Контакт

Општество

Врачена наградата „Св. Климент Охридски“

Објавено пред

Проучувачот на македонскиот фолклор Марко Китевски, обоистката Гордана Јосифова-Неделковска, скулпторот Жарко Башески, поетесата и преведувачка Весна Ацевска-Стојчевска и театарската критичарка Лилјана Мазова во четврток во Собранието на Република Македонија ја примија државната награда „Св. Климент Охридски“ за долгогодишни остварувања во областа на културата и образованието.

Признанијата им ги врачи академик Владо Камбовски, претседател на Одборот за доделување на оваа награда за 2016 година.

„Република Македонија денес е мултикултурно општество што се стреми во 21 век да се вклучи во рамноправен натпревар со другите европски општества како општество засновано врз знаења. Тоа значи дека развојот на обрзованието, науката, културата и другите општествени дејности е клучниот просветителски постулат во времето на големите предизвици за нашето општество“, истакна Камбовски.

Во име на петтемина годинашни добитници се заблагодари фолклористот Марко Китевски кој рече дека да се добие оваа награда е голема чест и признание затоа што го носи името на заштитникот на македонскиот народ и патронот на Македонската православна црква, наследничка на Охридската архиепископија, а особено, како што рече, затоа што се случува во годината кога се одбележуваат 1100 години од упокојувањето на светителот Климент.

„Ние ја добиваме оваа награда за тоа што сме го направиле во изминатите неколку децении, но таа не обврзува и во иднина да го славиме свети Климента и да и служиме на нашата татковина. Да создадеме уште нешто по што ќе бидеме препознаени, со конкретни дела да се одолжиме и кон минатите генерации, но да оставиме нешто вредно и за идните поколенија. Свети Климент ни остави аманет да ја чуваме нашата света црква, да го чуваме нашиот јазик, нашето име, а тоа подразбира да ја чуваме нашата татковина“, рече Китевски. /крај/мф

Македонија

Македонија ги номинира Охридското Езеро и Студенчишкото Блато како трето и најголемо рамсар-место во државата

Објавено пред

Со впишувањето на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато во Светската рамсар-листа, нашата држава, по Преспанското и Дојранското Езеро, го доби третото и најголемо водно живеалиште од меѓународно значење, заведено под бр. 2449. Подрачјето е прифатено во согласност со сите 9 критериуми на Рамсарската конвенција и е со вкупна површина од 25.205 хектари. Со него ќе се управува од страна на трите општини: Охрид, Струга и Дебарца, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишкото Блато на Светската рамсарската листа значи меѓународно признавање и препознавање на специфичниот и богат биодиверзитет и ендемичните и ретки видови, како и присуство на голем број живеалишта и видови од национално и ЕУ-значење на ова подрачје. Од друга страна, тоа води кон негово помудро и поодговорно управување, подобрување на еколошкиот карактер на подрачјето и заштита на видовите и живеалиштата, поттикнување научноистражувачки дејности и меѓународна соработка, што секако ќе ги зголеми публицитетот и вреднувањето на подрачјето, ќе ја зголеми понудата за екотуризмот во регионот, а со тоа ќе се отвораат и поголеми можности за социо-економски развој и за финансирање“, велат од ова Министерство.

Нашата држава ја ратификува Рамсарската конвенција за водни или блатни живеалишта од меѓународна важност во 1991 година, објаснуваат од Министерството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Семејството на девојката чии органи беа донирани и спасија други животи ќе добие државен стан

Објавено пред

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на социјалните мрежи напиша дека на седница на Комисијата за станбени прашања било одлучено на семејството Белчовски, чија ќерка трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, да им биде доделен стан на користење во општина Струмица.

Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна…

Posted by Blagoj Bochvarski on Петок, 07 мај 2021

Имајќи ја предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски, чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица, напиша Бочварски на „Фејсбук“.

Во напишаното додава дека семејството Белчовски ги помести вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно му се благодарни за највисокиот чин на хуманост.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево со променлива облачност

Објавено пред

Утре претпладне времето ќе биде сончево со променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Од изутрина од север ќе почне да дува дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час), кој ќе биде најизразен по должината на Повардарието.

Овој продор на студен воздух ќе предизвика намалување на температурата, особено во северните делови и на истокот.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер, кој на повисоките места и кон исток повремено ќе има засилен интензитет.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ветерот ќе биде претежно југоисточен, а температурите ќе бидат во пораст.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија4 часа

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Македонија6 часа

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ8 часа

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија8 часа

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет8 часа

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Македонија9 часа

СЗО: Децата не треба да се вакцинираат сѐ додека не бидат вакцинирани ризичните групи

Светската здравствена организација (СЗО) оцени дека децата не треба да се вакцинираат против Ковид-19 додека не се вакцинираат старите лица...

Македонија22 часа

Семејството на девојката чии органи беа донирани и спасија други животи ќе добие државен стан

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на социјалните мрежи напиша дека на седница на Комисијата за станбени прашања било...

Македонија1 ден

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија1 ден

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија1 ден

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија1 ден

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија1 ден

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија1 ден

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија1 ден

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет1 ден

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион1 ден

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија1 ден

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион1 ден

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Досие