Контакт

Општество

Регионална конференција Заштита на просторот за мирен јавен собир во југоисточна Европа

Објавено пред

Првата регионална и национална конференција „Заштита на просторот за мирен јавен собир во Југоисточна Европа“ ќе се одржи следните два дена (понеделник и вторник, 25-ти и 26-ти август) во Скопје во хотелот „Холидеј Ин“.

Конферецијата ќе овозможи претставниците на граѓанските организации од Балканот, претставници од ОБСЕ/ОДИХР, Европската унија, експерти и претставници на институциите, да ги истражат и дискутираат можностите и предностите поврзани со правните и практичните аспекти на примената на слободата на јавен собир во Југоисточна Европа. Постојната законска рамка и заштитните механизми кои го гарантираат правото на јавен собир во практиката ќе бидат разгледувани. Исто така, на конференцијата ќе се идентификуваат начините за подобра соработка помеѓу граѓанското општество, медиумите и властите, со цел унапредување на правото на јавен собир во регионот. Конференцијата ја организира „Реактор – Истражување во акција“ во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), ОБСЕ/ОДИХР, и е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. На неа учество ќе земат низа клучни говорници, вклучително и претставници од ОБСЕ/ОДИХР, ECNL, Уставниот суд на Република Македонија, претставници на релевантни институции, како и проминентни организации на граѓанското општество од регионот ќе учествуваат на конференцијата.Конференцијата ќе се осврне на темите за стандардите и практиките од областа на јавните собири, како и можностите за правна заштита; експертски ставови за предизвиците кои произлегуваат од глобалните трендови од остварувањето на правото на јавен собир; прецизен увид на потребите и перспективите на различните релевантни чинители; и за јавните собири во дигиталната ера: нови технологии за организирање и следење јавни собири. Една од главните цели на конференцијата е да понуди можности за вмрежување и да поттикне дебата меѓу учесниците од државите од југоисточна Европа и Македонија./крај/мф

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на Ковид-19 во Скопје-325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, Тетово-25, Струга-5, Велес-10, Битола-14, Охрид-10, Кавадарци-25, Гостивар-11, Гевгелија-20, Струмица-24, Крива Паланка-9, Радовиш-5,  Кочани-10, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-3, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-8, Неготино-7 и еден во Крушево.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 233 оздравени пациенти од: Скопје-89, Куманово-6, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-13, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-14, Кавадарци-4, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-18, Крива Паланка-4, Радовиш-8, Кочани-25, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2 и еден од Неготино.

Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (52, 73 и 85 години), еден од Куманово (59), двајца пациенти од Прилеп (78 и 75 години), двајца од Велес (61 и 62 години), двајца пациенти од Гостивар (43 и 76 години), еден од Струмица (66) и еден пациент од Свети Николе (69).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24.836, бројката на оздравени пациенти е 17.905, на починати е 862, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 6.069. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:

• Скопје 10.493, активни 2983
• Куманово 2.024, активни 252
• Дебар 310, активни 49
• Штип 1.486, активни 172
• Прилеп 973, активни 237
• Тетово 1.786, активни 314
• Струга 759, активни 78
• Велес 458, активни 113
• Битола 490, активни 152
• Охрид 543, активни 116
• Кавадарци 352, активни 102
• Гостивар 1.053, активни 111
• Гевгелија 287, активни 150 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 44 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 630, активни 369
• Крива Паланка 193, активни 67
• Радовиш 184, активни 72
• Крушево 21, активни 1
• Кочани 583, активни 181
• Пробиштип 144, активни 16
• Демир Хисар 71, активни 10
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 57, активни 11
• Берово 175, активни 46
• Валандово 86, активни 46
• Виница 154, активни 51
• Делчево 215, активни 118 (43 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 34, активни 8
• Свети Николе 430, активни 59
• Кичево 442, активни 96
• Ресен 210, активни 46
• Неготино 95, активни 39 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 226.612 тестирања на Ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти, а вкупно хоспитализирани се 108. На кислородна поддршка се 80 лица, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, како и едно дете и две мајки суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Статистиката на активни случаи по скопските општини денеска е следна:

• Чаир – 134
• Гази Баба – 353
• Аеродром – 592
• Карпош – 479
• Центар – 476
• Кисела Вода – 332
• Ѓорче Петров – 240
• Бутел – 122
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 6
• Сарај – 23
• Арачиново – 9
• Илинден – 49
• Сопиште – 25
• Чучер Сандево – 11
• Петровец –20
• Зелениково – 9
• Странец – 14
• Нераспределен- 72

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска за реформите во основното образование: Да создадеме граѓани што ќе размислуваат логички и критички

Објавено пред

Од Министерството за образование информираат дека почнала со работа групата што ќе ги прави реформите на основното образование.

Министерката Мила Царовска денеска го одржала првиот состанок со претставниците на групата во која се вклучени вработени од Биро за развој на образованието, универзитетски професори, наставници од основно образование, УНИЦЕФ и Македонскиот центар за граѓанско образование.

„Планот е да создадеме образование достапно на сите, образование што ќе создава граѓани што ќе размислуваат логички и критички и ќе донесуваат заклучоци базирани на факти и анализи. Во фокусот на реформата ќе бидат учениците, како и наставниците, кои треба да бидат поддршка во учењето на децата“, истакнала Царовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје-227, Куманово-12, Штип-15, Прилеп-4, Тетово-34, Струга-5, Велес-15, Битола-10, Охрид-23, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-4, Демир Хисар-4, Пехчево-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 281 оздравен пациент од: Скопје-148, Куманово-4, Штип-17, Прилеп-16, Тетово-18, Струга-4, Велес-4, Битола-8, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-3, Гевгелија-9, Струмица-12, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-4, Берово-1, Валандово-2, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-4 и Неготино-1.

Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (64 и 77г), еден од Ресен (59г) и еден пациент од Битола (76г). Од нив еден пациент е починат вон болнички услови, останатите се починати во болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24196, бројката на оздравени пациенти е 17673, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5673. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 10169, активни 2751
• Куманово 1998, активни 233
• Дебар 309, активни 50
• Штип 1461, активни 157
• Прилеп 935, активни 214
• Тетово 1761, активни 304
• Струга 754, активни 76
• Велес 448, активни 108
• Битола 476, активни 152
• Охрид 533, активни 106
• Кавадарци 327, активни 81
• Гостивар 1042, активни 103
• Гевгелија 267, активни 132 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 40 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 606, активни 364
• Крива Паланка 184, активни 62
• Радовиш 179, активни 75
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 573, активни 196
• Пробиштип 141, активни 16
• Демир Хисар 69, активни 8
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 55, активни 9
• Берово 172, активни 45
• Валандово 83, активни 45
• Виница 151, активни 50
• Делчево 213, активни 117 (41 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 31, активни 5
• Свети Николе 427, активни 59
• Кичево 424, активни 80
• Ресен 202, активни 38
• Неготино 88, активни 33 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2140 теста се преку: ИЈЗ-471, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-436, Биотек-340, МАНУ -239, Жан Митрев (Филип Втори) -277, Систина со PCR метода -185, лабораторија Лаор –36, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-39, Инфективна клиника-3, ГАК-10, Синлаб-52, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 223.922 тестирања на Ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 67 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема хоспитализирани деца позитивни на Ковид-19. Хоспитализирани се 4 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 210, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 123
• Гази Баба – 307
• Аеродром – 552
• Карпош – 446
• Центар – 454
• Кисела Вода – 310
• Ѓорче Петров – 220
• Бутел – 113
• Шуто Оризари – 16
• Студеничани – 5
• Сарај – 16
• Арачиново – 9
• Илинден – 44
• Сопиште – 22
• Чучер Сандево – 10
• Петровец –19
• Зелениково – 9
• Странец – 12
• Нераспределен- 64

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Македонија2 часа

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет3 часа

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија3 часа

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија4 часа

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија5 часа

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија5 часа

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион6 часа

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет7 часа

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија7 часа

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет8 часа

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија8 часа

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Свет9 часа

(Видео) Трамп напушти интервју зашто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес њуз“ и не се врати на...

Свет9 часа

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија9 часа

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион20 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет21 час

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија22 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија23 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија1 ден

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Досие