Контакт

Општество

Вработените во МВР ќе донираат 400.000 денари за колегите од поплавените подрачја во Србија, БиХ и Хрватск

Објавено пред

Вработените во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија организирани од  Полицискиот синдикат од јунската плата одвоија 400 илјади денари, пари кои ќе се донираат како солидарна помош за семејствата на настраданите колеги во поплавите што ги зафатија Србија, БиХ и Хрватска во јуни годинава.

„Вработените  во министерството за внатрешни работи, деновиве привршуваат со уште една хуманитарна активност. Сочуствувајќи со настраданите во водената стихија  која на почетокот од јуни оваа година ги погоди жителите на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, покрај поединечната помош која преку Црвениот Крст и донаторските телефони ја упатија кон нив, вработените во МВР организирани од Македонскиот полициски синдикат при исплатата на  јунската плата издвоија над 400.000, 00 денари кои со посредство на Полициските синдикати од наведените држави се  упатени како солидарна помош на семејствата на настраданите колеги- вработени во нивните министерства“, се вели во соопштението до медиумите испратено од Македонскиот полициски синдикат.

 

Од таму даваат дека со исплатата на јулската плата ќе бидат издвоени дополнителни средства од вработените во МВР  кои во јуни користеле годишен одмор, пари кои по барање на колегите од настраданите подрачја , со оглед што екипи на воздухопловната единица на МВР од првиот ден на стихијата се вклучија во помагање во овие подрачја, ќе бидат  доделени на семејствата на трагично загинатите пилоти во хеликоптерската несреќа кај Струмица./крај/мф/ап                                                                                                                                                                            

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Пендаровски: Климатските промени се најголемиот предизвик во наредните години

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје – од Милано до Глазгов и понатаму, иницијатива која е поддржана од УНИЦЕФ, а финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА). Самитот е организиран во партнерство со Амбасадата на Италија, како еден од домаќините на Младинскиот самит за климатски промени на ОН, во Милано и Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како домаќин на Конференцијата за климатски промени на ОН, во Глазгов.

„Годинава прославуваме три децении од македонската независност, години на успеси, но, и на бројни предизвици кои стоеја и сеуште стојат пред нашата заедничка држава. Несомнено е дека наредните 30 години, не само за нас во Република Северна Македонија, туку и за целиот свет, ќе бидат дефинирани од најголемиот глобален предизвик, а тоа се климатските промени“, рече Пендаровски.

Последниот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени – IPCC, како што рече Пендаровски, недвосмислено укажува дека ние веќе ја живееме последната деценија во која ќе можеме да влијаеме за да го ограничиме глобалното затоплување.

„Меѓутоа, за тоа да го направиме ќе биде неопходно брзо и од корен да го промениме енергетскиот и производствениот систем во светот. Ќе мора да стекнеме нови, одржливи животни навики и да покажеме многу поголема грижа за животната средина. Во спротивно, ако не успееме на глобално ниво драстично да ги намалиме емисиите на стакленички гасови во текот на оваа пресудна деценија, и ако не успееме да постигнеме нето нула емисии до 2050 година, тогаш неминовно ќе дојдеме до точката од која ќе нема враќање“, потенцира тој.

Според него, годинешниве шумски пожари и поплави и кај нас и во Европа ни претскажуваат каква иднина не очекува.

„Северна Македонија е една од првите држави која усвои Национална стратегија за енергетски развој до 2040 година. И покрај пандемијата на Ковид-19, годинава усвоивме ревидиран национален утврден придонес за намалување на стакленичките гасови. Утврдивме дури 63 планови за климатска акција што се директно поврзани со 15 цели за одржлив развој. Ме радува што неодамна Владата ја усвои Долгорочната стратегија за климатска акција со Акциски план. Целта на оваа стратегија е да постигнеме зелен, ниско јаглероден и климатски одржлив развој. Стратегијата не обврзува да ги намалиме националните нето емисии на стакленички гасови за 72% до 2050 година во споредба со нивото од 1990 година“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Извештајот на ЕК потврдува дека чекориме силно на европскиот пат

Објавено пред

Амбасадорот Гир денеска го предаде извештајот на Европската комисија за прогресот на Северна Македонија, кој во целост го потврдува напредокот на кој посветено работиме, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

Извештајот ја нагласува цврстата и одлучна имплементација на ЕУ-реформите, особено во клучните области како што се владеење на правото, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата и организираниот криминал, вели Заев.

„Врз основа на тоа, во извештајот се препорачува итен почеток на преговори за пристап кон членство и прва меѓувладина конференција до крајот на годината за време на словенечкото претседателство. ЕК во извештајот потенцира дека реформите се континуиран и долг процес кој не треба да биде прекинат и кој бара посветеност и од опозицијата и од другите делови на општеството“, додава Заев.

Извештајот, според него, потврдува дека чекориме силно на европскиот пат.

„Тоа е единствениот пат кој носи европски стандарди и подобар живот“, напиша Заев на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ревакцинирани 46 проценти од полнолетните граѓани во државата

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден биле аплицирани вкупно 2.379 дози вакцини, од кои 700 биле аплицирани како прва доза, 1.585 се ревакцинирани, а 94 граѓани примиле трета доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Од таму додаваaт дека заклучно со 19 октомври вакцинирани се вкупно 800.103 граѓани, ревакцинирани се 764.953, а трета доза примиле 1.292 граѓани.

54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина, велат здравствените власти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел и американскиот државен секретар Ентони Блинкен повикаа...

Македонија50 минути

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Македонија1 час

Заев: Извештајот на ЕК потврдува дека чекориме силно на европскиот пат

Амбасадорот Гир денеска го предаде извештајот на Европската комисија за прогресот на Северна Македонија, кој во целост го потврдува напредокот...

Свет2 часа

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Македонија3 часа

Со една доза вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст

Заклучно со 17 октомври со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст. Кај...

Македонија3 часа

Пендаровски: Извештајот на ЕК претставува објективна слика за состојбите во државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот...

Македонија3 часа

До ДИК поднесени 13 приговори за изборните резултати

До Државната изборна комисија се поднесени 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на...

Спорт6 часа

Потврдено: Ако не се вакцинира, Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема да може да ја брани титулата на Австралија опен, доколку не се вакцинира....

Македонија19 часа

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање...

Македонија20 часа

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за преговори за членство во ЕУ, се наведува во новиот извештај

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста...

Македонија21 час

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија22 часа

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија24 часа

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија1 ден

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија1 ден

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Македонија1 ден

35 проценти од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509...

Македонија1 ден

Симовски: Резултатите од пописот најдоцна до март

Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, информира дека обработката на податоците од пописот е почната веднаш по неговото...

Европа1 ден

Турција нареди нови апсења, 33 војници се меѓу 158 осомничени во врска со Ѓулен

Турското обвинителство нареди апсење на 158 осомничени, вклучително и 33 припадници на војската, во опсежна операција насочена против лица наводно...

Регион1 ден

Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде објавен денеска во Стразбур

Се очекува денеска во Стразбур да биде усвоен Пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан. Пакетот за проширување вклучува...

Досие