Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Да беше СДСМ кадарна, немаше Куманово да биде најзагаден град
Да беше СДСМ кадарна искрено да го решава случајот со квалитетот на воздухот тоа ќе го направеше во општината Куманово каде СДСМ владее 12 години по ред, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ џабе сее магла, јавноста виде каква е загаденоста во Куманово. Оваа општина денес е најзагадената во Македонија и Европа и е за 50% поголема од било кој друг град во државата. СДСМ и соросовите платеници од таканаречените невладини организации за овој случај молчат, но нивното лицемерие е гласно. Се покажаа како целосна лага и виртуелни ветувања, проектите за наводна гасификација на Куманово“, се вели во реакцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Куманово денес е најзагадениот град поради сообраќајниот хаос, урбаната мафија со диво градење, нехигиената.
„Владата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во идниот период ќе ги реализира проектите кои што ги изгласаа граѓаните, а кои ќе придонесат за поздрава животна средина. Проектите како субвенционирање на греење на пелети, субвенционирање на набавка на електрични возила и набавка на електрични автобуси, воспоставување на реална гасификација на цела Македонија, а не виртуелна каква што Заев и СДСМ ветуваат, ќе бидат проекти кои директно ќе придонесат кон подобрување на квалитетот на воздухот во урбаните средини и подобрување на животната средина“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
