Општество
Струшкото здружение „Порака Нова“ го одбележува 30-годишниот јубилеј
Здружението Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства „Порака Нова“, во средата, на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, одбележа 30 години од основањето.
Здружението Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства „Порака Нова“, во средата, на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, одбележа 30 години од основањето.
„Оваа година одбележуваме 30 години од основањето на здружението, моментот кога родителите кои имаат дете со интелектуална попреченост се здружија со цел заедно да дејствуваат во корист на потребите на нивните деца. Од тогаш па наваму, ние професионалците, волонтерите, и сите останати кои сакаат да придонесат, се придруживме заедно со нив да постигниме поголеми резултати“, рече вели Анита Гагоска Шутиноска, генерален секретар на „Порака Нова“.
Додаде додава дека на одбележувањето во струшкиот хотел „Дрим“, присуствува сите пријатели коишто здружението ги има стекнато во изминативе три декади, со цел заеднички да се одбележи овој значаен јубилеј.
„На некои од нив им беа врачени благодарници за несебичното залагање и долгогодишната соработка сите овие изминати години. Корисниците од Дневниот центар на часовите по музика подготвија кратка приредба. Волонтерите од ’Порака Нова’ заедно со еден корисник од Дневниот центар се претставија со театарска изведба од ’сликовен театар’, ’Еден школски час – социјално исклучување на ученик со посебни потреби’. Делата кои корисниците ги изработуваат на часовите за работно-окупациони активности ќе бидат изложени на мала изложба. Продавачите на ’Лице в лице’ имаат свој штанд на кој го изложуваат и продаваат списанието“, рече Гагоска-Шутиноска.
Центарот „Порака Нова“ е формиран во 1984 година како непрофитно здружение, по иницијатива на родители кои имаат дете со попреченост. На самиот почеток здружението функционирало во форма на социјален клуб, каде родителите и лицата со попреченост доаѓале да се дружат и да разменуваат искуства.
Почнувајќи од 2004 година, во рамките на „Порака Нова“ започна да функционира социјалниот сервис Дневен центар, каде лицата со интелектуална попреченост секојдневно се обучуваат и стекнуваат вештини за оптимално вклучување во заедницата и за самостојно живеење, во глобала за подобрување на квалитетот на нивниот живот.
„Порака Нова“ се грижи за вклучување на лицата со интелектуална попреченост во пазарот на трудот, преку редовни контакти со компаниите кои вработуваат лица со посебни потреби. Во рамките на Окупациониот центар лицата со попреченост се обучуваат за стекнување на практични вештини, кои ќе им бидат од корист за идно вработување.
Почнувајќи од 2005 година, „Порака нова“ активно работи на промовирање на волонтерската работа, со тоа што вклучува локални и интернационални волонтери во секојдневното работење на здружението. Во изминатиот период во „Порака Нова“ придонеле повеќе од 20 интернационални волонтери и практиканти, преку програми на Европската комисија и Мировниот корпус, и преку соработка со универзитети од Албанија. За таа цел формирани се Центар за информирање, насочување и советување на волонтери и Волонтерски центар. Во 2010 година беше формиран Рекреативен центар, чија главна цел е исполнување на слободното време на лицата со интелектуална попреченост преку неформално дружење и обука во различни курсеви, како јазици, информатика, спорт, пеење, глума, танци, готвење, социјални вештини, градинарство, и други.
Во 2011 беше основан Ресурсниот центар, во кој се обединети повеќе сервиси насочени кон лицата со интелектуална попреченост, нивните семејства, вработените, волонтерите, исто така и Центарот за истражување и обука./крај/мф/сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.
Македонија
Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови
Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.
Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.
Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.
-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.
Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.