Контакт

Македонија

Перински: Започнуваме нов стратешки процес за зајакнување на меѓуопштинската соработка

Објавено пред

Во соработка и организација на Министерството за локална самоуправа и СИГМА, се одржа практичната работилница на тема „Од политика до практика: Зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, со учество на претставници од општините, институциите и домашни и меѓународни експерти.

Воведни обраќања на работилницата имаа Златко Перински, министер за локална самоуправа, Игор Јанушев, генерален секретар на Влада, Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Душица Перишиќ, директор на ЗЕЛС, како и Баграт Тунјан, државен менаџер за Република Северна Македонија, раководител на тимот за стратешко планирање, развој на политики, OECD/SIGMA.

„Меѓуопштинската соработка е клучната алатка за зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи, особено во насока на поефикасно обезбедување јавни услуги и решавање на заедничките предизвици меѓу општините“, во своето обраќање нагласи Перински и додаде „Министерството за локална самоуправа има централна улога во следењето и поттикнувањето на одржлив локален и регионален развој како и во развојот, следењето и унапредувањето на меѓуопштинската соработка во државата“.

Работилницата е организирана да обезбеди платформа за заедничка дискусија меѓу претставниците на локалната самоуправа, национални и меѓународни експерти за начините за зајакнување на меѓуопштинската соработка, со цел да се соберат мислења и предлози од различни перспективи и да се даде придонес кон идните реформски политики во оваа област.

„Доколку сакаме општините целосно да ги искористат европските фондови – и претпристапните и идните структурни фондови – мора да ги зајакнеме административните капацитети и механизмите за соработка на локално ниво. Европската Унија не финансира фрагментација. Таа финансира подготвеност, координација и одржливост“, посочи министерот Сали.

Фокусот на сесиите беше ставен на развој на нови и унапредени механизми и политики за зајакнување на меѓуопштинската соработка, анализа на добри практики од национално и меѓународно ниво, како и разгледување на можни измени и дополнувања на правната рамка, врз основа на досегашните искуства и идентификуваните предизвици.

„Токму меѓуопштинската соработка е идентификувана како инструмент за надминување на регионалните и меѓуопштинските разлики, преку искористување на целосниот потенцијал на човечкиот капитал и на ресурсите на микро – регионално ниво, регионално ниво но и прекугранично, во контекст на ЕУ политиките за територијална кохезија“ потенцираше генералниот секретар Јанушев и додаде „Како Влада ги поздравуваме сериозните напори на Министерството за локална самоуправа и другите клучни министерства и засегнати институции во областа, континуирано и посветено да работат за интегрирање на реформски чекори со креирање и спроведување на информирани и одржливи политики во областа на меѓуопштинската соработка“.

Во рамки на работилницата, Јулијана Павковска Боцевска, државен секретар во Министерството за локална самоуправа, имаше презентација на активностите на Министерството насочени кон зајакнување на меѓуопштинската соработка. „Отпочнувањето на процес за унапредување на законското решение кое ја уредува меѓуопштинска соработка е уште еден од низата чекори кои МЛС ги презема во насока на зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи, постигнување на локален одржлив развој и унапредување на децентрализацијата“ нагласи Павковска Боцевска и дополни „Искуствата од бројни европски земји покажуваат дека преку здружување на капацитетите, општините можат полесно да обезбедат услуги како управување со отпад, урбанистичко планирање, противпожарна заштита, инспекциски служби или техничка администрација“.

Најново

Спорт1 час

Црна Гора во 91-та минута влезе во Б-дивизијата

Фудбалерите на Црна Гора ја победија Латвија со 2:1 во петтото коло од Ц дивизијата на Лигата на нации. Црногорците...

Спорт1 час

Англија ја победи Хрватска, Шпанија лесно се справи со Чешка

Англија и Шпанија забележаа победи во Групата 3, во А дивизијата во Лигата на нации. Овие две селекции веќе изборија...

Спорт2 часа

(Видео) Италија ја победи Франција, ја презеде лидерската позиција во групата

Италија ја победи Франција во Милано со 3:1 во натпреварот од 5-то коло од А дивизијата на Лигата на нации....

Свет3 часа

Кејт Мидлтон откри што ѝ помогнало во борбата против ракот: „Имаше добри и лоши денови“

Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, изјави дека природата ѝ помогнала за време на закрепнувањето од болеста, нагласувајќи дека процесот...

Свет3 часа

Маж од Индија лажно пријавил киднапирање на авион бидејќи не сакал да се одвои од сопругата

Маж од Индија е уапсен поради лажно пријавување на киднапирање на авион на „Ер Индија“, откако во тоалетот на авионот...

Свет3 часа

Шефицата на дипломатијата: Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност

Шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајцингер, денес изјави дека Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност, откако...

Свет4 часа

Песков: Европејците се борат како „пајаци во тегла“ штом некој ќе ја контактира Москва

Постапките на Европејците мора да престанат да бидат контрадикторни за Русија да верува во нивната желба за постигнување мир, изјави...

Свет4 часа

Путин се согласи да ја вклучи Европа во разговорите

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда...

Спорт4 часа

(Видео) Де Брујне и Де Кетеларе го поништија голчиштето на Гулер

Репрезентативците на Белгија ја победија Турција во Измир, по пресврт, со 2:1 во натпреварот од петтото коло од А дивизијата...