Контакт

Македонија

Полицијата одзеде шест автомобили и лиши од слобода 13 возачи

Објавено пред

На подрачјето на целата држава во текот на вчерашниот ден полициските службеници лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од нив, четири возачи (од Скопје, Свети Николе, Радовиш и Богданци) управувале возило под дејство на алкохол. Шест возачи (од Скопје, Македонски Брод, Гостивар и Струга) управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека двајца возачи од Кичево управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување. Еден возач од Скопје управувал мотоцикл без да поседува возачка дозвола, а мотоциклот бил и без регистрација.

Во два од случаите возачите кои биле под дејство на алкохол предизвикале и сообраќајни незгоди. Лице од Свети Николе, кај кое биле констатирани 1,96 промили алкохол во крвта, удрило во бетонски ѕид, додека возач од Богданци, кај кого биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта, излетал од патот.

Во еден од случаите во Скопје било сопрено возило кое возачот го управувал без возачка дозвола, при што било утврдено дека се работи за такси возило со кое вршел превоз на патници.

Притоа, одземени се и шест возила. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи потсетува дека безобѕирното управување со возило, особено под дејство на алкохол, без возачка дозвола или и покрај изречена забрана, претставува сериозно кршење на законите и директна закана за безбедноста во сообраќајот. Надлежните служби ќе продолжат со засилените контроли и со доследна примена на законските мерки со цел заштита на животот и безбедноста на граѓаните.

Најново

Свет44 минути

СЗО чека одговор од Русија за смртта на лаборантката, сомнежите за белодробна чума остануваат непотврдени

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште чека официјални информации од руските власти за дијагнозата на лаборантката од Сибир, чија смрт...

Македонија48 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври да бидат водилка за денешните генерации

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, оддавајќи им почит на борците од Народноослободителната борба...

Македонија52 минути

СДСМ: Македонија не е каса за провизии, иднината е во Европа, правда и слобода

Антифашизмот не е само споменик, туку обврска за слобода, правда и достоинствен живот, порача опозициската СДСМ по повод 11 Октомври...

Македонија56 минути

Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Имаме обврска да градиме демократска, правна и просперитетна држава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека жртвата на востаниците и партизаните е...

Македонија59 минути

Од утре под лупа на „Безбеден град“ и возачите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, ќе почне да функционира и во Охрид, Струга, Кичево и...

Македонија1 час

ЛДП: За владините функции има пари, а за судии и обвинители нема

Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од...

Македонија2 часа

Попова Шапка и Берово со најниска утринска температура од 8 степени

Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, со измерени минимални температури од 8 степени Целзиусови. Температура од...

Свет2 часа

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ...

Македонија3 часа

Македонија го чествува 11 Октомври – Денот на народното востание

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен...