Контакт

Општество

Владика Петар: По 19-ти јануари МПЦ ќе ја покани Руската православна црква за медијатор во спорот со СПЦ ..

Објавено пред

По ослободувањето од затвор на Вранишковски, а тоа е 19-ти јануари, тогаш најверојатно нашата црква ќе свика седница од страна на Поглаварот ГГ Стефан, и на таа седница ќе се донесе одлука за отпочнување разговори меѓу двете цркви, СПЦ И МПЦ со медијаторство на Руската православна црква. Значи по 19-ти јануари ќе се има извонредна можност да се покрене тоа прашање, изјави митрополитот Преспанско пелагониски и администратор Австралиско новозеландски Петар за програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на прашањето во емисијата за ТВ Сонце, кој треба да поднесе барање за медијаторство меѓу двете цркви од стана на Руската православна црква владиката Петар додаде дека „….:.тука чекор направи Руската православна црква“. „Сметаме дека ќе прифати Руската православна црква, на наша интервенција, на нашето барање да посредува во решавањето на спорот околу статусот на нашата црква“, истакнува Владиката Петар.

Во однос на тоа дали со ослободувањето на Вранишкоски од затвор состохбите меѓу СПЦ и МПЦ ќе се мрднат од стускво ситуацијата, митрополитот истакна дека „и лично мислам дека не би имало и не очекувам некое ’,поместување’, на односите меѓу двете цркви, без некоја, интервенција или медијација ,односно на Руската православна црква, во овој спор што е наметнат од страна на Српската православна црква (СПЦ)!’

„Зошто тоа го велам?. Тоа го велам затоа што нам од досегашното искуство што го имавме со СПЦ, особено со некои членови од Комисијата за разговори на СПЦ со нашата црква. Членовите на Комисијата беа толку ’упорни’, не да се отстапи ништо од она што е предмет за решавање на спорот,туку дури на некој начин ретроактивно враќање на состојбите дури и пред 1958 година, кога ние всушност се здобивме со Самостојност во 1959 година, а таа Одлука е од страна на СПЦ доставена до МПЦ .Во таа Одлука се вели,дека СПЦ, односно Уставот на СПЦ нема важност за епархиите во тогашната Народна Република Македонија, а тоа значи дека ние ќе се раководиме согласно Уставот на нашата црква кој беше донесен на Црковниот народен собор 1958 година, кога беа избрани и првите архиереи, што го сочинуваа Синодот на МПЦ. Првиот Архиепископ на обновената Охридска архиепископија на МПЦ беше блаженоупокоениот Господин Доситеј, потоа, епископите, подоцна митрополити Климент, преспанско битолски, и Наум, злетовско-струмички и, се разбира. подоцна и Митрополитот Методија. И така се прошири Синодот на МПЦ “, вели владика Петар

„Меѓу другото, во тоа наше соработување меѓу двете цркви, српскиот патријарх во тој период се потпишуваше на сите документи коишто се доставуваа до нашата црква, се разбира како патријарх на српската и македонската црква, и како патријарх на српско македонскиот, односно српскиот и македонскиот народ. Ако именката и именителот српски за народот српски и за македонски народ е македонски“, појаснува владика Петар

Објаснува притоа кога и зошто настанал тој проблем. „Настана кога престана српскиот патријарх некаде 1965 и 1966 година да се потпишува како српски македонски патријарх на двете цркви, српска и македонска црква, меѓу двете земји и тоа предизвика да се свика Црковно народен собор 1967 година, кое СПЦ го искористи како можност да нé обвини кај другите помесни православни цркви дека наводно сме прогласиле еднострана Автокефалност и оттогаш се нарушија тие односи меѓу двете цркви“.Би сакал да нагласам, продолжува владиката Петар, дека ние практично дотогаш делувавме како самостојна црква, што подразбира дека ниту извршната власт и’ припаѓаше на српската црква, ние си имавме извршна власт на нашата црква. Ниту, пак, законодавната власт беше српска, односно судовите црковни не функционираа и не беа надлежни над нашите архиереи,бидејќи во Уставот на нашата црква стоеше „и на архиереите на нашите цркви им суди Синодот на МПЦ, но исто така и законодавната власт, да се донесе Уставот на нашата црква, и сите прописи што од него, произлегуваат, беше дело на највисокото законодавно тело Архиепископскиот црковен народен собир, што и ден денес тој е функционален“, истакна митрополитот Преспанско-пелагониски.

Владиката Петар изрази јасен став дека „надминувањето на овој проблем тешко ќе биде, ќе повторам без посредство на Руската православна црква или на некоја друга православна црква којашто ќе се застапи онаква како што всушност е реално за да се постави за разрешување на спорот меѓу двете цркви“.

Во овој случај Владиката Петар не ја испушти можноста да укаже и на некоректноста, односно непочитувањето на веќе постојните оригинални документи кои ги поседуваат двете страни а се однесуваат околу признавањето на уставното име на Македонија и црквата, како и колку е сигурен во почитувањето на посредништвото на Руската православна црква во овој случај, при што истакна „Токму тоа ми дава за повод да го кажам ова што претходно го истакнав, а тоа е имајќи го предвид неискуството на дел од членовите на Комисијата на СПЦ, бидејќи тоа ќе го нагласам повторно – уште еднаш се потрудија дури да му подметнат фалсификат документ на блаженоупокоениот српски патријарх Павле да потпише дека наводно во Предлог Нишката спогодба стоело во Преамбулата дека нашата држава е ПЈРМ, и покрај тоа што во оригиналите што и двете страни ги поседуваме, мислам на СПЦ и МПЦ, јасно стои Република Македонија, и всушност и кога тие најдоа за потребно на Архиерејскиот народен собор да му подметнат да потпише на српскиот патријарх фалсификат документ на кој ќе стои ПЈРМ, автоматски се виде дека се служат со крајно недозволиви средства за понижување и на нашата држава и нашата црква“.

„Оттаму не сум расположен дека ќе се изнајде некое поволно решение без посредство односно медијација на друга црква, односно во конкретниот случај, како што е Руската православна црква. Но, дај Боже да тргнат работите на подобро да се покаже вистинска православна христијанска љубов кај тие браќа наши во верата наша света православна, па да тргнеме од една позиција која е најприфатлива за двете цркви што всушност е и став на двете Комисии од 1992 година искажан на средбата која тогаш се одржа или седницата на двете комисии одржана во црквата на Пресвета Богородица во струшко Калишта. Таму беше донесен заеднички став за сослужување на архиереите и свештенството, ѓаконството на двете цркви меѓу себе, да имаме едно разбирање за едно заедничко богослужение, една љубов да развиваме и градиме доверба меѓу себе и сé до оној момент додека само посебе не дојде признавањето дејуре, односно со Одлука од страна на Вселенската патријашија, однсоно Вселенскиот патријарх Вартоломеј како првопрестојател на православните цркви, а и се разбира, дека со конкретниот случај , тоа би требало да го поднесе тоа барање СПЦ!“, потенцира Владиката Петар во интервјуто за програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на ТВ Сонце

На прашењето на водителот за коментар за и околу ослободувањето на Зоран Вранишковски од затвор на празникот Водици, како и дали тоа ќе ги мрдне од статускво разговорите околу признавањето и статусот на МПЦ од страна на СПЦ, митрополитот Петар вели дека неговите лични размисли по ова прашање се дека МПЦ направила чекор од своја страна покажувајќи милосрдие со што СПЦ го губи аргументот со кој одбиваше разговори.

„Како што веќе видовме, ослободувањето на Вранишковски од затвор, односно неговото условно ослободување, беше по иницијатива на Руската православна црква, овојпат и преку Меморандумот што веќе го потпишале патријарсите на Руската и на Српската православна црква при посетата на рускиот патријарх Кирил на СПЦ, дека ќе се заложат и ќе побараат и од нас како црква, или домицилна на Република Македонија, православна единствена православна црква во РМ, која е регистрирана како таква и којашто единствена има право да функционира како православна црква, се разбира да се заложиме ние, заради милосрдие да биде ослободен Вранишковски условно од затвор. Тоа го сторивме, па надлежните органи се потрудиле во границите на дозволените можности да го пуштат од затвор. Се разбира, сето тоа е во интерес на она за што своевремено обвинуваше и го заговараше Српската православна црква, дека не може да има разговори меѓу двете цркви за решавање на Статусот на МПЦ, сé додека Вранишкоски е во затвор“, рече владиката Петар. /крај/мф/ст

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан

Објавено пред

Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.

dobivaj vesti na viber

Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.

Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.

Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.

Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.

Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.

Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.

Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.

Постот завршува со Бајрам.

Прикажи повеќе...

Македонија

Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство

Објавено пред

Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.

dobivaj vesti na viber

При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.

„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови

Објавено пред

Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.

dobivaj vesti na viber

Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.

Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.

-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.

Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 минута

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија2 часа

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион2 часа

Почна нова детална потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион3 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа3 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет3 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа3 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија16 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија18 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија19 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија20 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија22 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ23 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија23 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија23 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија1 ден

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет1 ден

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 ден

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија1 ден

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...