Политика
(ВИДЕО) Шилегов: Реплицирањето сами на себе е кршење на Деловникот на Собранието на РМ
Пратеникот на СДСМ Петре Шилегов посочи дека граѓаните се сведоци кој сака да ја продолжи кризата и да ја држи во заложништво Република Македонија и сите нејзини граѓани.
„Реплицирањето сами на себе е кршење на Деловникот на Собранието на Република Македонија. Очајот кој го покажува малцинството во Парламентот и стравот кој се гледа кај Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорноста која следува за сите криминали е премногу дури и за ВМРО-ДОПМНЕ.Парламентарното мнозинство има обврска кон граѓаните да не дозволи натамошно блокирање на демократските процеси, вклучително и ова блокирање на Собранието“, изјави Шилегов во понеделникот.
„Ако дозволиме ова блокирање да продложи додека Груевски се сонча на Малта и ги шета Мајбах наочарите, за кратко време ќе колабира системот. Студентите ќе немаат стипендии, земјоделците ќе немаат субвенции, пензионерите ќе немаат пензии, администравците нема да земаат плата. Домашната економија и фирмите не можат повеќе да се борат со неликвидноста бидејќи се во ненормално тешки услови за своето функционирање“, потенцира Шилегов.
Уште еднаш апелираме, потсетува пратеникот на СДСМ, веднаш да се прекине дрското и безобразно кршење на Деловникот преку неделовнички реплики сами на себе.
„Очигледно е дека единствената платформа на ВМРО-ДПМНЕ е уништување на
Македонија и интересите на нејзините граѓани. Должност на парламентарното мнозинство е да ја преземе одговорноста и да избере претседател на Собранието. Во секој друг случај ќе бидеме соучесници во разнебитувањето на Македонија. Напоменуваме, имаме парламентарно мнозинство и тоа ќе ја исполни својата обврска“, рече Шилегов../крај /мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
