Политика
Вељаноски: СЈО докажа дека е партиски огранок на СДСМ/Сорос

Катица Јанева донесе уште една срамна и безобразна одлука за да го спаси нејзиниот штитеник, Зоран Заев. Вообичаено, Катица Јанева срамните одлуки ги носи пред празник, надевајќи се дека празниците ќе го покријат нејзиното партиско и политичко постапување, рече во среда на прес конференција Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Истото го направи во декември 2014-та година, кога го ослободи од притвор Зоран Верушевски. Истото го направи и денеска, ден пред православниот празник Водици. Специјалното јавно обвинителство е партиски огранок на СДСМ/Сорос. Катица Јанева не е обвинител кој работи независно и согласно закон, туку по наредбите на Зоран Заев и нарачателите од странство“, рече Вељаноски.
Тој уште додаде дека од денеска Катица Јанева влегува во нова улога, односно, како што рече, таа и СЈО почнуваат да го бранат и прикриваат криминалот.
„Со денешната одлука да го повлече обвинението за предметот „Пуч“ Катица Јанева застана зад обвинетите Заев и Верушевски кои се обидоа да ја заобиколат волјата на народот и без избори, со уцени со незаконски стекнати и монтирани материјали, да се дограбат до власт. Катица Јанева го игнорираше и признанието на еден од обвинетите кој го опиша злосторничкото здружение на Верушевски и Заев и веќе ја издржува затворската казна. Катица Јанева ја игнорираше и скајп комуникацијата меѓу обвинетите во која што најавуваа крв по улиците и украинско сценарио“, рече Вељаноски.
Според него, Катица Јанева со денешната одлука потврди дека основната задача на СЈО не е расчистување на скандалот со незаконското прислушување, туку вклучување во политичката битка.
„Основната задача на СЈО беше да ги расчисти кривичните дела кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Со денешната одлука СЈО целосно се делегитимираше и самото се откажа од основната функција за која што е формирано. Веќе немаме никакви дилеми дека СЈО е партиски огранок на СДСМ и дека не постои никаква натамошна причина за негово постоење во правниот систем“, рече Вељаноски, додавајќи дека од денеска „Зоран Заев е криминалец кој е аболициран по втор пат“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовски: Во Скопје сум, да не ме мислат од СДСМ, сликата е од поодамна

Гледам ме споменуваат СДСМ на прес-конференции дека сум на одмор во моментов, да не ме мислат, не сум на одмор, во Скопје сум долго време со работни обврски и тоа го знаат и самите бидејќи молчеа за цензурата на нивната министерка за која ги прозивав изминатиов период, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, по информацијата од СДСМ дека тој летува на Монте Карло.
„Имено, да, се работи за слика од поодамна годинава и бидејќи ги интересира моето патување таму, еве ќе им објаснам. Бев на приватно патување со семејството на гости кај најблиски роднини од потесното семејство на мојата сопруга (нејзин дедо, татко на нејзин родител) кои живеат во Франција и сакаа да си го видат правнукот (син ми), бидејќи се повозрасни и со ковид-кризата и нивната возраст не го имаа видено откако се роди. Бидејќи живеат повеќе од 50 години во Франција и стекнале имот таму, летниот период си го поминуваат кај нив, секогаш изминативе 20 години, на местата кои ги споменуваат господава од власта дека сум ги посетил. Ако толку ги интересира, бидејќи на таа локација бев неколку денови и тоа на гости кај дедо на сопругата, морам да им потенцирам дека не потрошив повеќе отколку еден просечен одмор на кој било функционер на власта и СДСМ“, вели Арсовски.
„Но, сликата од мене и сопругата во моментов на СДСМ им е поважна за да се дефокусира целата јавност од реалните проблеми, а тоа се:
– историски најлошо менаџирање на власта
– историски највисок степен на корупција
– распродавање на национални интереси
– штетен протокол со Бугарија
– наместени тендери од прв до последен за провизии на луѓе блиски од СДСМ
– најзадолжена држава во регионот
– најнеуспешна Влада што постоела
– историски најниска доверба во судството од 8%
– покачувањето на даноците, инфлацијата и задолжувањето
– илјадници починати поради лошо здравство, од кое се обогатија со провизии крвавите раце на СДСМ
Никогаш не сум имал намера да се објаснувам за ништо, но во моментов го правам тоа затоа што се работи за дефокус и лага дека сум во моментов таму на одмор и дека се работи за луксуз и бидејќи мислам дека јавноста заслужува да знае кај сум бил, иако не сум носител на никаква државна функција и никогаш не сум бил и иако ова што го пишувам, тие што ме познаваат го знаат уште од моментот кога сум во брак“, додава Арсовски.
Ако мојата посета кај роднини е потрагична од сè што се случува во државава, додава тој, тоа е доволен показател дека власта дефокусира од реалните проблеми.
„И, да, со напади кон мене лично и моето семејство во обид за деградирање без ниту еден аргумент, во ниту еден случај нема да ме замолчат.
Затоа, од сега најавувам, многу набрзо јавноста ќе дознае за уште еден криминал на власта, криминал кој го имаат направено криминалците од СДСМ.
Мојот одмор чинеше ич пари, за разлика од милионите евра кои ги украдовте од народот, на криминален начин порадо кој ќе продолжам да се борам за да одговарате.
Воедно да им порачам да не бидат лицемери колегите од СДСМ, ваквите хајки што ги нарачуваат против мене ги нарачуваат од луксузните плажи и луксузни хотели, платени со парите на народот. Има разлика нели?“, прашува Арсовски.
Македонија
МОН го повлекува учебникот по Социологија за втора година гимназиско образование

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник – учебникот Социологија за 2-ра (втора) година гимназиско образование. Во законски рок од 10 дена, Комисијата треба да го достави предлогот до министерот за образование и наука. Формирањето на комисијата следи по забелешките од јавноста, особено од стручната фела.
Инклузивниот процес за подобрување на квалитетот на едукативните содржини и за елиминирање на дискриминација и стереотипи, е најефективен и затоа МОН овозможува јавноста да биде вклучена во процесот на отстранување на грешките од различна природа и несоодветните содржини во учебниците. Информираме дека е креирана и адреса на е-пошта ([email protected]) каде можат да се испраќат коментари и забелешки за учебниците што се во употреба.
Во изминатиот период беа донесени неколку одлуки за повлекување на одобрени учебници, за кои имаше реакции. Со темелната реформа на образовниот систем, што предвидува изготвување на нови наставни програми, ќе бидат изработени и нови учебници и материјали за учење по сите предмети. Во тек е постапка за набавка на учебници по сите предмети од прво, второ, четврто и петто одделение, за кои се изготвени нови наставни програми, а согласно планот за реформирање на основното образование“ велат од МОН.
Македонија
Каевски: Реализираме стратешка цел, во ЕУ влегуваме како Македонци

„За пет години, СДСМ успеа да ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата. Преку одговорен, државнички пристап успеавме да ги тргнеме сите пречки и Северна Македонија да стане 30-та членка на НАТО. По 17 години кандидатски статус, конечно и сосема заслужено ги почнавме преговорите за членство во Европската Унија“, рече на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.
Тој вели дека „сето ова го постигнавме со зачуван македонски јазик со чиста формулација, со заштитен македонски идентитет признат од целиот свет. Во ЕУ влегуваме како Македонци што зборуваат македонски јазик и тоа веќе се гледа и преку првата меѓувладина конференција и преку процесот на скрининг“.
„Сега кога прашината од хистеријата падна, јасно се гледа дека пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет. Нема никаква асимилација и бугаризација со кои ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја плашеа јавноста. Но, и покрај тоа што сите нивни лаги се демантирани, од белиот дворец продолжуваат да шират невистини и да измислуваат конструкции“, вели Каевски.