Македонија
Печатницата „Киро Дандаро“ ќе го печати изборниот материјал и Избирачкиот список

Печатницата „Киро Дандаро“ од Битола ќе го изработи и печати доверливиот изборен материјал и ќе го испечати Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.
Оваа одлука на синоќешната седница ја донесе Државната изборна комисија (ДИК). Членовите на ДИК решавале меѓу понудите на „Киро Дандаро“ и печатницата „Европа“.
Печатницата „Киро Дандаро“ го печатеше изборниот материјал и во претходни изборни циклуси.
Државната изборна комисија (ДИК) на синоќешната седница одлучуваше и за акредитирање на набљудувачи на изборите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Маричиќ: Време е да сфатиме дека пописот е повеќе од само пребројување на етничките заедници

Министерот за правда Бојан Маричиќ говорејќи денеска на онлајн конференцијата во организација на „Рома интеграцион центрум“ го поздрави донесувањето на Законот за попис во Собранието.
Министерот кажа дека е време да се престане да се гледа на пописот како на политичко прашање, кое служи само за да се пребројат етничките заедници во нашата земја и како општество да се фокусираме на тоа како пописот може да биде своевиден катализатор на развојот на државата и планирањето на политиките, особено за најранливите категории граѓани.
„Без да знаеме колку точно жители има некој град, село или населено место, што точно работат, какво образование имаат, со каков имот располагаат, што точно им е потребно, нема да можеме да креираме долгорочни развојни политики и да имаме соодветен слух за потребите на сите граѓани. Нашата држава повеќе не може да си дозволи ‘луксуз’ и да остане без попис уште неколку години. Дотолку повеќе што државите членки на Обединетите нации се обврзани спроведуваат попишување на населението и имотот“, изјави Маричиќ.
Министерот кажа дека покрај населението со потписот ќе се попишат и нашинците во странство, односно дијаспората, а во Заводот за статистика веќе се изработува и посебна промотивна кампања преку која на овие лица детално ќе им се објасни како да учествуваат во процесот, за сите да можат да го искористат своето право.
Македонија
15 починати и 356 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 171, Куманово – 12, Тетово – 19, Прилеп – 15, Гостивар – 6, Штип – 7, Битола – 4, Велес – 10, Охрид – 20, Струмица – 8, Кавадарци – 19, Струга – 10, Кочани – 2, Кичево – 10, Свети Николе – 1, Гевгелија – 3, Неготино – 3, Ресен – 3, Крива Паланка – 3, Радовиш – 3, Берово – 4, Делчево – 3, Пробиштип – 7, Виница – 3, Демир Хисар – 1, Кратово – 1, Крушево – 4, Македонска Каменица – 1, Пехчево – 2 и еден во Демир Капија.
Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 587 оздравени пациенти од Скопје – 426, Куманово – 18, Тетово – 7, Прилеп – 12, Гостивар – 14, Штип – 8, Битола – 11, Велес – 13, Струмица – 13, Кавадарци – 19, Кочани – 6, Кичево – 8, Свети Николе – 1, Гевгелија – 2, Неготино – 2, Крива Паланка – 8, Радовиш – 6, Берово – 3, Пробиштип – 5 Богданци – 2 и по еден во Валандово, Кратово и Пехчево.
Починати се 15 лица, пет пациенти од Скопје (65, 64, 82, 60 и 66 години), еден од Куманово (73), три пациенти од Тетово (78, 36 и 61 година), еден од Прилеп (69), еден од Кавадарци (73), еден од Кичево (51), еден од Крива Паланка (79), еден од Делчево (46) и еден пациент од Кратово (59). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.817, бројката на оздравени пациенти е 75.387, на починати е 2.754, а бројот на активни случаи изнесува 11.676. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 39.024, активни 6.767
• Куманово 5.062, активни 429
• Тетово 4.994, активни 463
• Прилеп 4.497, активни 269
• Гостивар 3.552, активни 308
• Штип 3.454, активни 166
• Битола 3.178, активни 219
• Велес 2.980, активни 307
• Охрид 2.684, активни 387
• Струмица 2.487, активни 360
• Кавадарци 2.430, активни 365
• Струга 2.162, активни 185
• Кочани 1.704, активни 116
• Кичево 1.681, активни 151
• Свети Николе 1.062, активни 48
• Гевгелија 957, активни 117
• Неготино 948, активни 155
• Дебар 725, активни 106
• Ресен 715, активни 116
• Крива Паланка 708, активни 66
• Радовиш 679, активни 50
• Берово 571, активни 52
• Делчево 541, активни 157
• Пробиштип 489, активни 35
• Виница 479, активни 43
• Валандово 325, активни 23
• Демир Хисар 242, активни 14
• Македонски Брод 239, активни 14
• Богданци 214, активни 30
• Кратово 210, активни 14
• Крушево 196, активни 37
• Македонска Каменица 190, активни 48
• Демир Капија 180, активни 37
• Пехчево 177, активни 15
• Дојран 81, активни 7
Направените 1.906 тестови се преку: ИЈЗ – 468, ЦЈЗ Скопје – 48, Авицена – 183, Биотек – 134, МАНУ – 120, Жан Митрев (Филип Втори) – 83, Систина со PCR метода – 166, лабораторија Лаор – 52, Судска медицина – 9, ЦЈЗ Битола – 60, Инфективна клиника – 5, Синлаб – 38, Ремедика – 16, лабораторија болница Козле – 19, ЈЗУ (рапид тест) – 504, УК Пулмологија со алергологија – 1. Досега во земјата се направени вкупно 437.267 тестирања на Ковид-19.
Македонија
(Видео) Мицкоски побара поддршка и од Пленковиќ: Граѓаните заслужуваат стабилност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот на партијата, Александар Николоски, денеска, во Загреб, имаа средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, и со министерот за надворешни и европски прашања на Хрватска, Гордан Грлиќ – Радман.
На средбата Мицкоски побара од Хрватска да го поддржи деблокирањето на европските интеграции на државата посочувајќи дека, покрај ветото од источниот сосед, граѓаните не заслужуваат да бидат заложници на неспособната влада на чело со Зоран Заев, која не може да испорача резултати.
„Ветувањата наспроти делата покажуваат дека Македонија се соочува со растечка сиромаштија, пропадната бизнис-клима и галопирачка корупција. Додека регионот и светот се рекордери по успеси и достигнувања, Македонија е рекордер по украдени избори, попис, кој е фалсификат во најава, потрошени пари за поткуп, партизирано судство и селективна правда. Сето ова граѓаните ги прави несреќни и е јасен показател дека мора да се променат работите“, истакна Мицкоски, кој додаде дека граѓаните заслужуваат стабилност и големи чекори напред.
Мицкоски му се заблагодари на Пленковиќ за поддршката најавувајќи дека Македонија е подготвена за промени, за борба за обезбедување на иднината и за рестартирање на општеството.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со ова ја заокружува дипломатската регионална посета, при што за четири дена се виде и оствари значајни средби со тројца премиери: премиерот на Хрватска – Андреј Пленковиќ, премиерот на Словенија – Јанез Јанша и премиерот на Унгарија – Виктор Орбан.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот