Контакт

Општество

Регионална конференција Заштита на просторот за мирен јавен собир во југоисточна Европа

Објавено пред

Првата регионална и национална конференција „Заштита на просторот за мирен јавен собир во Југоисточна Европа“ ќе се одржи следните два дена (понеделник и вторник, 25-ти и 26-ти август) во Скопје во хотелот „Холидеј Ин“.

Конферецијата ќе овозможи претставниците на граѓанските организации од Балканот, претставници од ОБСЕ/ОДИХР, Европската унија, експерти и претставници на институциите, да ги истражат и дискутираат можностите и предностите поврзани со правните и практичните аспекти на примената на слободата на јавен собир во Југоисточна Европа. Постојната законска рамка и заштитните механизми кои го гарантираат правото на јавен собир во практиката ќе бидат разгледувани. Исто така, на конференцијата ќе се идентификуваат начините за подобра соработка помеѓу граѓанското општество, медиумите и властите, со цел унапредување на правото на јавен собир во регионот. Конференцијата ја организира „Реактор – Истражување во акција“ во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), ОБСЕ/ОДИХР, и е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. На неа учество ќе земат низа клучни говорници, вклучително и претставници од ОБСЕ/ОДИХР, ECNL, Уставниот суд на Република Македонија, претставници на релевантни институции, како и проминентни организации на граѓанското општество од регионот ќе учествуваат на конференцијата.Конференцијата ќе се осврне на темите за стандардите и практиките од областа на јавните собири, како и можностите за правна заштита; експертски ставови за предизвиците кои произлегуваат од глобалните трендови од остварувањето на правото на јавен собир; прецизен увид на потребите и перспективите на различните релевантни чинители; и за јавните собири во дигиталната ера: нови технологии за организирање и следење јавни собири. Една од главните цели на конференцијата е да понуди можности за вмрежување и да поттикне дебата меѓу учесниците од државите од југоисточна Европа и Македонија./крај/мф

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Свечен академски час на Факултетот за безбедност во Скопје

Објавено пред

Денеска на стадионот на Факултетот за безбедност во Скопје се одржа свеченост по повод почнувањето на новата академска 2020/2021 година на најстарата високообразовна институција од областа на безбедноста во државата.

На првиот академски час говореа министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, државниот секретар на МВР, Магдалена Несторовска, проректорот на УКЛО, Марјан Ѓуровски, и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски. Индекси им беа врачени на сите запишани студенти, а свеченост имаше за најдоброрангираните запишани студенти на сите студиски програми.

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ подготви посебна стратегија за реализација на наставата во услови на пандемија која преку еден хибриден модел на пристап и во најголемиот дел онлајн работење ќе одговори успешно во совладувањето на наставните содржини и практики и при тоа ќе го заштити здравјето на студентите и на сите вработени на високообразовните институции, информираше проректорот Ѓуровски.

Според него, конечно, поради пандемијата, многумина ќе размислат за значењето на високото образование и насушната потребата од некои професии во државата – доктор, информатичар, но и припадник на полицијата, армијата, разузнавачката заедница и др.

„Професионализација и департизацијата на безбедносниот систем само ќе овозможат по  завршувањето на студиите сега запишаните студенти да го најдат своето место и работа во безбедносните структури на државата и други значајни институции, меѓународни, регионални и друг тип организации“, рече професорот Ѓуровски.

Меѓу другото, тој децидно нагласи: „Професорите и студентите никогаш не стоеле на различни страни. Тоа е така уште од создавањето на првите универзитети во светот, но едно треба да се знае, незадоволни професори создаваат уште понезадоволни студенти – околу ова  сакам да пратам порака која гласно ќе ја изговорам со уверување дека ќе биде соодветно сфатена – статусот и стандардот на професорите, кој не е на потребното ниво, непосредно влијае врз студенскиот стандард и генерално рангирањето на македонските универзитети“.

Високото образование, студентите, професорите и државните универзитети, според Ѓуровски, заслужуваат многу повеќе.

Тој смета дека за почеток треба да се врати високото образование и тоа да биде меѓу првите три високи приоритети во јавните политики, кај ресорното Министерство за образование и наука.

„Потоа, заеднички да се работи на имплементација на цели и задачи преку поголема финансиска инјекција од државата за студентскиот стандард, за следење  настава и сместување, за факултетите, професорскиот кадар, негово подмладување, како и научните и стручните истражувања. Впрочем, кога стремиме кон Европската Унија и  до крајот на годината почнување преговори за полноправно членство, треба да го имаме предвид ставот на Европската комисија дека Европа мора да ги зајакне трите страни на триаголникот – знаење, образование, истражување и иновации. Универзитетите, факултетите се најважни за сите три. А студентите и професорите се столбовите на универзитетите“, нагласи професорот Ѓуровски.

Факултетот за безбедност во Скопје запиша повеќе од 220 студенти во четирите студиски програми за криминалистика, безбедност, криминологија и евро-атлански интерграции. Основна мисија на Факултетот за безбедност е зголемување на стабилноста и безбедноста во општеството преку учење, создавање професионален кадар и спроведување  истражувања и развојни активности во полето на образованието, науката и безбедноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Четворица починати и 162 новозаразени од Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-75, Куманово-14, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-1, Велес-2, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-3, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-1, Валандово-1, Виница-2 и еден во Свети Николе.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-24, Куманово-10, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-9, Велес-1, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-1, Кочани-13, Берово-2, Свети Николе-2 и двајца од Валандово.

Во болнички услови се починати четри лица – тројца пациенти од Скопје (на возраст од 55, 80 и 81 година) и еден од Штип (81).

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.138, бројката на оздравени пациенти е 15.068, на починати е 743, а во моментот бројот на активни случаи изнесува 2.327. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи, во моментот статистиката по градови е следна:

• Скопје 7.100, активни 775
• Куманово 1.777, активни 184
• Дебар 287, активни 32
• Штип 1.262, активни 51
• Прилеп 689, активни 124
• Тетово 1.455, активни 149
• Струга 673, активни 42
• Велес 330, активни 33
• Битола 314, активни 67
• Охрид 430, активни 33
• Кавадарци 241, активни 42
• Гостивар 936, активни 86
• Гевгелија 129, активни 41 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 261, активни 156
• Крива Паланка 113, активни 28
• Радовиш 89, активни 25
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 375, активни 161
• Пробиштип 116, активни 23
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 8
• Пехчево 44, активни 3
• Берово 104, активни 30
• Валандово 36, активни 23
• Виница 116, активни 28
• Делчево 163, активни 80 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 25, активни 1
• Свети Николе 353, активни 43
• Кичево 328, активни 34
• Ресен 164, активни 15
• Неготино 54, активни 7 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84, од кои на кислородна поддршка се 41 пациент.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 2 мајки позитивни на Ковид-19, како и 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани се 30, од кои еден е на респиратор.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 19, а во болницата во Штип – 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 172 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Статистиката на активни случаи во скопските општини во моментот е следна:

• Чаир – 56
• Гази Баба – 88
• Аеродром – 123
• Карпош – 99
• Центар – 118
• Кисела Вода – 96
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 29
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 8
• Сарај – 15
• Арачиново – 5
• Илинден – 33
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 5
• Зелениково – 2
• Странец – 10
• Нераспределен – 7

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев и Шекеринска пречекаа петмина офицери вратени од Авганистан: „Како членка на НАТО придонесуваме за светскиот мир“

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, остварија средба со група офицери кои се вратија од мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

Како што информираат од владината прес-служба, премиерот Заев истакнал дека припадниците на нашата Армија се гордост за државата и со својата висока професионалност се посакуван партнер во меѓународните мисии.

„Сега сме членка на НАТО. И како рамноправен партнер споделуваме одговорно во придонесот за зачувување на светскиот мир. Вие ја претставувате нашата земја во најдоброто светло, што е исклучително важно“, истакнал Заев.

Министерката за одбрана, Шекеринска, истакнала дека нашата држава дава значаен придонес со учеството во меѓународните мисии и дека досега се испратени над 4.000 војници.

„Ми претставува задоволство што нашите офицери успешно ја извршија мисијата. Ова претставува огромно искуство за нашите офицери. Од овие мисии се профилираат нашите најдобри професионалци“, нагласила Шекеринска.

Штабните офицери, кои се вратиле од Мазар е Шариф и биле распоредени во рамките на Командата за обука, советување и асистенција – Север, истакнале дека нашите војници и офицери се ценет и доверлив партнер во меѓународните мисии.

Воедно, на средбата било нагласено дека останува посветеноста за натамошно учество во постојните и во нови меѓународни мисии, а учеството на припадниците на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул продолжува сѐ до нејзиното завршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Навални најави тужба против Песков

Рускиот опозиционер Алексеј Навални најави дека ќе го тужи портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков. Тој побара наводните докази за неговата...

Македонија2 часа

Штедачите од „Еуростандард банка“ протестираа пред Собранието, бараат закон со кој државата ќе ги обештети во целост

„Вратете ги парите“, „Лопови, лопови “, „Која банка е следна?“ , „Даваме кредити без покритие“, ова беа само дел од...

Македонија3 часа

Четворица починати и 162 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на...

Регион3 часа

Вучиќ: Ќе ги преиспитаме сите смртни случаи поврзани со Ковид-19

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска објави дека здравствените власти ќе ги разгледаат сите смртни случаи поврзани со коронавирусот коментирајќи ги...

Свет3 часа

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Претседателите на Русија, САД и на Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах. Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел...

Свет4 часа

Азербејџанските сили тврдат дека уништиле ерменски ракетен систем во Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан во средата објави дека вооружените сили на земјата успеале да го деактивираат ерменскиот ракетен систем...

Македонија5 часа

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Топ6 часа

Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин. „На 22 септември,...

Регион6 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ8 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија9 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија10 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија23 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Досие