Контакт

Македонија

Пашоли: Подолго време постои чувство дека постепено се намалуваат правата што произлегуваат од Охридскиот мировен договор

Објавено пред

Во сабота започнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор. Тетово ќе биде местото каде што илјадници граѓани ќе се соберат на мирен и достоинствен протест за да го одбранат уставниот поредок, правната сигурност и вредностите што веќе 25 години обезбедуваат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи во Република Северна Македонија, истакна денеска на прес-конференција потпретседателката и пратеничката на ДУИ, Арбана Пашоли.

Според неа, одлуката на Уставниот суд за имињата на улиците во Тетово била повод за овој протест, но незадоволството на граѓаните, како што додаде е многу пошироко.

„Подолго време постои чувство дека постепено се намалуваат правата и механизмите што произлегуваат од Охридскиот мировен договор. Секоја нова одлука ја зголемува загриженоста, а сите заедно покажуваат дека е потребна граѓанска реакција.

Советот на Општина Тетово ја донесе одлуката за именување на улиците според законот и со потребното двојно мнозинство.

Одлуката беше испратена до Владата. Владата не одговори во законскиот рок. Според Законот за локална самоуправа, ако Владата не постапи навреме, тоа се смета како согласност со одлуката на општината.

За да нема никакви дилеми, Советот уште еднаш ја изгласа истата одлука. И тогаш Владата не реагираше. Со тоа, повторно настапи истото правно дејство предвидено со закон.

Оваа одлука беше дел од правниот поредок на државата цели 20 години.

Потоа, Уставниот суд одлучи повторно да го отвори случајот.

Во текот на постапката, Судот побара дополнителни информации и документи од Општина Тетово. Општината не одговори и не ја бранеше својата одлука. Таквиот однос има сериозни последици и некој треба да понесе одговорност“.

Одлуката на Уставниот суд, оценува Пашоли, создава важен преседан. За првпат, истакнува таа, се преиспитува одлука што важела и произведувала правни последици две децении. Тоа, според неа, отвора прашања за правната сигурност и за тоа како во иднина ќе се третираат и други прашања поврзани со Охридскиот мировен договор.

„Во наредниот период Уставниот суд ќе одлучува и за Законот за употреба на јазиците. Граѓаните имаат право да бараат овие одлуки да се носат во согласност со Уставот, со Охридскиот мировен договор и со принципот на правна сигурност.

Саботниот протест е повик до институциите да постапуваат одговорно, да го почитуваат Уставот и да го зачуваат Охридскиот рамковен договор како основа за соживот и за европската иднина на државата.

Ги повикуваме сите граѓани кои ги поддржуваат овие вредности да ни се придружат мирно, достоинствено и одговорно“.

Секоја држава, нагласи Пашоли, има моменти кога граѓаните застануваат во одбрана на своите вредности.

Најново

Свет3 часа

Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш во животот не сум го почувствувал ова“, „Како бомба“

Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко погодени од земјотресот, сведоците пријавија широко распространето уништување. Таксистот Хорхе Монкајо (64) рече...

Забава3 часа

Додека спиете – заработката пристигнува, но само за припадниците на овие четири хороскопски знаци

Само четири хороскопски знаци ќе доживеат вистински просперитет до крајот на 2026 година, а доколку донесат мудри одлуки, нивното богатство...

Забава3 часа

Иванка Трамп се пофали со фотографии од одморот на Исланд, потсмевот не престанува

Иванка Трамп објави фотографии од семејниот одмор во Исланд, а објавата предизвика низа коментари со доза на потсмев на социјалните...

Забава3 часа

Како ефикасно да отстраните дамки од кафе или чај од шолја? Нема да ви бидат потребни агресивни производи

Кафето и чајот се омилени пијалоци за многумина, особено во постудените денови. Сепак, колку почесто ги пиеме од истата шолја,...

Свет4 часа

Бројот на загинати во Колумбија надмина 100, претседателот потврди 111 жртви

Силниот земјотрес што ја погоди Колумбија одзеде 111 животи, објави претседателот Абелардо де ла Есприела. Претходните извештаи велеа дека најмалку...

Свет4 часа

Шакира испрати порака за поддршка до Колумбија по земјотресот

Една од најпознатите Колумбијки, Шакира, се огласи по силниот земјотрес што денес ја погоди нејзината татковина. „Драга Колумбија, моите мисли...

Европа4 часа

(Видео) Пожарите повторно беснеат во Шпанија

Голем шумски пожар во југозападна Шпанија денеска се прошири надвор од контролата на пожарникарите, соопштија регионалните власти, додека високите температури...

Свет5 часа

Зеленски: Сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите и до сите погодени во катастрофалниот земјотрес во Колумбија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази солидарност со Колумбија откако земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди земјата. „Нашето сочувство...

Свет5 часа

Рубио: Администрацијата на Трамп е подготвена да ѝ помогне на Колумбија

Администрацијата на Трамп „внимателно ја следи“ ситуацијата по земјотресот во Колумбија, објави американскиот државен секретар Марко Рубио. „Соединетите Американски Држави...