Општество
Регионална конференција Заштита на просторот за мирен јавен собир во југоисточна Европа

Првата регионална и национална конференција „Заштита на просторот за мирен јавен собир во Југоисточна Европа“ ќе се одржи следните два дена (понеделник и вторник, 25-ти и 26-ти август) во Скопје во хотелот „Холидеј Ин“.
Конферецијата ќе овозможи претставниците на граѓанските организации од Балканот, претставници од ОБСЕ/ОДИХР, Европската унија, експерти и претставници на институциите, да ги истражат и дискутираат можностите и предностите поврзани со правните и практичните аспекти на примената на слободата на јавен собир во Југоисточна Европа. Постојната законска рамка и заштитните механизми кои го гарантираат правото на јавен собир во практиката ќе бидат разгледувани. Исто така, на конференцијата ќе се идентификуваат начините за подобра соработка помеѓу граѓанското општество, медиумите и властите, со цел унапредување на правото на јавен собир во регионот. Конференцијата ја организира „Реактор – Истражување во акција“ во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), ОБСЕ/ОДИХР, и е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. На неа учество ќе земат низа клучни говорници, вклучително и претставници од ОБСЕ/ОДИХР, ECNL, Уставниот суд на Република Македонија, претставници на релевантни институции, како и проминентни организации на граѓанското општество од регионот ќе учествуваат на конференцијата.Конференцијата ќе се осврне на темите за стандардите и практиките од областа на јавните собири, како и можностите за правна заштита; експертски ставови за предизвиците кои произлегуваат од глобалните трендови од остварувањето на правото на јавен собир; прецизен увид на потребите и перспективите на различните релевантни чинители; и за јавните собири во дигиталната ера: нови технологии за организирање и следење јавни собири. Една од главните цели на конференцијата е да понуди можности за вмрежување и да поттикне дебата меѓу учесниците од државите од југоисточна Европа и Македонија./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Царовска: Повеќето матуранти не ја бојкотираат наставата

Министерката за образование, Мила Царовска, вели дека само учениците од една скопска гимназија организираат бојкот на наставата поради државната матура.
„Тоа се мали групи што искажуваат свој револт, секако дека тоа е нивно легитимно право, само една гимназија во Скопје има поорганизирано дејствување во однос на бојкот на наставата, сите други се мали изолирани групи во гимназиите во Скопје, а во Медицинското, на пример, нема ниту еден ученик што бојкотира“, вели Царовска.
Таа вели дека има две здруженија на средношколци, едното е она што е легитимирано од самиот старт, а другото е регистирано неодамна, првото е Сојузот на средношколците, а второто Глас на средношколците.
Според Царовска, матурата треба да се спроведе на начин на кој сега е утврдена, а понатаму да се измени и осовремени.
Таа истакнува дека сепак средношколците имаат избор помеѓу државната и училишната матура, во зависност од тоа дали сакаат да го продолжат своето образование.
Македонија
Второто полугодие продолжува со истите мерки и протоколи

Министерот за здравство Венко Филипче и министерката за образование Мила Царовска денеска на состанокот со претставниците на Сојузот на средношколци разговараа за почетокот на второто полугодие и под какви околности ќе се одвива наставата.
Наставата во второто полугодие продолжува со истите мерки и препораки како и досега. И во второто полугодие наставата во основните и средните училишта продолжува да се одвива онлајн со исклучок на учениците од прво до трето одделение кои посетуваат настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетите на училиштата за спроведување на планот и протоколите на Министерството за образование и наука и со одобрување од родителите.
„Ја следиме епидемиолошката состојба и доколку следните месеци се покаже стабилизирање ќе донесеме други одлуки, но тоа ќе се случи откако ќе бидеме сигурни дека трендовите со намалување на новозаразени со ковид ќе продолжат“, рече Филипче.
Македонија
Димитров : Благодарни сме на чешките пријатели за обезбедување заштитен материјал за медицинскиот персонал

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, во својство на национален координатор за странска помош во земјава, заедно со амбасадорот на Чешка во Северна Македонија, Мирослав Томан, и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, денеска ја презентираа донацијата к што Чешката Република преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ ја обезбеди за Република Северна Македонија, како поддршка во борбата против Ковид-19.
„Подготвувајќи го процесот на имунизација, фокус на Владата на Северна Македонија е обезбедување заштитен материјал, пред сè за оние коишто се во првите редови, за медицинскиот персонал. Нашите пријатели од Чешка излегоа во пресрет на нашето барање што беше поднесено преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ“, рече Димитров.
„Чешка ни е голем пријател. Ја користам оваа можност да се заблагодарам на чешкиот народ, на чешката влада за оваа помош, од името на нашата влада и исто така затоа што се принципиелни поддржувачи на политиката на проширување, но и промотори и чувари на европската заедница на вредности, што стана особено видливо и јасно во декември минатата година“, додаде тој.
Од страна на Владата на Чешка беа донирани 108 000 хируршки маски, 18 000 ФФП2 маски и 5000 медицински скафандери, за медицинскиот персонал во земјава.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот