Контакт

Македонија

Перински: Измените на Стратегијата за регионален развој се темелат на реални податоци и резултати

Објавено пред

Собранието ги усвои предложените измени и дополнувања на Стратегијата за регионален развој за периодот 2021–2031, со што се обезбедува нејзино усогласување со актуелните демографски и развојни состојби во државата, како и со Националната развојна стратегија 2024–2044, извести Министерството за локална самоуправа.

Стратегијата за регионален развој претставува основен долгорочен плански документ со кој се утврдуваат принципите, стратешките цели и приоритетите на политиката за рамномерен регионален развој, како и мерките, инструментите и финансиските механизми за нивна реализација.

Согласно Законот за рамномерен регионален развој, на средината од периодот на нејзиното спроведување се врши тековно оценување со цел да се согледаат постигнатите резултати, предизвиците во имплементацијата и потребата од прилагодување на предвидените мерки.

Предложените измени и дополнувања се темелат на наодите од спроведеното тековно оценување и имаат за цел да ја зголемат применливоста и ефикасноста на Стратегијата. Во рамки на ревизијата се извршени интервенции во делот на мерките кои се покажале како тешко спроведливи, обезбедена е поголема усогласеност со идните развојни политики и воведени се нови мерки во областите каде што е утврдена потреба од дополнителни активности.

Дополнително, со измените се врши усогласување на Стратегијата со резултатите од Пописот на населението од 2021 година, со што новата демографска слика се интегрира во процесот на планирање и спроведување на политиките за рамномерен регионален развој.

Министерот Златко Перински пред Комисијата за локална самоуправа и Законодавно правната комисија, во своето излагање нагласи дека целта на измените е Стратегијата да стане пооперативна, пофункционална и поефикасна алатка за постигнување на стратешките цели, преку поддршка на полицентричен развој и намалување на регионалните диспаритети.

Измените и дополнувањата на Стратегијата се резултат на сеопфатен консултативен процес во кој беа вклучени надлежните институции и релевантните чинители што учествуваат во нејзината имплементација, се наведува во соопштението на Министерството за локална самоуправа.

Најново

Спорт54 минути

Црна Гора во 91-та минута влезе во Б-дивизијата

Фудбалерите на Црна Гора ја победија Латвија со 2:1 во петтото коло од Ц дивизијата на Лигата на нации. Црногорците...

Спорт1 час

Англија ја победи Хрватска, Шпанија лесно се справи со Чешка

Англија и Шпанија забележаа победи во Групата 3, во А дивизијата во Лигата на нации. Овие две селекции веќе изборија...

Спорт2 часа

(Видео) Италија ја победи Франција, ја презеде лидерската позиција во групата

Италија ја победи Франција во Милано со 3:1 во натпреварот од 5-то коло од А дивизијата на Лигата на нации....

Свет3 часа

Кејт Мидлтон откри што ѝ помогнало во борбата против ракот: „Имаше добри и лоши денови“

Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, изјави дека природата ѝ помогнала за време на закрепнувањето од болеста, нагласувајќи дека процесот...

Свет3 часа

Маж од Индија лажно пријавил киднапирање на авион бидејќи не сакал да се одвои од сопругата

Маж од Индија е уапсен поради лажно пријавување на киднапирање на авион на „Ер Индија“, откако во тоалетот на авионот...

Свет3 часа

Шефицата на дипломатијата: Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност

Шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајцингер, денес изјави дека Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност, откако...

Свет4 часа

Песков: Европејците се борат како „пајаци во тегла“ штом некој ќе ја контактира Москва

Постапките на Европејците мора да престанат да бидат контрадикторни за Русија да верува во нивната желба за постигнување мир, изјави...

Свет4 часа

Путин се согласи да ја вклучи Европа во разговорите

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда...

Спорт4 часа

(Видео) Де Брујне и Де Кетеларе го поништија голчиштето на Гулер

Репрезентативците на Белгија ја победија Турција во Измир, по пресврт, со 2:1 во натпреварот од петтото коло од А дивизијата...