Политика
Ахмети: Се работи на план Б по одлуката на Иванов
Се работи на план Б откако претседателот Ѓорге Иванов не му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави во петок претседателот на ДУИ Али Ахмети, пред почетокот на состанокот на Централното претседателство на партијата во Мала Речица.
Тој не откри други детали за што ќе се дискутира на состанокот, но извесно е дека главна тема ќе биде одбивањето на Иванов да му го даде мандатот на Заев и каква позиција да заземат интегративците.
„Мислам дека платформата на политичките партии на Албанците е изјава која е злоупотребена. Добро е да не се шпекулира, добро е да не се плаши јавноста, бидејки платформата е изјава која произлегува од политичките партии, и тука нема ништо лошо, нема ништо што е надвор од Уставот. Треба да се разговара со сите политички партии за да се надмине состојбата. Не треба оваа изјава да претставува, некој вид на поделба на политичкиот електорат и да нема судир по ниту една основа“, изјави Ахмети. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
