Македонија
Законот нема методологија за пресметка на платите во културата, истите се движат од 45 до 128 илјади денари, утврди Уставниот суд
Законот за култура нема конкретна методологија за пресметка на платите. Платата, како основно право од работен однос, не произлегува од закон туку од одлука и на овој начин правната сигурност и еднаквоста се доведени во прашање, утврди Уставниот суд.
На 9. седница одржана на 8 април, Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, во целина, склучен на 30.12.2019 година по поднесена иницијатива од страна на адвокат, Томислав Стефков и по сопствена иницијатива поведе постапка за член 78-љ од Законот за култура.
Од уставно-судската анализа на овој предмет произлегле три клучни прашања: дали колективниот договор ја надминува законската делегација, дали воспоставува автономен платен систем без законска рамка и дали обезбедува јасни и објективни критериуми за утврдување на платите.
„Во оваа фаза од постапката Судот смета дека Колективниот договор не се движи во рамките на законското овластување. Не ја разработува законската норма од член 78-љ од Законот за култура, туку воспоставува сопствен модел на утврдување на плати. На овој начин според Уставниот суд, се нарушува владеењето на правото, поделбата на власта и се доведува во прашање законитоста на системот на плати“, соопштија од Судот.
Исто така, пред Уставниот суд основано се поставило и прашањето дека токму пропустот со неуредување на правата на плати и додатоци треба да се бара во членот 76-љ, бидејќи таму е пропуштено да се нормира ова важно прашање.
„Имено, Законот за култура не утврдува конкретна методологија за пресметка на плата, не утврдува коефициенти на сложеност и не предвидува јасна формула за пресметка. Во одредбата нема критериуми, нема методологија, нема граници, односно нема коефициенти. Платата, како основно право од работен однос, не произлегува од закон туку од одлука и на овој начин правната сигурност и еднаквоста се доведени во прашање“, утврдиле судиите.
Пред Судот се поставило и прашањето, дали на пример двајца вработени со исти квалификации, на исто работно место, во иста дејност можат да имаат различна плата само поради различен основач и дали во таков случај вредноста на трудот не ја определува системот, туку буџетот.
Во однос на одредбите, пак, кои се однесуваат на платено отсуство за образование, стручно усовршување и уметнички ангажмани Судот се сомнева дека се воспоставуваат платени отсуства со значително подолг временски опсег, со што се менува законската дистинкција помеѓу платено и неплатено отсуство и се надминуваат законските лимити. На тој начин, велат од Суот, се поставува прашањето дали Колективниот договор не врши само доуредување, туку создава нов нормативен режим кој отстапува од законската структура.
Оспорениот Колективен договор за култура опфаќа 74 национални установи со 1.976 вработени и 49 локални установи со уште 492 вработени, односно вкупно 2.345 вработени во 123 установи, носители на културниот живот во државата.
Станува збор за мрежа од установи: Библиотеката „Браќа Миладиновци“ Скопје, Културно-информативниот центар (КИЦ) Скопје, МКЦ Скопје, Музејот на град Скопје, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Националната установа „Вардар Филм“, Агенцијата за филм, Националната филхармонија, Националната опера и балет, Оркестарот за џез музика, Драмскиот театар Скопје, Македонскиот народен театар, Театарот за деца и младинци, Стоби во Велес, „Охридско лето“, „Струшките вечери на поезијата“, Музејот на современа уметност Скопје, Спомен-куќата на Мајка Тереза и други.
„Согласно прибавените податоци, 45.000 денари е основна плата за најниско звање на помошно-технички персонал до 128.000 денари за највисоко звање на даватели на услуги“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Дебакл на економијата на Мицкоски, странските инвестиции паѓаат, граѓаните со празни фрижидери
Економијата на Мицкоски доживеа дебакал, се фали со „трета економија во Европа“, а во реалноста – тотален дебакл и губење на инвестициониот момент, објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на социјалната мрежа фејсбук.
Во објавата Филипче посочува дека во 2024 година, во периодот на владата на СДСМ, странските директни инвестиции достигнале рекордни 1,255 милијарди евра, а само една година подоцна, под Мицкоски, инвестициите паднале на само 467,5 милиони евра.
„Дебакл на економијата на Мицкоски! Во 2024 година, за време на владеењето на СДСМ, странските директни инвестиции достигнаа рекордни 1,255 милијарди евра, најмногу во историјата на Македонија. Само една година подоцна, под Мицкоски, инвестициите паднаа на само 467,5 милиони евра. Минус од преку 60%!
Нема нови големи инвестиции, нема greenfield проекти, само инвестиции од времето на СДСМ кои се намалуваат. Мицкоски се фали со „трета економија во Европа“, а во реалноста – тотален дебакл и губење на инвестициониот момент.
За животниот стандард најдобро сведочат празните фрижидери на граѓаните.
Инвеститорите знаат дека ова е криминална и корумпирана влада и нејзината политика ги одбива наместо да ги привлече“, стои во објавата на Филипче.
Македонија
(Видео) Опожарени неколку возила под скопското Кале: припадник на Армијата со брза реакција го спречил ширењето на огнот
Припадник на Армијата со брза реакција спречил ширење на пожар под Кале. Од оганот биле зафатени неколку паркирани автомобили на поранешниот полигон за обука за моторни возила, но професионалниот војник кој бил на заминување од рабоното место ги забележал возилата во пламен и веднаш дејствувал.
„Денес, околу 15:40 часот, на поранешниот полигон за обука за моторни возила (наспроти Националната Арена „Тодор Проевски“), професионалниот војник Христијан Божиновски, при заминување од работното место, забележал дека неколку паркирани возила се зафатени од пламен.
Проценувајќи ја сериозноста на ситуацијата и опасноста пожарот да се прошири врз останатите паркирани возила, војникот Божиновски веднаш стапил во контакт со командирот на воениот стадион во Скопје, барајќи поддршка за локализирање на огнот. Припадниците на Армијата кои ја извршувале должноста на воениот стадион во Скопје, веднаш пружале помош, употребувајќи противпожарни апарати од едницата.
Поради големината на пожарот, а проценувајќи дека истиот не може да се угасне, започнале со дислокација на неопожарените возила, со што успеале да го спречат ширењето на огнот.
При интервенцијата, професионалниот војник Христијан Божиновски се здобил со полесни повреди на едната рака, за што му е пружена соодветна медицинска помош.
Со ова дејствување, припадниците на Армијата уште еднаш го покажаа високиот професионален интегритет, како и пожртвуваноста на секој припадник без разлика дали се во униформа или не, секогаш да бидат во служба на државата и граѓаните“, е објавено на Фејсбук страната на АРМ.
Фото: депозитфотос
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Им кажа ли Филипче на сестринските партии дека пет дена славеше во Скопје изборна победа на европска држава, на партија дел од ЕПП
Добро е што Венко Филипче од Блиски Исток сега се концентрира на европски простор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Но тоа не се случи затоа што Филипче се отрезнил и сфатил дека, сепак, фокусот треба да му биде на Македонија и на Европа, туку тоа е резултат на кризата во тој дел на светот, каде што во друштво на Зоран Заев беше чест посетител, инвеститор и сопственик на недвижности и на златна виза.
Туку да го прашаме, им кажа ли Филипче на сестринските партии дел од Партијата на европски социјалисти (ПЕС), дека во Скопје пет дена еуфорично славеше победа во европска држава, каде што убедливо победи партија дел од Европската народна партија (ЕПП)?
Им кажа ли Филипче дека, без никаква задршка, го славеше изборниот пораз на сестринската партија во Унгарија, која освои само околу 1% од гласовите“, прашуваат од партијата на власт. Инаку лидерот на СДСМ, Венко Филипче, претходно од Брселона порача дека проширувањето на ЕУ мора да продолжи.
