Општество
Утврдени условите за регулирање на статусот на лицата што користат државни станови
Министерството за транспорт и врски во соработка со АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, ги утврди условите за регулирање на статусот на лицата кои се корисници на станови за лица со ниски приходи, општествени станови, како и на диво-вселените станови
По однос на становите изградени по „Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи“, како и за лицата кои се диво вселени во становите, предложено е корисниците да се категоризиираат во четири групи и тоа:
На лицата кои припаѓаат на оваа група, становите ќе им бидат дадени под закуп без плаќање на закупнина сè додека се приматели на социјална или постојана парична помош.
Станува збор за лица со вкупен приход во семејството максимум 1.5 просечна нето плата (просечна нето плата за месец јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари). На овие лица ќе им биде овозможено:
Право на закуп на становите кои припаѓаат на Република Македонија по следниве цени:
– Ако вкупниот приход на семејството изнесува максимум 2 минимални нето плати (во 2014 година минималната нето плата изнесува 8.800,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 25 ден/м2 и
– Ако вкупниот приход на семејството изнесува помеѓу 2 минимални нето плати и 1.5 просечна нето плата (во 2014 година минималната нето плата изнесува 8.800,00 денари а просечната нето плата за месец јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 35 ден/м2.
На овие лица им се дава и право на откуп на становите преку кредит кој ќе го спроведе Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката со следниве услови:
– Минимално учество 5% од вкупната вредност на станот;
– Рок на отплата максимум 30 години и
– Каматна стапка на годишно ниво фиксна 4%.
Станува збор за лица со вкупен приход во семејството помеѓу 1.5 просечна нето плата и 2.5 просечна нето плата. На овие лица ќе им биде овозможено:
Право на закуп под следниве услови:
– Ако вкупниот приход на семејството изнесува помеѓу 1.5 просечна нето плата и 2 просечни нето плати (во 2014 година просечната нето плата за месец Јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 62,00 ден/м2 и
– Ако вкупниот приход на семејството изнесува помеѓу 2 просечни нето плати и 2.5 просечна нето плата (во 2014 година просечната нето плата за месец Јуни 2014 година изнесува 21.233,00 денари) цената за закуп ќе изнесува 95,00 ден/м2.
Исто така, за овие лице е овозможено право на откуп на становите преку кредит кој ќе го спроведе Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката и ќе ги содржи следниве услови:
– Минимално учество 20% од вкупната вредност на станот;
– Рок на отплата максимум 30 години и
– Каматна стапка на годишно ниво фиксна 4%.
Оваа категорија се лица кои имаат вкупен приход во семејството над 2.5 просечна нето плата. На овие лица ќе им биде овозможено:
Право на закуп на становите по цена од 190 ден/м2, како и право на откуп на становите преку кредит со следниве услови:
– Минимално учество 30% од вкупната вредност на станот;
– Рок на отплата максимум 30 години и
– Каматна стапка на годишно ниво фиксна 4%.
Предвидено е рокот за комплетирање на барањата за право на откуп односно закуп за сите четири категории на лица да биде заклучно со 31.03.2015 година.
Во однос на корисниците на општествени станови, откупот ќе продолжи по досегашната постапка, односно по барањата кои беа пристигнати заклучно со законски предвидениот рок кој беше до 31.12.2010 година.
„При спроведување на постапката за продажба на општествените станови Министерството за транспорт и врски се соочува со голем број на некомплетни барања, со што се оневозможува решавањето на овие предмети. Со цел решавање на ова прашање, утврден е дополнителен рок за оние кои имаат поднесено некомплетни барања за приватизација на стан во општествена сопственост истите да ги комплетираат до 31.03.2015 година. Оние корисници на општествени станови кои нема да ги комплетираат барањата во предвидениот рок односно нема да ги достават сите потребни документи ќе добијат решение за закуп и ќе можат да ги користат становите исклучиво со плаќање закупнина за својата категорија“, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Како што додаваат од ова Министерство, целта на овие активности е конечно решавање на статусот на корисниците на општествените станови во Република Македонија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.
Македонија
Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови
Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.
Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.
Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.
-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.
Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.