Општество
ССНМ и Хелсиншки сметаат дека имало прекумерна употреба на сила од полицијата
Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници и Хелсиншкиот комитет жестоко реагираат на насилните и брутални методи на полицијата применети врз новинарите, снимателите, фоторепортерите и другите учесници на протестот во вторник пред влада, за убиството на Мартин Нешкоски.
„Во обид да ги потисне демонстрантите, полицијата не само што не ги заштити новинарските екипи, туку ги третираше како легитимна цел, непризнавајќи им ги новинарските легитимации. Нашите колеги беа потиснувани, влечени, газени и само нивната присебност спречи да бидат и тие жртви на полициската бруталност. Воедно членови на ССНМ беа сведоци дека новинарските екипи беа попречувани да ги снимат и регистрираат тепањата и повредените демонстранти“, се вели во соопштението од ССНМ, од каде додаваат дека за таквото однесување на полицијата кон новинарските екипи се директно одговорни првите луѓе на МВР.
Хелсиншкиот комитет преку свои претставници беше присутен на вчерашниот граѓански протест пред Владата на Република Македонија на кој граѓаните повторно го изразија својот револт за непреземањето на одговорност за убиството на Мартин Нешковски.
Според Хелсиншки, првите посериозни судири со полицијата започнаа околу 22 часот. тогаш, полицијата започна со истиснување на сите граѓани кои беа пред Владата.
„Хелсиншкиот комитет забележа дека полицијата при истиснувањето на граѓаните употреби несразмерна и прекумерна сила. Полициските службеници не ја ограничија употребата на сила само на оние граѓани кои беа агресивни кон нив, туку неселективно ги удираа и газеа сите граѓани, од кои голем дел седеа мирно на земја со кренати раце. Потоа полицијата пристапи кон приведување на учесниците во протестот. При приведувањето, полицијата повторно примени неселективна, прекумерна и несразмерна сила. Приведувањето траеше и кога граѓаните повеќе не учествуваа во протестот и заминуваа кон своите домови. Ова го потврдува и фактот што во 23:30 часот, полициските службеници насилно влегоа во повеќе објекти, помеѓу кои и библиотеката „Браќа Миладиновци“ и повторно примени несразмерна и прекумерна сила кон сите млади кои беа присутни во библиотеката под изговор дека дел од нив наводно биле учесници во протестот“, се вели во соопштенито од Хелсиншки комитет.
Според информациите со кои располага Комитетот, во вчерашните инциденти биле приведени повеќе од четириесет лица, од кои најголемиот дел се уште се задржани во повеќе полициски станици во Скопје. Претставниците на Комитетот забележале и дека дека голем дел од приведените не беа дел од групата која се судираше со полицијата, а дел од нив воопшто не учествувале во протестот.
Хелсиншкиот комитет најостро ја осудува прекумерната употреба на сила од страна на полицијата и агресивното однесување на дел од учесниците на протестот. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.
Македонија
Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови
Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.
Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.
Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.
-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.
Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.