Контакт

Македонија

Пациентот не треба да се движи со папки, почнавме процес на дигитална трансформација, рече Алиу за првата година на чело на здравството

Објавено пред

– Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се решат преку ноќ. Здравството е еден од најсложените и најчувствителните системи во државата, систем во кој секоја слабост ја чувствува пациентот, секоја одлука има човечка тежина, а секое одложување значи изгубено време за некого кому му е потребна грижа, истакна министерот за здравство, Азир Алиу во видео обраќањето по повод една година од преземањето на функцијата министер за здравство.

Министерот Алиу нагласува дека изминатата година целта не беше да се создаде впечаток дека сè е решено, напротив, се тргна од вистината.

– Здравството има наследени слабости, недоволна организација, нерамномерна достапност на услуги, недостиг на кадар, застарена инфраструктура и систем кој премногу долго функционирал со хартија, фрагментирани податоци и недоволна предвидливост. Затоа целта ми беше да не ги прикриваме проблемите, туку да почнеме да ги решаваме системски, вели министерот Алиу.

Тој појаснува дека во изминатата година поставена е нова насока – здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара.

-Започнавме процес на дигитална трансформација. Пациентот не треба да се движи со папки, извештаи и ЦД-а од една институција до друга. Податоците треба да го следат пациентот, а системот треба да му помага на лекарот да донесе побрза и побезбедна одлука, вели министерот Алиу, притоа потсетувајќи дека беа воведени транспарентни листи на чекање, затоа што фер пристапот до здравствена услуга е основа на довербата.

Министерот Алиу зборувајќи за проектот со телемедицина во Дебер и Делчево, порачува дека специјалистичкото знаење мора да стигне поблиску до граѓаните, особено во регионите каде што пациентите најмногу го чувствуваат товарот на патувањето до Скопје.

– Паралелно работевме на инфраструктурата. Здравството не може да биде силно ако целата тежина е концентрирана во главниот град. Затоа регионализацијата е една од нашите најважни политики. Инвестициите во Штип, Тетово, Кичево, Струмица, Битола и другите здравствени центри се начин пациентите да добијат услуга поблиску до местото каде што живеат. Набавката на 100 нови амбулантни возила, реконструкциите на операционите сали и зајакнувањето на регионалните болници се дел од истиот пристап кој води кон здравствен систем што е побрз, подостапен и порамномерно развиен, потенцира министерот Алиу.

Тој исто така, вели дека посебно внимание е посветено и на здравствените работници.

-Ниту еден апарат, ниту една сала, ниту една дигитална платформа не вреди без луѓето што секој ден го носат системот, затоа се работи на подобро кадровско планирање, нови програми за специјализации и супспецијализации, зајакната практична обука и подобро вреднување на трудот. Здравствениот систем мора да ги задржи, мотивира и поддржи своите луѓе, порачува министерот Алиу.

Осврнувајќи се на важните јавноздравствени политики, тој потсетува и на предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, кој е чекор кон поздрав јавен простор, заштита на децата, непушачите и вработените. Притоа нагласувајќи дека не станува збор за законско решение кое е против некого, туку за закон за здравјето на граѓаните.

– Работевме и на чувствителни теми, како што се онкологија, органодарителство, трансплантација, третман на дебелина кај децата, кризни протоколи. Теми кои бараат човечност, институционална одговорност и континуитет, вели министерот Алиу.

Тој порачува дека здравството мора да биде систем што не реагира само кога ќе настане криза, туку систем што учи, се подготвува и превенира.

-По една година, мојата оценка е дека не сме на крајот на реформата. Ние сме во нејзината најважна фаза во која системот почнува да се поставува на нови основи. Имаме уште многу работа. Но денес знаеме појасно каде одиме, а тоа е кон здравство што е дигитално поврзано, кадровски планирано, инфраструктурно зајакнато, регионално порамномерно и насочено кон пациентот. Здравството се развива со одлуки, со работа, со податоци, со луѓе и со лична одговорност, заклучува Алиу.

Најново

Свет3 часа

Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш во животот не сум го почувствувал ова“, „Како бомба“

Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко погодени од земјотресот, сведоците пријавија широко распространето уништување. Таксистот Хорхе Монкајо (64) рече...

Забава3 часа

Додека спиете – заработката пристигнува, но само за припадниците на овие четири хороскопски знаци

Само четири хороскопски знаци ќе доживеат вистински просперитет до крајот на 2026 година, а доколку донесат мудри одлуки, нивното богатство...

Забава4 часа

Иванка Трамп се пофали со фотографии од одморот на Исланд, потсмевот не престанува

Иванка Трамп објави фотографии од семејниот одмор во Исланд, а објавата предизвика низа коментари со доза на потсмев на социјалните...

Забава4 часа

Како ефикасно да отстраните дамки од кафе или чај од шолја? Нема да ви бидат потребни агресивни производи

Кафето и чајот се омилени пијалоци за многумина, особено во постудените денови. Сепак, колку почесто ги пиеме од истата шолја,...

Свет4 часа

Бројот на загинати во Колумбија надмина 100, претседателот потврди 111 жртви

Силниот земјотрес што ја погоди Колумбија одзеде 111 животи, објави претседателот Абелардо де ла Есприела. Претходните извештаи велеа дека најмалку...

Свет5 часа

Шакира испрати порака за поддршка до Колумбија по земјотресот

Една од најпознатите Колумбијки, Шакира, се огласи по силниот земјотрес што денес ја погоди нејзината татковина. „Драга Колумбија, моите мисли...

Европа5 часа

(Видео) Пожарите повторно беснеат во Шпанија

Голем шумски пожар во југозападна Шпанија денеска се прошири надвор од контролата на пожарникарите, соопштија регионалните власти, додека високите температури...

Свет6 часа

Зеленски: Сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите и до сите погодени во катастрофалниот земјотрес во Колумбија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази солидарност со Колумбија откако земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди земјата. „Нашето сочувство...

Свет6 часа

Рубио: Администрацијата на Трамп е подготвена да ѝ помогне на Колумбија

Администрацијата на Трамп „внимателно ја следи“ ситуацијата по земјотресот во Колумбија, објави американскиот државен секретар Марко Рубио. „Соединетите Американски Држави...