Контакт

Македонија

Петрушевски: Филипче отворено покажува дека е подготвен да оди чекор подалеку од Заев за исполнување на бугарските барања

Објавено пред

Филипче отворено покажува дека е подготвен да оди и чекор подалеку од својот претходник Заев кога станува збор за исполнување на бугарските барања, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Бугарија продолжува да го оспорува македонскиот јазик, историја и идентитет, Филипче им објаснува на граѓаните дека нема причина за загриженост, затоа што за него националното предавството не е никаков проблем. Наместо да ги осуди ваквите бугарски позиции, тој ги релативизира и создава простор за нивно прифаќање. За Филипче нема црвени линии, нема национални позиции и нема државни интереси кои не би ги ставил на маса доколку процени дека така полесно ќе дојде до власт. Истата матрица ја гледавме кај Заев, а денес Филипче ја нуди во уште порадикална форма“, рече тој.

Според Петрушевски, очигледно е дека Филипче не ја бара довербата од македонскиот народ, туку од оние кои со години вршат притисоци врз Македонија.

„Затоа и е најгласен кога треба да се оправдаат бугарските услови, а најтивок кога треба да се бранат македонските позиции. Граѓаните веќе еднаш ја платија цената на политиките на СДС и Заев. ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот нема да дозволат истото сценарио повторно да се реализира преку Венко Филипче. Македонија нема потреба од политичари кои бараат власт преку национални отстапки, туку од лидери коишто знаат да кажат „не“ кога се загрозени македонскиот идентитет, јазик, култура и историја“, рече Петрушевски.

Најново

Култура30 минути

Три македонски филмови се снимаат летово, четвртиот почнува на крајот на август

Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот...

Македонија58 минути

Македонец во Кушадаси сериозно ги повредил вратните пршлени, со владиниот авион ќе биде пренесен во Скопје

Млад турист од Македонија се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Турција. Тој...

Забава1 час

Нутриционисти ги откриваат најдобрите ужинки за деца

Кога децата ќе огладнат помеѓу оброците, родителите често посегнуваат по колачиња или чипс. Сепак, нутриционистите советуваат дека ужинката треба да...

Култура1 час

„Лабораториум“ го почнува проектот „Лифт“ со бесплатни музички работилници за теремин

Културниот и едукативен центар ЛАБОРАТОРИУМ го започнува новиот проект „ЛИФТ“, културна иницијатива насочена кон развој и поддршка на младата публика...

Свет2 часа

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли воведени за патниците од Шпанија, кои Мадрид...

Македонија2 часа

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, тројца пациенти во критична состојба

Во текот на оваа недела во земјата се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи...

Македонија2 часа

ЗНМ: ОЈО и Судскиот совет итно да утврдат одговорност за неизвршена одлука за заштита на новинарка

Уставниот суд утврди дека Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил одлуката со која на новинарката Наташа Стојановска и беше...

Македонија3 часа

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Северна Македонија и Словачка

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова. На средбата...

Македонија3 часа

Обновено игралиштето во Нерези, Карпош најавува нови инвестиции во урбаната опрема

Општина Карпош продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните...