Општество
Здрава исхрана за децата уште од градинка
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Кисела Вода, Биљана Беличанец Алексиќ, во вторник ја посетија детската градинка „8 Март“ во општина Кисела Вода, каде децата заедно со своите воспитувачки и негувателки имаат засадено разни видови зеленчук во својата градина „Тиквичка“, како дел од активностите за подигнување на свеста за здравата исхрана.
„Преку програмата за едукација на децата во процесот на предучилишно воспитување сакаме да ги едуцираме за значењето и влијанието на здравиот начин на исхрана, за значењето на овошјето и зеленчукот. Притоа преку еден координиран пристап во детските градинки започнавме со процес на создавање градини во градинки преку кои децата можат да се едуцираат за начинот на кој се садат зеленчукот и овошјето, но и за хранливите состојки, и да стекнат здрави навики со што во иднина ќе се влијае на создавањето здрави навики за живот на секое дете”, рече министерот Спасов.
Додаде дека на ваков начин Министерството во соработка со единиците на локалната самоуправа и детските градинки во Македонија се вклучува во владината кампања „Здравјето е избор“.
„Преку еден систематски координиран пристап во соработка со повеќе институции сакаме на повеќе начини да влијаеме на подигнувањето на квалитетот на храната во детските градинки преку задолжително воведување овошје и зеленчук, замена на маргаринот со путер, белиот со кафеав шекер”, потенцира Спасов.
Додаде дека се сменети нормативите и стандардите во исхраната.
„Воведовме правилник и нови менија како една клучна реформа за подигнување на квалитетот на исхраната во градинките. И натаму во соработка со градинките и општините ќе се продолжи со активности”, истакна министерот за труд и социјална политика.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ истакна дека идејата на ваквите активности е да се подигне свеста за здравата храна од најмала возраст, за значењето на свежото овошје и зеленчук.Резултатите од ваквите активности, додаде, ќе можат да се видат во иднина во однос на бенефитите за здравјето на индивидуата.
Беличанец-Алексиќ појасни дека Општина Кисела оваа учебна година почнала реализација на проект за поздрава исхрана во училиштата.
„Таму фирмите на тендерска постапка беа задолжени да имаат и нутриционист кој ќе дефинира исто мени на ниво на општина Кисела Вода. Ќе се инсистира да се почитуваат параметрите што ги задал нутриционистот во однос на здравата храна на учениците”, рече таа.
Директорка на градинката Снежана Климановска истакна дека е неоходно да се едуцираат родителите за здравата исхрана на децата, бидејќи, како што рече, неоходно е децата, покрај во градинката, здраво да се хранат и дома. Тоа, додаде, се две алки кои треба да бидат врзани за да се постигне очекуваниот резултат кој генерално на ниво државата се очекува да се постигне. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.
Македонија
Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови
Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.
Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.
Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.
-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.
Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.