Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: ЕЛЕМ набави струја по пониски цени, СДСМ скандализира да го прикрие поразот на изборите

Објавено пред

СДСМ треба да знае дека поради временските околности состојбата со снабдувањето и со производството на електрична енергија е значително отежнато во речиси сите земји во регионот и пошироко. Тие фактори директно ја диктираат цената на електричната енергија на берзите во Европа, а не ЕЛЕМ.

Ова се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на пресот на Васко Ковачевски од СДСМ, кој обвини дека заради неодговорната власт, граѓаните за пет дена ќе платат речиси два милиони евра за набавка на струја.

„Не е првпат Македонија да ги дополнува потребите поради зголемена потрошувачка особено во зимските месеци, но СДСМ тоа сега се обидува да го скандализира, како што впрочем се обидува да скандализира и се друго. ЕЛЕМ во изминатите неколку дена успеа да набави електрична енергија по цени пониски од оние според кои во моментов се продава електричната енергија на берзите во Европа. СДСМ после изборите, очајно се обидува да бара проблеми таму кај што ги нема за да го сокрие 10-от јубилеен пораз од народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион41 минута

Израел ја користи војната за проширување на територијата, смета Турција

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го обвини Израел дека ја користи војната на Блискиот Исток како изговор за...

Македонија46 минути

Медицинските средства добиваат посебен закон и нови правила, објавен е предлогот

Министерството за здравство го објави предлог-законот за медицински средства на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), отворајќи јавна расправа за...

Економија1 час

(Видео) Поскапеа и зеленчукот и овошјето, а мерки нема, рече портпаролката на СДСМ, Кузеска

Портпаролката на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Богданка Кузеска, оцени дека економијата бележи пад и дека граѓаните се соочуваат со...

Свет1 час

Трамп вчера изјави дека Иран никогаш повеќе нема да го затвори Ормускиот теснец

Се чека реакција на претседателот на САД, Доналд Трамп, откако Иран повторно го затвори Ормсукиот теснец, кусо по отворањето. Трамп...

Македонија2 часа

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност

Во рамки на учеството на Antalya Diplomacy Forum 2026, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати...

Свет2 часа

Иран отвори шест аеродроми

Иран делумно го отвори својот воздушен простор, дозволувајќи меѓународни летови над источниот дел од земјата, соопштија властите. Според информациите, шест...

Спорт2 часа

Ниту еден европски клуб не е заинтересиран за Винисиус

Винисиус Жуниор и Реал Мадрид сè уште не постигнале договор, а како што стојат работите, на неговите менаџери нема да...

Спорт2 часа

Локатели го продолжи договорот со Јувентус

Италијанскиот фудбалер Мануел Локатели го продолжи договорот со Јувентус до 30 јуни 2030 година, објави клубот од Торино. Локатели е...

Свет2 часа

Иран повторно воведе ограничувања на Ормускиот теснец

Иран брзо се откажа од одлуката за повторно отворање на Ормуски теснец, воведедувајќи нови ограничувања на овој клучен поморски правец,...