Македонија
ОУ „Владо Кантарџиев“ и СУГС „Владо Тасевски“ се најбезбедни и најчисти училишта
За „Најбезбедно и најчисто училиште“ годинава прогласени се основното училиште „Владо Кантарџиев“ од Општина Гевгелија и средното училиште „Владо Тасевски“ од Скопје.
Имено, во конкуренција на 18 основни и шест средни училишта, овие две ги освоија првите места, додека второто место го заслужи ОУ „Климент Охридски“ од село Драчево, Општина Кисела Вода, а на трето место се најде ООУ „Климент Охридски“ од Македонски Брод. За најбезбедни и најчисти средни училишта прогласени се СУГС „Владо Тасевски“ од Скопје и СУГС „Никола Карев“, исто така, од Скопје.Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми заедно со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ, Маријане Берец, ги доделија признанија на училиштата победници на Јавниот повик за избор на најбезбедни и најчисти училишта во учебната 2014/2015 година. Адеми рече дека МОН и ОБСЕ, втора година по ред го реализират натпреварот за „Најбезбедно и најчисто училиште“.„Основната цел на училиштата е организација на воспитно образовната дејност. Најважната задача на наставниците е да ги образуваат учениците, да ги научат сами да донесуваат заклучоци, да ги развиваат своите вештини, да ги воспитуваат. За да можат непречено да се реализираат сите активности поврзани со воспитно- образовниот процес, училиштата мора да бидат безбедни и хигиената во нив мора да биде на највисоко ниво. Наша задача е да се грижиме за безбедноста на секое училиште, но исто така, заедно работиме и на подигнување на свеста на учениците кога станува збор за одржување на хигиената во нивните училници, во училишните дворови и училишните спортски сали“, рече Адеми./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.