Контакт

Македонија

Почина Јован Павловски, македонски писател и новинар

Објавено пред

Денес, 24 јуни 2026, во Скопје почина Јован Павловски, македонски енциклопедист, поет, раскажувач, романописец, писател за најмладите, публицист, во три мандата претседател на Друштвото ан писателите на Македонија, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во „Нова Македонија“, нејзин дописник од Париз и Москва.

Јован Павловски е роден во Тетово, на 10 септември 1937 година. Од 1980 до 1986 г. е професор по теорија и практика на новинарството на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 год, во три мандати (1992-1994, 1994-1996, 2007-2008) негов претседател, член на Македонскиот ПЕН центар. Автор е на педесетина (прво издание) книги. Автор е на поетските збирки Август (1961), Медеја (1969), Идентитет (1974), Оксидирања (1983), Прераскажување на ентитетот (1985), Строгоста на живеењето (1988), Препознавање: Зрело доба (1993); Последните 48 часа на професорот по историја (1993), Стварна промена (1996), Одработен страв (1999), Кревкото тело на Кирил Пејчиновиќ ( 2000), Стравот на професорот (2001). Повлекување на стварноста (1997), Поезија (1998), Песни, многу важни песни (избор поезија за деца, (1998), како и ан романите Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко (1972, четири изданија на македонски, прва награда на конкурсот на ИК „Наша книга“ Скопје; Рациново признание; превод на српско-хрватски – Белград; на унгарски – Нови Сад; на руски – Минск), Сок од простата (шест изданија, награда за најчитана книга, 1991, превод на српски – Смедерево), Проверка на слободата (награда „Стале Попов“ на ДПМ, 1998) Град, години, луѓе (2014). Автор е на книгите за деца Мишо ишо шо о (1972, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади), На сите свететски страни само Ани, само Ани (1980, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади); Тевеѕирка (1994), Река-а- а! (1996). Автор е на редица други прозни и поетски изданија.

Како публицист, Јован Павловски ги потпишува Бев со нив (прва книга интервјуа во македонското новинарство, 1977, награда „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, две изданија), Гемиџиите (1977), седум изданија), Судењата како последен пораз (1978, четири изданија, награда за публицистика „Мито Хаџивасилев – Јасмин“), Огнено семејство (1987, пет изданија), Од првична идеја до држава (1993, соавтор: Мишел Павловски), Историскиот континуитет на името Македонија и Македонци (1993), Македонија (историски практикум, две изданија, соавтор: Мишел Павловски, 2000), Факти за Македонија (2005, заедно со Мишел Павловски), Facts about Macedonia (2005, на англиски, заедно со Мишел Павловски), Македонија, минато, историја, сегашност, (2005, заедно со Мишел Павловски, единаесет изданија за Македонија од неолитот до денес на македонски, англиски, руски, француски, германски, италијански, српски (латиница), бугарски, албански, турски, грчки, и редица други, главно поврзани со конструирањето на македонскиот идентитет и борбата на Македонецот за сопствена држава

Како енциклопедист, Јован Павловски е главен уредник на Личности од Македонија (Петар Карајанов, Христо Андоновски, Јован Павловски, соавтор и уредник, 2000, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Сто македонски години (група автори, соавтор и уредник, 2003, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), „Ми-анова енциклопедија, општа и македонска“, во четири тома (група автори, соавтор и уредник, 2006, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Кратка Ми-анова енциклопедија, ликовна уметност (2007, група автори, соавтор и уредник Јован Павловски), четири тома хронолошка енциклопедија за историјата на Македонија од неолитот до 2003 г., група автори, соавтор и уредник: Јован Павловски редник: Јован Павловски) и други

Носител е на Рациново признание, „Стале Попов“, награда на КПЗ на Македонија за најчитан автор во 1991 г. , награда на Радио Скопје за најдобра годинашна книга за најмлади (трипати), „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ за публицистика (двапати), „13 Ноември“ награда на град Скопје, Златна плакета на град Тетово, „19 Ноември“ награда на град Тетово, Поетско жезло, признание Духовен воин, „Крсте Мисирков“ за животно дело, награда на НИП „Нова Македонија“ за животно дело, прва награда „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија, годишна награда на неделникот „Пулс“ (двапати), Златно перо за превод на поезијата на Ајги, Гоцева повелба, Како и наградата „Климент Охридски“ за култура и уметност. Одликуван е со Орден на Републиката со сребрени зраци

Шеесетгодишното присуство на Јован Павловски во македонската култура може да се појми преку трите негови доминантни области на создавање: литературата, во тие рамки прозата и поезијата, неговиот значаен ангажман како енциклопедист и неговата новинарска и публицистичка дејност.

Во македонската проза Јован Павловски влегува агресивно – неговиот дебитантски роман „Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко“ (награда „Рациново признание“) е определен како првиот македонски политички роман, за кој академик Георги Старделов ќе рече: „По појавата на романот ‘Тоа Радиовце’, македонската проза никогаш повеќе нема да биде таква каква што беше!“ За „Радиовце“, веднаш по излегувањето на книгата, се јавува и академик Милан Ѓурчинов. Тој вели: „Исполнет со остар критичен набој, насочен кон бездушноста на општеството кон своите некогашни јунаци и градители, романот ‘Тоа Радиовце…’ се разликува од еднонасочните визури на т.н. политички роман“.

Култниот роман на Јован Павловски „Сок од простата“, веднаш по појавувањето во 1990 година, ги разбранува литературните и културните води во Македонија. Во една од првите реакции на изданието, Миодраг Друговац за „Сок од простата“ напиша дека тоа е „едно од најоригиналните дела на македонската и југословенската литература, скапоцен алем-камен во мозаикот на нејзините вредности. Тоа е еротичко дело што фасцинира!“ Петар Т. Бошковски подвлекува дека „романот [„Сок од простата“] на рамниште на модерен жанр, на главна врата ја внесува еротиката во современата македонска литература, ја внесува со достоинство на комплетно остварување, кое ја има енергијата на неодоливата уметничка мотивираност и инспирација, и кое носи печат на авторска оригиналност“ Впрочем, на одобрувањето на критиката ѝ се придружија и читателите: „Сок од простата„ беше најчитана книга во времето на нејзиното објавување, беше прогласена за најчитана книга во Србија, а до денес има седум изданија на македонски јазик, како и редица преводи на други јазици.

Реномираната „Хрватската енциклопедија“ на Лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“ од Загреб, „Сок од простата“ го определува како првиот македонски еротски постмодернистички роман: „Јован Павловски е тематски преокупиран со личното и колективното (национално) постоење, идентитетот и ентитетот во минатото, сегашноста и иднината, односот на животот и смртта, сексуалноста и еросот. Неговата контемплативна и самореференциска поезија се карактеризира со тематска иновација и организирани збирки. Во романите, тој е склон кон документарност, натуралистички описи, цитати и ликови на несубверзивни губитници. „Сок од простата“ е првиот македонски постмодернистички еротски роман.“.

Најново

Регион56 минути

Директорот на „Рајанер“: Ќе го оспориме тврдењето дека патникот од Србија бил делумно надвор од прозорецот

„Рајанер“ ќе ги „оспори“ тврдењата дека дел од телото на патник за време на лет завршило надвор од авионот откако...

Забава1 час

(Видео) Бред Пит се појави на проекција, неговиот стајлинг веднаш привлече внимание

Бред Пит (62) се појави во вторникот во Лос Анџелес на проекцијата на својот нов филм „Heart of the Beast“....

Свет2 часа

Тимот на Меланија реагира на гласините за наводната афера на Трамп со асистентката

Кабинетот на првата дама, Меланија Трамп, реагира на медиумските шпекулации за односот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговата асистентка...

Свет3 часа

Трамп објасни зошто САД не смеат да дозволат Иран да дојде до нуклеарнo оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаше да го бомбардира Иран доколку Техеран веќе поседуваше нуклеарно оружје, туку тој...

Свет3 часа

Кремљ: Киев ја отвори Пандорината кутија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина, како што тврди, продолжува со „провокации“ со цел подлабоко да ги...

Македонија3 часа

Шасивари – Соријано Ортиз: Продлабочување на соработката со Шпанија во реформите на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз. Министерот Шасивари го...

Свет3 часа

(Видео) Странски товарен брод се запали во Кина: загинаа најмалку 20 лица; се огласи и претседателот

Тешка несреќа се случи утринава во кинеското пристаниште Кингдао, каде што најмалку 20 лица загинаа во пожар на странски товарен...

Забава3 часа

Шерон Стоун откри зошто живее во целибат: „Веќе не барам некого само за секс“

Шерон Стоун отворено зборуваше за својот љубовен живот, признавајќи дека подолго време практикува целибат бидејќи повеќе не се задоволува со...

Спорт3 часа

Душан Тадиќ повторно ќе игра за Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ го убедлил Душан Тадиќ да се врати во националниот тим, тврди Спорт...