Контакт

Македонија

Починати, отселени, лажни лица биле корисници на социјална помош, соопшти Мицкоски

Објавено пред

Повеќе од 4.500 лица биле откриени како спорни корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски анализирајќи го делот на социјалната политика.

„Дојдовме до едно интересно откритие при анализа на ГМП – корисници на гарантирана минимална помош или социјална сигурност, овој месец фактурата, по спроведена детална анализа, но и проверка на терен, во споредба со истиот месец минатата година е помала за 200 милиони денари. Е, сега, сигурно си го поставувате прашањето „Како е тоа можно?“ Можно е затоа што корисници биле, за жал, починати, отселени, лажни луѓе и така натаму. Значи, ние од буџетот сме трошеле повеќе од милијарда-милијарда и пол фиктивно на корисници за гарантирана минимална помош и социјална сигурност. Уште не сме дошле до другите корисници“, истакна Мицкоски посочувајќи дека до сега биле откриени 4,5 илјади лажни корисници на ГМП.

Таа реформа, нагласи, е 25 милиони евра.

„Некој ќе рече: „Добро, па тоа е обична проверка, за каква реформа вие зборувате?“ Реформа која е 25 милиони евра. Ние денеска правиме спектакли за инвестиции многу помали од 25 милиони евра годишно. А ние кога ќе го анализираме ова и кога ќе го ставиме во овој процес, ќе дојдеме до ситуација во која ако овде заштедиме 25 милиони, ако онде заштедиме 25 милиони или на трето место 25 милиони, ете ги реформите, ете ги парите како ние можеме да инвестираме во капитални инвестиции, кои потоа нам ќе ни донесат можности за да привлечеме инвестиции што ќе генерираат поголем профит“, рече Мицкоски.

Мицкоски во своето обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светската банка – „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“ оцени дека во изминатите 27 месеци од изборот на оваа Влада, просечниот раст е над 3,5 проценти на реална основа во услови кога кај, како што рече, нашиот најголем трговски партнер, Европската Унија или еврозоната, се движи помеѓу 1 и 1,2 процент. Тоа според него е трипати повеќе во споредба со просечниот раст кај нашиот најголем трговски партнер – потенцира Мицкоски.

Навраќајќи се на 2006 и 2008 година, кога државата имала поголем раст, Мицкоски посочи дека тогаш растот насекаде бил толкав.

„Ако го анализираме третиот квартал од оваа година, вчера Државниот завод за статистика ги објави податоците за увоз-извоз, ние веќе втор месец од третиот квартал, покрај јули и август, имаме 11,5 проценти раст на извозот, 8,5 проценти раст на увозот. Значи, извозот побргу се зголемува отколку увозот, не во номинални средства, бидејќи сме увозно зависна земја. Но сакам да кажам дека во услови кога ги имаме најголемите предизвици во светот, во услови кога имаме две војни во соседството, кога ја имаме најголемата енергетска криза, не според македонската Влада, туку според Фатих Бирол, директорот на Светската енергетска агенција, во услови кога имаше итен состанок на Г7-земјите, бидејќи една од членките во 15 проценти од пумпите немаше дизел-гориво, во услови кога постоеше можност да имаме забрана од една од членките на Г7 за извоз на дизел-гориво, ние сепак успеваме да обезбедиме стабилна цена, најниска во Европа, и тоа ни овозможи да ја консолидираме инфлацијата. Во јули 2,3 %, во август 2,6 %, во услови кога европскиот просек во јули е 2,9 %, а во август е 3,3 %. Евростат објави прелиминарни процени за септември – 3,8 %. Нас нè убедуваа дека е увезена инфлацијата, е па можела и да не биде увезена инфлацијата“, изјави Мицкоски.

Според анализите на Државниот пазарен инспекторат, премиерот очекува кај храната и безалкохолните пијалаци инфлацијата во септември да се движи меѓу 1,5 и 2 отсто на годишно ниво.

Одредена можност за високоплатени, квалитетни работни места, кои ќе придонесат позитивност во македонската економија, премиерот очекува државата да добие со изградба на податочни центри за кои веќе имало пет-шест заинтересирани инвеститори.

Според Мицкоски, вештачката интелигенција и податочните центри се неминовен процес и смета дека државата ќе може да понуди услуга на потенцијалните инвеститори.

„Колку и да имаме ретроградни сили, кои ќе нè влечат назад, ние како Влада сме одлучни овој процес да го туркаме напред и ќе одиме до крај во негова реализација бидејќи тој е неповратен. Честопати јас во своите говори го кажувам тоа дека не е веќе наука на иднината, не е индустрија на иднината, туку тоа е индустрија на сегашноста. Во 2040 или 2050 ќе зборуваме за некои други уште понапредни технологии од оваа супер интелигенција или вештачка интелигенција“, нагласи Мицкоски.

Владата, како што нагласи е фокусирана и работи на адаптација на одредени закони.
„И од заинтересираните посериозни пет-шест инвеститори, половина ако се реализираат, веќе можеме да зборуваме за извоз на услуги што ќе се мерат во стотици милиони долари или стотици милиони евра.

Така што, овој процес е неповратен и тука нема назад, без разлика каква и да биде и колку и да биде силна јавната дебата, бидејќи ако ние не го искористиме, тогаш ќе го искористи некој друг, ако ние не го препознаеме, тоа веќе го препознаваат многу земји во светот“, вели тој.

Премиерот во своето обраќање за извештајот за раст и работни места на Светската банка, за кој рече дека е добра основа за понатамошни реформи што Владата треба да ги дозаврши, се осврна на инфраструктурните проекти што се реализираат, како што се експресните патишта, автопатските делници, железничкото поврзување, како и енергетски поставените цели и гасификацијата и оти со нивно завршување значително ќе се зајакне геостратешката положба на земјата.

Најново

Спорт3 часа

Раул Гонзалес го напушти РК Партизан

Во ист ден, ракометниот клуб Партизан остана без претседателот на Управниот одбор, тренерот, Раул Гонзалез и еден од најдобрите ракометари,...

Спорт4 часа

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб. „Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал...

Спорт4 часа

Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во...

Свет4 часа

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет4 часа

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет5 часа

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет5 часа

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија5 часа

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија5 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...