Општество
Заев: Дојдовме и не заминуваме додека не го вратиме мирот и спокојот во Македонија
Се изнамачи вистината да ја види светлината на денот, а сега таа вистина е голема колку што квадратни километри изнесува Македонија, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев во неделата од граѓанскиот протест организиран од опозицијата пред Владата.
Заев порача дека сега таа вистина се излеала и по улиците на Скопје и низ цела Македонија.
„Ништо повеќе не може да направи Никола Груевски од тоа да ја напушти оваа зграда во која му се одброени часовите. Кукавички од позиција на премиер слушнавме колку сурово се пресметувал со противнциите, со пиштол на глава ги праќал во затвор, им рушел објекти, крадел избори, се инсталирал во судството и полицијата да се штити, мразел и се одмаздувал со соработниците, ги погазил уставот и законите, ги злоупотребил институциите и администрацијата, дури и за името се пазарел. Сега Груевски се плаши дека ќе било кукавички ако заминал, зарем не е кукавички ова што досега го правел, зарем не е кукавичи да се држи во заложништво Македонија? Друго решние за кризата нема, за да се врати демократијата која што ја згази, надежта и достоинството кое што го одзедоа од народот кој е фрлен во очај, за да ги запишеме повторно европските вредности“, порача Заев.
Според лидерот на најголемата опозициска партија, овој 17-ти мај „ќе влезе во историјата на слободна“ Република Македонија, нагласувајќи дека притоа се потребни неколку работи за земјата да излезе од кризата во којашто е длабоко навлезена.
„Почитувани граѓани, решението за излез е Никола Груевски да поднесе оставка, а со него тоа да го направат и јавниот обвинител Марко Зврлевски и обвинителот за организирал криминал Јован Илиевски, после оставки да поднесат и раководните структури на МРТВ, неопходно е да се постигне договор за техничка влада којашто ќе може да организира фер избори, потоа да се прочисити избирачкиот список, да се создадат услови за независно медиумско известување, да се вратат сите механизми на современа македонска држвата. Дојдовме и не заминуваме додека не го вратиме мирот и спокојот на граѓаните на Република Македонија. Очекувам оваа најсилна порака којашто денеска ја испраќа Македонија, вака мултиетнички обединета, вака масовно заедно, жедна за слобода и демократија, очекувам од меѓународанта заедница која што е сведок на сето зло што им е нанесено на граѓаните на Македонија да помогне со директно учество а не само со набљудување за мирна разврска на политичката криза, без насилство. Предупредувам дека можното инатење на Никола Груевски со волјата на народот може да има последици што никој не ги посакува. Од тие причини порачувам сите граѓаните кои што се тука, на еден разумен и мирен процес да ја помогнат посакуваната разврска на кризата“, порача Заев во својот говор пред насобраните демонстранти./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.
Македонија
Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови
Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.
Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.
Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.
-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.
Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.