Македонија
По повод 8-ми март Иванов организираше прием на жени државни секретари
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 март, организираше прием за жени државни секретари од министерствата на Македонија, кои се клучни во справување со мигрантската и бегалската криза.
На приемот присуствуваше Анастасија Илиеска, државен секретар во Министерството за внатрешни работи, Елизабета Чуповска, државен секретар во Министерството за одбрана, Ана Блажевска државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, Елена Кузмановска, државен секретар во Министерството за надворешни работи и Агнеза Руси, шеф на кабинет во МНР.
Иванов ги поздрави нивните напори, професионалноста и одговорноста во извршувањето на нивните секојдневни обврски во соочувањето и справувањето со предизвиците од мигрантската и бегалската криза во Република Македонија. Македонскиот претседател потенцираше дека Република Македонија и во услови на внатре – политичка поделеност покажа одличен кризен менаџмент и докажа дека може успешно да се справи со сите предизвици на мигрантската криза, како од безбедносен, така и од хуманитарен и политички аспект. Во таа насока, претседателот Иванов изрази поддршка на нивните активности и го поздрави успешното функционирање на државните институции.
Честитајќи го празникот, македонскиот претседател воедно нагласи дека жената е столб на семејството, но истовремено и суштински дел од политичкиот, општествениот, економскиот и културниот живот во Република Македонија.
„Би сакал вам, и на сите жени во Република Македонија да ви ги честитам успесите, бидејќи вашите секојдневни достигнувања се пресликуваат врз македонското општество, правејќи не сите нас горди. Затоа активностите и делата на жената треба да се слават, не само денеска, туку во текот на целата година“, рече Иванов.
Државните секретари изразија особено задоволство од приемот кај претседателот Иванов, посочувајќи дека за нив ова значи признание на нивниот целокупен труд и ангажман во овие кризни моменти со кои се соочува земјата.
Воедно, се заблагодарија за поддршката од страна на Иванов, како и за неговите континуирани заложби и активности во справување со мигрантската и бегалската криза и зачувување на националните интереси на Република Македонија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„СДСМ им ветувала на ДУИ колач од 70 проценти од власта и институциите само за да ги земат на власт“, рече Мицкоски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Охрид пред граѓаните обзнани едно сценарио, една завера која ја подготвува актуелната власт и со која си се лажат себе си дека ќе им успее.
„А, тоа е, ќе имале СДСМ 28 пратеници, а албанските партии ќе добиеле 33 заедно и ќе правеле влада заедно, замислете каква багра е тоа, и како размислува за иднината на Македонија. Нив не ги интересира иднината на државата, туку иднината на нивните фотелји, нема откажување од фотелјите треба да им е слоганот. Дури и им ветувале на ДУИ дека наместо како до сега 50 проценти од државните институции, СДСМ би се задоволиле со 30 проценти, а ДУИ и останатите партии да преземат се до 70 проценти“, појасни Мицкоски.
Мицкоски ги повика граѓаните да излезат во поголем број на изборите и оваа актуелна власт да ја испратат на буништето на историјата каде што и заслужуваат.
„Затоа ве повикувам во што е можно поголем број да излезете и да им кажете што мислите за ваквите нивни сценарија, да има покажеме сите заедно што е и колкава е силата на Македонија и да ги испратиме на буништето на историјата каде што заслужуваат. Излезете на избори и гласајте“, посочи тој.
Македонија
(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа
Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на вечерашниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија.
„Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, додаде тој.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го одолговлекуваат европскиот пат и за тоа ќе го обвинат Брисел, потенцирапе Ковачевски.
„ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Македонија
(Видео) Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега
„Ова е град на непокорот, град од каде се раѓала и негувала македонската револуционерна мисла, град на идеали, вера, истрајност, еснафлук, култура, цивилизација. Од Св. Климент и Наум до Самоил, од Глигор Прличев до Петре Пирузе Мајски. Овде се создавала историја, затоа од овде секогаш почнуваме, поради славните охридски семејства и овој народ тука кој живеел славна историја, која до ден денес ни е патоказ како да ја чуваме и негуваме идејата во која веруваме, а идејата е Македонија!“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва од Охрид.
„Народот доаѓа по своето. Доаѓа по тоа што му е одземено. Доаѓа по Македонија. Да си ја врати во свои раце и да ги отпочне големите промени на свеста, на начинот на живот, на вредностите, со кои ќе покажеме на сите дека можеме, дека знаеме, дека си ја сакаме државата, дека не ја даваме, и дека ние сите заедно, сме силата на Македонија.
Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени.
Но во нас мора да се роди повторно пркосот, не им ја даваме Македонија, не им ја даваме иднината, не им дозволуваме повеќе да си играат со нашите животи и да се коцкаат со животите на нашите деца.
Тргнавме и нема назад, доаѓа цунамито што ќе ги одвее од политичката сцена и ќе ги испрати во заборав на историјата. А историјата може само да ги забележи како лош период во кој заради нив се изгубила човечноста, се уништиле вредностите, се изгубил редот, се изгубила и понижила Македонија.
По ништо друго нема да ги памтиме. Ако ги слушате нив ќе помислите дека живееме во Елдорадо, и сите се среќни и богати, имаат изгубено контакт со реалноста.
Рекордери се во Европа по корупција и криминал, нема извештај што тоа не го потврдува, рекордери по сиромаштија и апатија, рекордери по инфлација, 600 илјади граѓани живеат со само 150 денари на ден, а македонската младина е најнесреќна во Европа. Граѓаните не си одат оттука, тие буквално бегаат од Македонија. И не само Македонците, сите, би рекол најмногу Албанците, затоа што и тие се разочарани од политиките на партијата која е рекордер по години на владеење во светот, ДУИ, и која истовремено на толку сторен криминал нема еден нивен член што е во затвор. Да не должам на темава да ви кажам. Ќе одговарате за се. Дебело ќе одговорате. Не е ова никаква закана. Ова е мое ветување, запаметете го добро. Ви повторувам, ќе одговарате за се што и направивте на Македонија.
Еден пријател Албанец со кого се знам долги години, сме семејни пријатели, ми вели некои имаат впечаток дека со ова што ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа ДУИ му прави услуга на ДУИ и му го качува рејтингот. Јас му велам, не ги потценувај Албанците. Албанците се мудри и еснафи. Гледаат, знаат. И тие не се среќни во Македонија. И нивните деца и внуци си бегаат надвор. Сигурно не бегаат затоа што ДУИ добро владее. Напротив. Бегаат затоа што гледаат дека од ДУИ бел ден не можат да видат. Им пречи што се краде, а тие се секој ден се посиромашни, им пречи што Артан вози коли на фирми кои добиваат тендери по институциите, додека тие едвај врзуваат крај со крај, им пречи што нема учебници во училиштата затоа што фирма блиска до Артан зела тендер за печатење учебници и си поделиле пари, а книги нема. И на Албанците како и на Македонците им пречи што сите продукти во продавниците се поскапени до облаци. И имаме највисока инфлација во регионот. Од лидери во регионот станавме последна дупка овие 6 и половина години. Овие 6 и половина години се години на пропаст, и со право кај и да одиме луѓето, Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите, буквално сите граѓани ни велат дека немаме држава, веќе ја немаме Македонија онаква каква што ја сакаме.
Власта на ДУИ со нивните пудлици од врвот на СДСМ ја уништија Македонија. И сега е моментот. Или народот ќе си ја врати во свои раце или целосно ќе се изгуби. И ние како генерација мора да разбереме дека ова тешка задача историска ни е доверена на нас. Ни доаѓа во наше време.
Проблемите не ги одбираат луѓето ни времето во кое доаѓаат. Сега дошле. И наша е одговорноста да ги решаваме и да направиме подобро.
Да има раст и развој, да има соживот, да има среќен и задоволен народ.
Ветуваа живот – го уништија животот на илјадници луѓе, ветуваа Европа, не заглавија во корумпирана држава без пасоши, ветуваа просперитет и благосостојба донесоа апатија и разочарувања.
Од толку многу скандали кои некогаш се и по два три дневно, не можеме веќе и да се сетиме на сите не може да се сетиме на сите глупости што ги направија, но ако не може да се сетиме не значи дека чувството на разочараност не напуштило или дека гневот што ја урнисаа државата ќе ни помине“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.