, појасни Адеми.
Прашањата ќе бидат однапред познати и јавно објавени. Вкупниот број прашња ќе бидат предложени од самите професори на универзитетите, а усвоени од управниот одбор,
Премиерот Никола Груевски појасни дека според ова, доколку во прва и втора година студентите положат 15 испити, 20 отсто се три предмети. Така, вкупно 60 отсто од бодовите да ги освои, студентот може да мине и со 30 од предметите, доколку некои предмети му се потешки или нема афинитет на нив, а има одличен успех од другите предмети. Тоа, според Груевски, државниот испит нема да го наруши успехот на стидентот, но сепак ќе мора да покаже миниум знаење.
Адеми појасни дека процентот на одговори е намелен зашто, според професорите, студентите кои имаат оценка 6 со претходниот услов нема да го поминат испитот, а целта е да се провери минималното знаење, односно студентот да има знаење барем за 6.
„Во иднина предлагаме да има посебен регистар за сите дипломирани студенти во Македонија, од кога се формирани универзитетите, а, исто така, да има и регистар на нострифицирани странски дипломи“, рече Адеми.
За студентите кои дипломирале во земјите со најреномирани универзитети нема да има државен испит, а за оние кои дипломирале во други странски држави ќе мора да го положат државниот испит во Македонија, за да можат да си ја нострифицираат дипломата./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.
Македонија
Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови
Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.
Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.
Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.
-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.
Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.