Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ објави Манифест за единствена Република Македонија

Објавено пред


ВМРО-ДПМНЕ во недела во партиското седиште го промовираше Манифестот за единствена Република Македонија.

„Тргнувајќи од оваа обединувачка замисла за државата, нашата мисија е да обезбедиме иднина на нашиот народ во демократска, унитарна, политички стабилна, праведна, напредна и пазарно ориентирана држава – Република Македонија, каде претприемништвото е движечка сила, а ние сме сплотени како дел од нашето пошироко европско семејство“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение соопштението од ВМРО-ДПМНЕ го пренесуваме интегрално.

„За реализација на нашата мисија, ќе се водиме од следните долгорочни принципи-
Обединување околу национален интерес
Национален дијалог
Воспоставување на редовен дијалог помеѓу секоја власт и опозиција за прашања од национален интерес.
Дијалогот да се одвива и решенијата да се изнаоѓаат секогаш во рамки на институциите на Републиката, од страна на претставници кои се избрани од граѓаните. Истото е најефикасна заштита од надворешни влијанија или реализација на агенди кои не потекнуваат од заедничкиот интерес на македонските граѓани.
Идентитет
Зачувување и промоција на националниот, културниот и јазичниот идентитет на Македонците во земјата и надвор, како и обединет настап против недемократските притисоци со цел негирање на истиот, секаде каде што тоа е случај.
Зачувување и промоција на идентитетот и посебностите подеднакво на сите наши граѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други. Разновидноста на сите овие култури е нашето најголемо богатство, кое сите треба да го негуваме.
Негување на изворното и на она што припаѓа на сите – нашиот јазик, обичаи, песни, историја, милениумската традиција на писменост и традициите на нашата книжевност и уметност.
ЕУ и НАТО

Членството во ЕУ и НАТО е наш интерес и обединувачка цел, каде природно припаѓаме. Република Македонија ја гледаме духовно и културно сплотена во заедницата на Европски народи, како институционално, така и економски интегрирана во Европската Унија.
Со цел да обезбеди поефикасна прекугранична соработка во соседството, корисно е формирање на европски регион помеѓу Република Македонија и соседните земји за подобро користење на ЕУ фондови, особено во делот на зачувување на природата, водите и транспортните коридори.

Право наспроти сила
Признавање на македонската национална самосвест и јазична посебност од европските и меѓународните институции, врз база на гаранциите од Европската конвенција за човекови права и Универзалната декларација за човекови права кои мора неселективно да важат за сите.

Истото е предуслов за надминување на наметнатата разлика околу името. Разликата се наведува како причина за блокада на патот кон членство во ЕУ и НАТО. Оттука, може да се надмине единствено како дел од пристапниот процес, врз база на стекнатото право на Унијата и меѓународното право, вклучително и пресудата на Меѓународниот Суд на Правда во 2011 година.

За името
Нема да се прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име Република Македонија. Нема да прифатиме идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик. Нема да дозволиме кое било решение да биде прифатено од страна на политичари и поединци, Влада или Собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а притоа мнозинството граѓани кои ќе излезат на рефендумот да се согласат со можното решение.

Заедно против заканите
Обединување против секоја политичка структура или поединци кои поттикнуваат раздор или радикализам од верска или национална природа, но и против тие кои охрабруваат на било кој начин екстремна идеологија или пак регрутираат борци во терористички организации, било да се од домашно потекло или да се странци на териотријата на Македонија.

Интеграција во едно општество
Република Македонија им припаѓа на сите свои граѓани, без разлика на етничко потекло, религија или мајчин јазик. Граѓаните се срцето на нашиот Устав. Индивидуалните права и слободи на граѓанинот согласно Уставот се нашата обединувачка сила.

Обединувањето преку нација, вера и култура е формула за Европска интеграција, каде секој може лично да развива сопствени чувства. Тоа е и формулата која остава простор за јакнење на поврзувачкиот фактор во општеството.

Јазици
Македонскиот јазик е тој што овозможува интеграција на сите граѓани во едно општество без разлика на нивното потекло.
Наша должност и богатство е негување и промоција на албанскиот, турскиот, ромскиот, српскиот, влашкиот, бошњачкиот јазик согласно Уставот и европските стандарди, а во духот на мултикултурната традиција на нашата земја.

Почитувањето на правата и обврските за сите културни заедници подеднакво е најдобра гаранција за спречување на дискриминација и негување на посебностите.

Иницирање на дијалог со соседите со цел воспоставување на соодветни стандарди за јазични права во рамки на регионот, а во согласност со европските стандарди. Со таков пристап би се одбегнале двојни стандарди и мешање во внатрешните работи на соседи, за сметка на добрососедството.

Политиката за користење на немнозинските јазици треба да биде отворена кон сите, а секогаш во функција на развивање на едно општество каде способноста на поединецот е клуч за успех, без разлика на потеклото.

Самоидентификување
Македонскиот народ не може да биде надгласуван во однос на македонскиот идентитет. Ниедна заедница не треба да биде надгласувана за теми кои го засегаат нејзиното право на самоидентификување.

Образование
Заштита на правото на образование на децата на мајчин јазик, без разлика на етничката самоидентификација на родителите е клучна за развојот на Единствена Македонија.
Училиштето или богослужењето не смее да бидат алатка за наметнување на култура, јазик или доминација, туку уште едно средство за сплотување и интегрирање.

Религија
Верската толеранција е суштествена за животот во мултикултурна Македонија. Нашите цркви, нашите џамии и нашите синагоги се нашите духовни храмови. Верските заедници во Макeдонија се неотуѓив дел од македонскиот менталитет и македонското општество.
Солидарноста и подготвеноста да му се помогне на сиромавиот се во духот и на христијанството и на исламот и на јудаизмот.

Традиција
Историското помнење овозможува ренесанса на традицијата. Потребно е да се оживеат старите традиционални вредности. Семејството и солидарноста ги сметаме за темел на културата што ги слави животот и вистинските вредности. Тоа подразбира и култура на напорна работа, деловна чесност, претприемништво и мултикултурен соживот како вредности кои не обединуваат.

Секој граѓанин има лична одговорност кон Единството во Република Македонија. Носителите на јавни функции имаат посебна одговорност за поврзување помеѓу сите граѓани со различно потекло и градење на мостови во општеството.

Владеење на правото за успех на државата
Почитувањето на Уставното уредување и законите на целата територија, без селективност е предуслов за успешна држава. Културата на законитост и на почитување на законите, доверба во правниот поредок и лојалност кон државата се клучни за владеење на правото.
Согласно Уставот, во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување. Индивидуалните права на граѓанинот, но и обврските, се пред се, а од нив се водиме кога креираме политики.

Сите избрани и именувани функционери имаат обврска за отчетност при извршување на државните задачи.

За напредок на државата е потребна долгорочна политичка стабилност. Тоа може да се постигне преку мерки за поголема политчка стабилност како бонус од 20 пратеници за победникот на парламентарни избори, во рамките на сегашниот број на пратеници и согласно Уставот или пак со воведување на мнозински изборен модел.

Принципите од Уставот за заштита на правата на немнозинските заедници на централно ниво доследно да се применува во сите единици на локалната самоуправа и за сите заедници без исклучок, но и без разлика какво е мнозинството на локално ниво.
Попис да се спроведе без одлагање со цел квалитетно планирање на политиките како и за конструктивен дијалог на меѓуетнички теми. Истиот мора да е статистичка, а не политичка операција. Затоа е потребно да се води строго според методологијата на европската статистичка агенција “Еуростат” и Организацијата на Обединетите Нации, вклучително да има и механизам за контрола на постојано место на живеење и престој во државата, како и гаранции за автентичност на лични податоци и потврда на идентитет на лицата преку дигитализација на отпечатоците.

Воведување на механизми за следење на владеењето на правото на локално ниво, вклучително наплатата на локални давачки и практична примена на законодавството, согласно најдобрите европски практики, како и воведување мерки за унапредување на примената на целата територија на Републиката.

Територијална поделба водена од економско-географски критериуми со цел надминување на недоследностите од политичкото определување на локалните граници.

Пазарна економија за подобар стандард на секој граѓанин
Неопходно е национално обединување околу целите за подобра економија, повисок раст, повеќе инвестиции, поуспешни претприемачи, новоотворени работни места за нашите граѓани, затоа што тоа е навистина најпотребно.

Докажавме дека тоа е возможно со видно подобрување на рангот на државата на повеќе листи за квалитет на климата за водење бизнис, како и преку создавањето на над 160.000 нови работни места. Неопходно е да се опстои на тој курс, што е доплнителена причина за постигнување национално (надпартиско) обединување околу овој единствен интерес за сите наши граѓани.

Обединување околу реализирање на идејата за Пазар на кој секоја индивидуа ќе може да си го најде сопственото место, начин на обезбедување на егзистенција, простор за борба за подобро утре, за посреќно семејство.
Моќта на развиените држави во светот почива на создадената култура, атмосфера, верување дека секој треба да смисли начин како да успее во животот и да не чека друг да го направи тоа за него.
Тоа значи дека секој треба да почне да верува дека може да успее ако има добра идеја, упорност, истрајност и подготвеност за ризик.
Затоа претпиемничкиот дух треба да биде водилка во обезбедувањето на сопствен приход. Тоа е тесно поврзано со остварување на сечиј сон.

Знаењето и образованието не се доволни сами по себе ако само се повторува тоа што сме слушнале или прочитале, без системски поттик на секој поединец до максимум да ја извлече и развие својата креативност и иновативност и да се насочи кон создавање на сопствен бизнис.

Само општество со граѓани со креативни и иновативни идеи може да продуцира нови успешни бизнис приказни, да креира зголемено ниво на конкурентност на пазарот и борба за пласман на производи и услуги надвор од границите на државата.

Затоа, главни елементи на планот на економијата треба да бидат пазарното стопанство, конкуренцијата, натпреварот, можноста за избор, личната одговорност. Пазарот е тој што ги развива натпреварувачкиот и духот на претприемништво и ги поставува критериумите на стручност, успешност и на квалитет. Со тоа, сите заедно да се избориме за поголеми плати, повисок стандард.

Најдобрата социјална политика е политиката која отвара нови работни места и генерира економски раст. Државата води сметка да се намалат нееднаквостите кои може да ги создаде пазарот. Но, праведноста и солидарноста не е исклучиво право во нејзина надлежност. Државата не може да ја замени нити приватната, нити граѓанската и локалната иницијатива.

Во сета пазарна логика која ја надградуваме, мора да ја зачуваме традицијата за солидарност и помош на најранливите во нашето општество.

Водејќи се од наведените долгорочни принципи за Единствена РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, а со цел да извлечеме поуки и понудиме решение за излез од тековната политичка криза, го посочуваме следниот ПАТОКАЗ –

Надпартиски договор за секое идно принципиелно решавање на внатрешни разлики, во рамки на институциите на државата, без странски агенди или претставници, единствено од страна на легитимно избрани претставници на Македонските граѓани.

Внатрешно обединување против вмешувања во внатрешните работи на Република Македонија, од страна на странски политичари или држави кои се косат со концептот на почитување на суверенитетот или се спротивни на добрососедско однесување.

Заедничко отфрлање на планови, платформи или агенди кои се надвор од нашето уставно уредување или се спротивни на Македонските стратегиски 1) државни интереси.

Осуда на секој директен или индиректен ревизионизам на Охридскиот рамковен договор, кој е целосно вграден во нашето уставно уредување.

Оттука, за изнаоѓање на одржливи решенија на тековната политичка криза, неопходно е најпрво транспарентно да се постигне договор околу следните прашања –

1 Дали важноста на праксата за тн. коалицирање на победници од етничките заедници како фактор на дополнителна стабилност опстојува или се отфрла за иднина, во интерес на изедначување на гласот на секој пратеник, со сите логични последици од таков чекор?
Ова е неопходен предуслов со цел одбегнување на двојни стандарди и менување на обичаите зависно од изборните резултати. На долг рок ќе донесе предвидливост на политичката сцена.

2. Дали се прифатливи странските агенди во внатрешно-политички цели или пак единствено тие кои се претставени и верификувани од граѓаните на избори?

3. Дали при конституирањето на Собранието, позицијата Претседател на СРМ следи политички на партијата или коалицијата која победила на изборите или е предмет на надгласување?
Во истиот контекст, кои се гаранциите дека таа позиција не би била злоупотребена за политички махинации со цел одложување на изборите и игнорирање на волјата на мнозинството граѓани?
4. Дали се сите политички актери согласни со задржувањето на мултикултурниот модел на развој на Република Македонија со подеднаква промоција на сите заедници или се поддржува промена на моделот во двонационален, на сметка на повеќето заедници?

5. Дали врвен приоритет во овој момент останува стабилизирање на земјата, економски просперитет и Европска интеграција како обединителни сили за сите граѓани, или пак тие се заменуваат со редефинирање на односите помеѓу заедниците?

ВМРО-ДМПНЕ има изградено позиции по овие прашања кои се водат од заедничкиот интерес на Државата и сите нејзини граѓани.

Неопходно за излез од кризата е – низ Дијалог единствено од избрани претставници на избори во рамки на СРМ – да се изнајдат обединителни позиции по овие клучни прашања.

Врз основа на постигнатите решенија од одговорите може да се насочиме кон одржливост на решенијата и помирување околу тоа што не обединува сите во Република Македонија“. /кра/со/ст

Daily news

Демонстранти во Аргентина бараа да остане во сила законот против абортус

Објавено пред

Неколку стотини луѓе протестираа поради нацрт-закон за укинување на забраната за абортус во Аргентина.

На собирот организиран со слоган „За живот“ тие го осудија нацрт-законот што неодамна е поднесен во парламентот на разгледување.

„Оваа расправа не треба да се одржи бидејќи станува збор за избор помеѓу животот и смртта“, рекоа демонстрантите што носеа плакат „Легално или илегално, абортусот убива“.

Абортусот во Аргентина е дозволен само доколку бременоста е последица на силување или го загрозува животот на жената. Годишно во оваа земја умираат 100 жени поради компликации предизвикани од нелегален прекин на бременоста.

Надлежниот одбор на парламентот ќе расправа за предлог-законот на 20 март, а два месеца подоцна и пленумот. Засега не е извесно дали овој предлог-закон ќе биде усвоен.

Прикажи повеќе...

Daily news

Притворен 23-годишен маж за нападот во Виена

Објавено пред

Австриската полиција соопшти дека притворила 23-годишен маж, осомничен за нападот со нож во Виена, при што беа повредени четири лица.

Порпаролот на полицијата, Патрик Мајерхофер, соопшти дека осомничениот бил притворен набргу кога 20-годишен маж прободен со нож бил хоспитализиран со повреди опасни за живот. Полицијата и понатаму истражува дали истото лице го нападнало и тричленото семејство што синоќа беше избодено во центарот на Виена.

Службените лица не објавија детали за идентитетот на осомничениот.

Во полициското соопштение се наведува дека сите членови на семејството, 65-годишен маж, 56-годишна мајка и нивната 17 годишна ќерка, имаат повреди опасни по живот и се одведени во болница. Нивните имиња не се наведени.

Синоќа непознат напаѓач со нож нападна семејство, по што побегна, а за време на бегството повреди уште едно лице.

Прикажи повеќе...

Daily news

Летовите до Израел ќе поминуваат низ воздушниот простор на Саудиска Арабија

Објавено пред

Авион на „Ер Индија“ денеска леташе помеѓу Њу Делхи и Тел Авив во воздушниот простор на Саудиска Арабија, со што се стави крај на 70-годишната политика на Ријад.

Саудиска Арабија, која не го признава Израел, досега не дозволуваше меѓународни летови кон Израел во саудискиот воздушен простор, но промената на оваа политика може да биде знак на одмрзнување на односите меѓу Израел и кралството, со оглед на тоа што и двете земјите ја делат загриженоста за иранското влијание во регионот.

Во понеделникот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека индиската авиокомпанија добила дозвола да прелета над Саудиска Арабија, но неговите зборови не беа првично потврдени ниту од Ријад ниту од седиштето на „Ер Индија“.

Новата воздушна линија заштедува околу два часа лет помеѓу Њу Делхи и Тел Авив, а авиокомпанијата планира да спроведува по неколку вакви летови неделно. Не е соопштено дали правото го добиле и други авиокомпании или тоа важи само за авиони на „Ер Индија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Владата допрва ќе одлучува дали Орце Камчев ќе стане почесен конзул на Бугарија

Владата допрва ќе одлучува за барањето на Бугарија бизнисменот Орце Камчев да биде именуван за почесен конзул во Македонија. Портпаролот...

Македонија3 часа

Скопје ќе добие нов екоавтобус

Нов екоавтобус ќе сообраќа на линијата со број 2 на релацијата од Автокоманда до Сарај и обратно, објави денеска градоначалникот...

Македонија3 часа

Манчевски: Регистарот на населението не е замена за попис

Министерството за информатичко општество и администрација денеска организира јавна трибина за Законот за централен регистар на населението и Законот за...

Македонија3 часа

Фејзи Азири ќе биде вратен во затвор

Фејзи Азири, обвинет во случајот „Монструм“, ќе биде вратен во затвор за издржување затворска казна за нелегално поседување оружје. Кривичниот...

Македонија3 часа

Двајца обвинети за крвавиот четврток излегуваат од притвор бидејќи понудиле гаранција

Две лица, кои се меѓу обвинетите за наслилствaта во Собранието од 27 април минатата година, ќе излезат од притвор бидејќи...

Македонија7 часа

Ердоган: Македонија има поддршка од Турција за влез во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Анкара се сретна со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Како што соопшти собраниската прес-служба,...

Свет7 часа

Лавров: Путин и Трамп нема да дозволат вооружен судир

Владимир Путин и Доналд Трамп нема да дозволат вооружен судир меѓу Русија и САД, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија8 часа

Ново рочиште за набавката на „мерцедесот“ од 600.000 евра

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжи судењето за предметот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на...

Македонија8 часа

Јанакиески на суд за „Сончев Град“

Во кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Топлик“ на специјалното јавно обвинителство, во кој се обвинети...

Македонија1 ден

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери се ангажирани оти имаа исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија1 ден

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија1 ден

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион1 ден

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија1 ден

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија1 ден

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет1 ден

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија2 дена

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија2 дена

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Досие