Македонија
„Пола ВМРО-ОКГ веќе има бугарски (европски) пасоши, затоа и не смеат да го изгласаат законот кој сами го предложија“, велат од СДСМ
„ВМРО-ОКГ поднесе предлог-закон за пратениците од следниот состав да не може да имаат двојно државјанство. СДСМ предложи истиот закон да важи веднаш, а не од следниот состав на Собранието, и да важи за сите членови на Владата и носители на извршна власт. СДСМ поднесе и измени на Законот за Влада во Собранието“, велат од СДСМ.
„Од тој момент Мицкоски се повлече, ретерираше, се правдаше дека „мораат експерти да го проверат законот и Уставот“. Само уште не знаеме – кој Устав гледаат? Македонскиот или бугарскиот?
Ова е вистинското лице на лажниот патриотизам на ВМРО-ОКГ: Се создава вештачки конфликт со Бугарија, опозицијата ја нарекуваат „предавници“, а самите си обезбедуваат бугарски пасоши за себе и за своите семејства.
Пола ВМРО-ОКГ веќе има бугарски (европски) пасоши, затоа и не смеат да го изгласаат законот кој сами го предложија. Македонскиот идентитет не е загрозен од Европа.
Најголемата закана за македонскиот идентитет е криминална група ВМРО, партијата која го користи за пропаганда, а самата живее со бугарски пасоши во џеб. Сè што прават е лага и лицемерие во служба на одржување на моќта и заштита на криминалот. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство продолжува со поддршка и унапредување на статусот на медицинските сестри и акушерки
Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на националната и европската недела на медицински сестри и акушерки, ја истакна клучната улога на медицинските сестри, техничари и акушерки како јадро на здравствениот систем – од превенција и дијагностика, до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства.
-Министерството за здравство е посветено на зајакнување на човечките ресурси во јавните здравствени установи, при што се реализирани над 1.250 вработувања во јавноздравствениот сектор, од кои значителен дел се медицински сестри. Во насока на подобрување на економската состојба на здравствените работници, минатиот месец е потпишан колективен договор со Синдикатот на вработените во Клиничкиот центар и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, со кој е предвидено покачување на платите од 7 проценти со мартовската плата, како и утврдена динамика за натамошен раст на платите во наредниот период, истакна министерот Алиу во обраќањето на свечената академија, во организација на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки ЗМСТАМ.
Министерството останува посветено на континуирана надградба на здравствената инфраструктура, унапредување на статусот на медицинските сестри и акушерки, како и поддршка на нивното образование и професионален развој.
Македонија
(Видео) Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека премиерот Христијан Мицкоски изнесува неточни тврдења за статусот на македонскиот јазик во европските процеси.
Тој оцени дека, како што рече, Мицкоски „лаже“ кога зборува за загрозување на јазикот.
„И кога го спомнувате јазикот. Многу битна тема, поради тоа што многу често се користи како изговор, премиерот го спомнува идентитетот, јазикот и така натаму. А тоа е само уште една тема на којашто гледаме дека човекот е лажго. Премиерот лаже. Прво, кажуваше дека со владата на Зоран Заев нема да добиеме датум за преговори, па добиваме. Па кажуваше дека јазикот е загрозен со Преспанскиот договор, дека имало некакви фусноти и така натаму, што излезе дека е лага. Па да повторам дека лажеше дека ќе го поништи и не го признава Преспанскиот договор. И после тоа дојде Францускиот предлог, во којшто јасно стои дека македонскиот јазик го признаваат сите земји членки на Европската Унија. Во Францускиот предлог, односно точно во преговарачката рамка стои македонски јазик. И со тоа бугарскиот парламент ја изгласа преговарачката рамка за нас. Таму стои македонски јазик. Ниту како е цитирано во Уставот, ниту фуснота. Чист македонски јазик“, потенцираше Филипче.
Со тоа, паѓа во вода и таа лага на премиерот дека некако македонскиот јазик е загрозен, додаде претседателот на СДСМ, потенцирајќи дека во преговарачката рамка стои чист македонски јазик, изгласан од сите земји членки на Европската Унија
„И тоа е вистината. И тоа граѓаните мора да го знаат. Да не ги лаже веќе премиерот дека тој е некаков голем патриот. Тој е лажен патриот“, заклучи Филипче.
Македонија
(Видео) Филипче: Мицкоски намерно ја турка Македонија во изолација за да ја заштити криминалната банда
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека власта предводена од Христијан Мицкоски намерно ја турка Македонија во изолација, со цел, како што рече, „да ја заштити криминалната банда“ и да го закочи европскиот пат на државата.
Филипче изјави дека вистинската закана за националниот идентитет не доаѓа од уставни измени, туку од криминалот и корупцијата.
„Македонскиот национален идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот. Македонскиот национален идентитет го загрозуваат криминалот и корупцијата. Христијан Мицкоски и неговата криминална група ВМРО мора да разберат дека граѓаните многу јасно гледаат што прават. Намерно сакаат да изолираат земјава од Европа за да сочуваат својата криминална банда на власт. Вметнувањето на малцинствата во Уставот со цел да се почитуваат нивните права не е загрозување на македонскиот национален идентитет. Напротив, тоа е зацврстување на нашиот национален идентитет“, рече Филипче.
Тој кажа дека продолжувањето на европскиот пат ќе значи примена на европските стандарди и правда.
„Затоа што продолжувањето на европскиот пат значи примена на европски закони и правда. Значи европско јавно обвинителство пред кое нема да можат да командуваат ниту од собраниска говорница, ниту пак преку нивните јавни телевизиски настапи. Значи крај на наместените тендери, на партиски вработувања, на државни, народни, граѓански пари. Мицкоски и неговата група свесно ја блокираат европската иднина на Македонија за да ја продолжат кражбата на народните пари. И токму затоа националниот идентитет им служи само како изговор за да ја зачуваат власта и да продолжат со своите криминални интереси“, рече Филипче.
