Општество
Регионална конференција Заштита на просторот за мирен јавен собир во југоисточна Европа

Првата регионална и национална конференција „Заштита на просторот за мирен јавен собир во Југоисточна Европа“ ќе се одржи следните два дена (понеделник и вторник, 25-ти и 26-ти август) во Скопје во хотелот „Холидеј Ин“.
Конферецијата ќе овозможи претставниците на граѓанските организации од Балканот, претставници од ОБСЕ/ОДИХР, Европската унија, експерти и претставници на институциите, да ги истражат и дискутираат можностите и предностите поврзани со правните и практичните аспекти на примената на слободата на јавен собир во Југоисточна Европа. Постојната законска рамка и заштитните механизми кои го гарантираат правото на јавен собир во практиката ќе бидат разгледувани. Исто така, на конференцијата ќе се идентификуваат начините за подобра соработка помеѓу граѓанското општество, медиумите и властите, со цел унапредување на правото на јавен собир во регионот. Конференцијата ја организира „Реактор – Истражување во акција“ во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), ОБСЕ/ОДИХР, и е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. На неа учество ќе земат низа клучни говорници, вклучително и претставници од ОБСЕ/ОДИХР, ECNL, Уставниот суд на Република Македонија, претставници на релевантни институции, како и проминентни организации на граѓанското општество од регионот ќе учествуваат на конференцијата.Конференцијата ќе се осврне на темите за стандардите и практиките од областа на јавните собири, како и можностите за правна заштита; експертски ставови за предизвиците кои произлегуваат од глобалните трендови од остварувањето на правото на јавен собир; прецизен увид на потребите и перспективите на различните релевантни чинители; и за јавните собири во дигиталната ера: нови технологии за организирање и следење јавни собири. Една од главните цели на конференцијата е да понуди можности за вмрежување и да поттикне дебата меѓу учесниците од државите од југоисточна Европа и Македонија./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Со донација решен проблемот за затоплување на студентите во домот „Кузман Јосифовски Питу“

Државниот студентски дом ја информира јавноста дека благодарение на донација, во текот на вчерашниот ден (14 јануари) обезбедена е доволна количина на екстра лесно масло за затоплување на студентите сместени во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.
Со тоа е надминат проблемот, кој, како што информираат надлежните, настанал поради технички причини.
Директорот на Државниот студенски дом, Виктор Велевски, во соопштението изразува благодарност до компанијата Gulf Oil, која го обезбедила маслото за греење.
Македонија
Царовска на средба со СОНК: Реформите во образованието се прават транспарентно и со вклученост на сите страни

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска се сретна со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, и други претставници од синдикатот.
Како што информираат од ресорното министерство, на состанокот се разговарало за претстојниот реформски процес во основното образование и за предложената нацрт-концепција.
Претставниците на СОНК и министерката се согласиле дека реформите во образованието се нужни и треба да се направат, но и потенцирале дека синдикатот е важен парнер во носењето на новата концепција и спроведувањето на реформите.
„Со предложената концепција за секое дете во државата ќе бидат достапни позитивни и современи модели на учење кои во моментот може да си ги дозволат само дел од граѓаните, а наставниците ќе добијат слобода во организирањето на наставата, но и кариерен развој и можности за унапредување“, рекла Царовска додавајќи дека за првпат во последната деценија во нашата држава во делот на образованието се прават реформи на исклучително транспарентен начин и со вклученост на сите страни.
Во дебатата за концепцијата од самиот почеток се вклучени раководството на СОНК и регионалните претставништва на СОНК, експерти, професори и други засегнати страни и меѓународни организации и институции како УНИЦЕФ, Светска банка, УСАИД, британска и швајцарска амбасада, Делегација на ЕУ, потенцираат од МОН.
Македонија
Заев најави 50 отсто поевтина регистрација за возилата со странски таблички

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки од утврдената вредност на сите давачки што се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, oбјави вечерва премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.
Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки, од утврдената вредност на…
Posted by Zoran Zaev on Четврток, 14 јануари 2021
Оние што имаат поднесено барање за регистрација, појаснува тој, задолжително треба да ги исполнуваат следните услови: да ги имаат регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседуваат важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон, да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.
„Со ова законски создадовме можност за регистрација на возилата што се со странски таблички, со цел регистрацијата да биде дома, а средствата да одат за патишта, за општините, како и за важни фондови за државата“, напиша Заев.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира