Македонија
Осма жртва на западнонилска треска, почина 70-годишник
Уште едно лице почина од западнонилска треска во земјата, со што бројот на жртви се искачи на осум.
Станува збор за 70-годишен жител на скопско Драчево, кој подолг период се лекувал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Според информациите од Клиниката, пациентот имал повеќе коморбидитети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
