Контакт

Општество

Реакција на градоначалник на Зрновци во врска со написот во „Дали градоначалникот на Зрновци си поигрува со животите за жителите од оваа општина?!“

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Зрновци, Блажо Станков, реагира и го демантира на написот „Дали градоначалникот на Зрновци си поигрува со животите за жителите од оваа општина?!“, со кој екипата на Макфакс имаше намера да укаже на проблемите со кои се среќаваат тамошните жители и да влијае врз забрзувањето на нивното решавање, неговиот одговор интегрално ги пренесуваме.

dobivaj vesti na viber

„Бидејки вашиот напис во врска одржаниот јавен собир на граѓани на општина Зрновци, не соодветува со вистината, дозволете ми да Ви го доставам записникот направен од одржаниот собир. Доколку ви е битна вистината се надевам дека ќе ја известете јавноста за тоа што точно се случувало, односно зошто е свикан јавниот собир. Со оглед на тоа што веќе утре во 10 часот го имаме закажано и пресот за медиумите со цел да ги информирам граѓаните на општина Зрновци за одлуката на општината во врска донесениот заклучок од нивна страна, но исто така приморани сме да го демантираме вашиот напис“, се наведува во одговорот на Станков.З А П И С Н И К

Од одржаниот јавен собир одржан на ден 29.10.2016 год. во домот на културата во с.Зрновци со почеток во 19:00 ч. ТЕМА: Мостот на река БрегалницаПрисутни на собирот: полна сала преку 200 граѓаниГрадоначалникот најпрвин ги поздрави присутните и им се заблагодари за масовното присуство. Тој кажа дека сите најверојатно досега се запознаети со состојбата со мостот на река Брегалница и дека е добро да се слушнат сите мислења по темата и на крај да се донесе заклучок кој тој ќе го почитува и постапи по истиот. Градоначалникот ги запозна граѓаните со хронологијата на настаните поврзани со мостот. Сите знаат за обилните дождови кои го зафатија регионот поради кои имаше висок водостој на реката Брегалница и поради ова мостот попушти и беше целосно затворен и забранет за сообраќај. После ова веднаш беше реагирано до Владата на РМ при што беше задолжено МТВ да изврши увид на оштетениот мост. Увидот се случи многу брзо на кој присуствуваа и професори од градежниот факултет со цел да дадат мислење дали има можност мостот да биде поправен или пак ќе треба изградба на нов мост. Многу брзо одговорот на преставниците од градежниот факултет се изјаснија дека оштетувањата не можат да се санираат и е потребно изградба на нов мост. Наскоро беше ангажирана проектантската куќа ГЕИН Г Скопје да изготви технички проект за изградба на сосема нов мост со 2 коловозни ленти. Времето потребно за изработка на овој проект траеше повеќе месеци, бидејќи беше потребно да се направат и геомеханички испитувања кои го утврдуваат тлото на земјиштето. Одкако беше позната и финансиската конструкција се пристапи и кон обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот. Тие беа обезбедени од ЕУ фондовите а истите се имплементираат преку УНДП.Понатаму Градоначалникот објасни дека УНДП веднаш се заложило за распишување на тендер и за целокупната постапка биле постојано известувани од нивна страна. По завршување на тендерската постапка бевме известени дека за изведувач на работите е избрана фирмата ФРЕСИНЕ и ГРАНИТ со утврдени рокови за започнување на работите. За целата постапка јавноста беше благовремено информирана, и преку медиумите и преку фејсбук. Градоначалникот очекувал дека изведувачот ќе започне со изведбата крајот на месец јуни, меѓутоа стигнало известување дека изведувачот поради обемната работа која ја изведува во земјата и странство го пролонгира периодот на изградба на одередено време. Покасно, Гранит известува дека сеуште ги нема прибавено потребните согласности за започнување со работата. Пред околу 1 месец дојдоа од Гранит со цел да се организираат и набрзо да започнат со работа. Јас веднаш ги прашав каде ќе бидат поставени бетонските пропусти кои би служеле како премин преку реката Брегалница. Тогаш Гранит за прв пат ме известија дека не добиле согласност од надлежните институции за поставување на ваков премин, со образложение дека таквиот премин би бил несигурен и опасен поради клизање и нестабилност. Градоначалникот продолжи дека свесни за сериозноста било предложено и субвенционирање на автобускиот превоз за да не се покачува цената за превоз преку заобиколните патишта преку Виница и Теранци. Градоначалникот со тоа не се согласил и ги побарал сумата од 9.000 евра која била наменета за алтернативен премин да самите ние поставиме бетонските пропусти. До сега контактирал со 9 фирми и сите одбиле тоа да го сторат поради малата сума на пари и несигурноста и ризикот од ваквото решение. Тој кажа дека сега чека одговор од уште една фирма. Се појавува сега проблем што Гранит инсистира да започне со работите а за тоа е потребно да се сруши мостот, бидејќи новоизградениот мост е предвиден на истата локација. Затоа, Градоначалникот рече дека е потребен овој јавен собир, со цел да ја запознае јавноста за новото сообраќајно решение односно дека како алтернативни патишта ќе бидат користени патот преку Виница или преку Теранци.Тогаш граѓаните почнаа со бурни реакции дека оваа сообраќајна алтернатива ќе им го отежни патувањето, бидејќи ќе им се зголемат трошоците. Градоначалникот веднаш ги предупреди дека сегашното користење на оштетениот мост не е законско бидејќи за него постои целосна забрана за користење дури и за пешаци. Сето тоа што се случува во моментот е на сопствен ризик бидејќи на неколку пати општината има поставувано барикади и знаци како предупредување дека мостот е забранет и дека веројатно наскоро повторно без разлика дали ќе започне изградбата или не, овие барикади ќе бидат поставени, но постои и ризик доколку се пролонгира отпочнувањето со работа да средствата предвидени за мостот бидат повлечени, а ние да останеме без мост а патувањето да ни остане преку Виница.Градоначалникот предложи да не се прават пречки за рушење на мостот со цел изведувачот ги започне работите, но паралелно и понатаму да бараме решение за алтернативен премин. Тој го заврши уводното излагање и отвори дискусија.- Орце: Ако Гранит не може да постави алтернативен премин, има грчка фирма која во моментот поставува понтонски мост на Вардар треба да се контактира истата да се види дали таа може да ни излезе во пресрет?- Градоначалник: Спомнато беше тоа решение но отфрлено поради скапата вредност од околу 250.000 евра. За ова се има контактирано и со Бугарски фирми.- Ване: Кој е рокот за изградба на мостот? – Градоначалник: Рокот на изградба е 1 година. Поради разните пролонгирање јас ќе бидам среќен ако мостот се заврши до 1 септември наредната година.- Гоце: Има веќе избрано фирма за мостот нели треба таа да најде и алтернативен премин?- Градоначалник: МВР дава сообраќајна согласност на тоа решение. Според нив премногу е ризично и никој не би сакал да ставен потпис на такво решение.- Валентина: Ние мора да минеме Таксито ќе се покачи до 100 ден во еден правец. Ние мора да имаме премин а има и деца што се носат во градинка. За Кучичино имаше и за помалку луѓе алтернативен премин.- Бубе: А ние како ќе одиме на пазар и ќе носиме роба? Ни треба помошен мост.- Драган: Дали не е можен премин преку Прибачево?- Градоначалник: Разгледан е теренот премногу е со кал и мочурливо.- Тони: Како ќе се покријат ќунците на алтернативниот премин?- Градоначалник: Со ПВЦ фолија и тампон.- Тони: Дали не може да се стави и бетон озгора за да биде подолготрајно и да не го нозе водата.- Градоначалникот: не е лоша идејата, ќе се има предвид. Не е проблем висината на средствата и начинот на покривање на ќунците. Проблем е што во моментот ниедна фирма не се нафаќа да го изведе алтернативното решение. Ние не се откажуваме од алтернативен премин. Јас предлагам да се даде дозвола за рушење на мостот а ние да продолжиме со барање на решение за алтернативен премина. Другиот предлог кажете го вие.- Милан: До дека не се најде алтернативен премин да не се руши мостот. – Ванче: Гледате дека сите бараат прво алтернативен премин па после рушење на мостот. И тука не се присутни сите граѓани на општина Зрновци за да одлучуваат. – Панче: Кога веќе се е завршено енос се пита народо, сите знаци веќе се поставени за обиколните патишта а сега се пита народо за да се има покритие. – Градоначалник. Знаците не се ставени од наша страна и сеуште нема донесено никакво решение.- Вики: Сакам да прашам кога ќе има автобуси? – Градоначалник: Се планира на секој саат.- Тошо: Кажувате дека е почната тендерската процедура а зошто не е земано во предвид алтернативен премин? Зошто сега сме принудени да прифаќаме рушење без алтернативен премин. Чија беше иницијативата за овој собир?- Градоначалникот: Моја.- Тошо: сега е многу доцна, и порано ви пишав на ФБ а еве и сега јавно ви кажувам дека не сте доволно транспарентни. Сега е многу доцна за решавање на овој проблем.Градоначалникот. Не е точно дека не сме транспарентни бидејќи за целокупната наша работа јавноста е известена преку веб страната на општината, фејсбук страната и медиумите. Тоа го правиме континуирано и мислам дека секој од вас е во тек со настанитекои се случуваа и се случуваат во моментот, да еве сега по ова толку важно прашање свикавме и собир на граѓани. Во врска тендерската постапка за мостот веќе кажав дека ние не ја спроведовме, туку таа е направена од страна на УНДП а за истото на повеќе наврати ја известивме јавноста.- Тони: Кога веќе Гранит ќе го прави мостот тој треба да го направи и алтернативниот премин.- Градоначалникот: Да но ете не смеат без согласност од МВР.- Ванче: не можам да се согласам со тоа граѓаните да ја сносат одговорноста за сигурноста на овој премин. Каде е Агенцијата за државни патишта сега? – Градоначалникот. Агенцијата или Јавното претпријатие за државни патишта е надвор од ова, ние сме носители на проектот. Јас сум градоначалник веќе 8 години и верувајте ми секојдневно се трудам да донесам проекти и инвестиици во општината. Гледам дека мнозинството е прво за изнаоѓање на алтернативен премин па после да се руши мостот. Јас тоа ќе го почитувам. Ќе се обидеме да најдеме решение и да не ги изгубиме средствата за изградбата на мостот. Имаме и бизнис сектор и тие можат да помогнат. Да спомнам само дека ние и сега немаме мост, може скоро да се случи повторна потполна забрана. Значи заклучокот врз основа на Вашето изнесување е тој: Прво алтернативен премин па потоа рушење на мостот. – Вики: Градоначалник, немаше гласање, нели треба да има најмалку 2 предлози па лугето да се изјаснат.- Градоначалникот: Добро ајде кој е за предлогот на Вики, да се сруши мостот а во меѓувреме да се бара решение за алтернативен премин. Гласаа малкумина.- Се јави некој и кажа дали е легитимно само 200 луге да одлучуваат за цела општина. – Градоначалник: Тука најверојатно има повеќе од 200 луѓе и не се работи за референдумско прашање туку за собир на граѓани на кои мнозинството граѓани донесуваат заклучок кој го доставуваат до градоначалникот и за истиот градоначалникот има обврска преку медиумите да ги извести граѓаните за донесената одлука по однос на донесениот заклучок, без разлика дали ќе биде позитивна или негативна. – Значи останува заклучокот што беше спомнат предходно, прво алтернативен премин па потоа рушење и изградба на мостот, но сакам да напоменам уште еднаш дека мостот на Брегалница е надвор од употреба, официјално и инсистирањето од Вас граѓаните да не се руши со цел да се користи е сосема неоправдано./крај/мф

Извор: Макфакс

Македонија

Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан

Објавено пред

Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.

dobivaj vesti na viber

Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.

Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.

Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.

Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.

Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.

Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.

Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.

Постот завршува со Бајрам.

Прикажи повеќе...

Македонија

Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство

Објавено пред

Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.

dobivaj vesti na viber

При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.

„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови

Објавено пред

Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.

dobivaj vesti na viber

Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.

Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.

-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.

Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија2 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија3 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија5 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ6 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија6 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија6 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија9 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет9 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет9 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија9 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион10 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет10 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет10 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...