Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема реален контакт со земјоделството и земјоделците

Објавено пред


Ова кое што СДСМ сега го нуди ни од далеку не е мерка која ќе им помогне на земјоделците, затоа што и досега државата интервенирала и тоа со многу повеќе средства кога се работи за обештетување на земјоделски површини и за помош на земјоделци од природни непогоди.

Ова се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по најавите на СДСМ дека ќе формираат интервентен фонд од шест милиони евра што ќе бидат наменети за земјоделците во случаи на непогоди.

„Бројката која сега СДСМ ја предлага е далеку пониска од реалните исплати кои државата на годишно ниво ги одвојува по оваа ставка. Дополнително на земјоделците во Македонија им стојат на располагање 150 милиони евра субвенции и повеќе мерки кои може да ги искористат. Сево ова покажува колку всушност СДСМ нема реален контакт со земјоделството и земјоделците во Македонија. Оваа партија беше и остана салонска и елитистичка партија која освен лажни и нерационални ветувања нема што друго да понуди на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/ст

Македонија

(Видео) Јанушев: Граѓаните нема да заборават дека автопатот Демир Капија-Смоквица е проект на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Од

Пуштањето на автопатот Демир Капија-Смоквица доцни цели осум месеци, рече денеска на прес-конференција Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку СДСМ го ставеше политиканството во втор план и се посветеше на интересите на граѓаните, овој автопат ќе беше во употреба уште во август минатата година и граѓаните ќе можеа побргу и побезбедно да се движат по Коридорот 10“, истакна Јанушев.

Како што наведе тој, ВМРО-ДПМНЕ го реализирала проектот за изградба на автопатот до завршна фаза уште во мај 2017 година.

„Преостануваше само да биде преместен уште еден далновод и да се заврши контролната соба. Целиот автопатот од 28 километри, кој поминува низ сложен карпест терен, беше завршен за 5 години. СДСМ потроши цела една година за преместување една бандера и за доизградба на една просторија“, потенцира генералниот секретар на опозициската партија.

„СДСМ неосновано го одложуваше пуштањето во употреба на автопатот со цел граѓаните да заборават дека автопатот е изграден од ВМРО-ДПМНЕ и да се создаде впечаток дека, ете, и СДСМ нешто изградил. Граѓаните не се со кратка меморија и покрај потценувачкиот однос што секојдневно го добиваат од СДСМ, граѓаните точно знаат кој, што и колку направил“, додаде Јанушев, кој истакна дека овој автопат, исто како и автопатот Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, е почнат и бил во напредна фаза на реализација токму во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека сите проекти што СДСМ и Заев ги најавија како свои се проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ нема почнато ниту еден километар нов автопат. Добро е што СДСМ во недостиг на сопствени идеи и проекти ги продолжува проектите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи од нив полза имаат граѓаните. Им порачуваме во иднина, токму заради доброто на граѓаните, да не ги кочат проектите почнати од ВМРО-ДПМНЕ. Неодговорноста што ја манифестираат и политиката на неработење мора да запре. Граѓаните очекуваат работа и посветеност. Ноторен факт е дека СДСМ не знае да работи“, рече Јанушев на денешната прес-конференција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Митко Чавков излегува од притвор – судот ја прифати гаранцијата

Објавено пред

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и  корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог  на одбраната на Митко Чавков опфатен во обвинителниот акт поврзан со настаните  од 27 април 2017 година, во Собранието, донесе решение  со кое го прифати предлогот за определување мерка за обезбедување  присуство – гаранција во недвижен имот.

По правосилноста на  решението и запишување на гаранцијата, мерката притвор треба да се укине, а  заради обезбедување присуство во текот на постапката се определуваат и  мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патната и друга  исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова,  како и обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во судот. Обвинителството може да вложи жалба на решението на кривичниот совет, што значи дека дотогаш Чавков останува во притвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

Единствена Македонија побара повлекување на одлуката за признавање на Косово

Објавено пред

Од

Единствена Македонија денеска во Владата поднесе иницијатива за донесување одлука за повлекување на одлуката за признавање на Косово што ја донесе македонската Влада на 9 октомври 2008.

Во изјава за медиумите претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, рече дека Косово не знае да го цени и почитува овој чекор од Република Македонија.

„Пред три дена, на 20 април 2018, косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, во рамките на официјалната посета на Бугарија рече дека Македонците што живеат во областа Гора на Косово се бугарско малцинство и дека во разговорите со бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, било допрено прашањето на Бугарите во Косово. На тој начин, од компетентно и релевантно место дојде официјална потврда дека Косово ќе ја менува вистината и историјата на Македонците на Косово со спроведување  геноцидна и асимилаторска политика спрема Македонците спротивно на општото меѓународно право и правото на ООН“, изјави Бачев.

Тој додаде дека со чинот на непризнавањето на Македонците, Косово се движи со голем чекор во минатото и покажува дека местото што го бара за себе во меѓународните односи не одговара на неговите цивилизациски вредности.

„Владата на Република Македонија со натамошното опстојување на одлуката за признавање на Косово постапува спротивно на националните и државните интереси на Република Македонија. Затоа, Единствена Македонија бара Владата на Република Македонија да ја повлече Одлуката за признавање на Косово, со што ќе ја изрази својата намера дека го следи државниот и национален интерес на македонскиот народ и македонската држава“, рече Бачев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

На Преспанското Езеро се продаваат вили „Јелена Карлеуша“ и „Лепа Брена“

Битолчанец ги спои српските ѕвезди Јелена Карлеуша и Лепа Брена. Капм-приколките опшиени со лимени тараби во автокампот „Крани“ ги крстил...

Македонија1 час

Димитров в среда ќе се сретне со Коѕијас и Нимиц во Виена

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, в среда (25 април) во Виена во...

Македонија3 часа

Извештајот за СЈО ќе се разгледува в среда

Седницата за Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се одложи поради координацијата на политичките партии, по барање на...

Македонија4 часа

Мендух Тачи и Сашо Мијалков утре седнуваат на обвинителна клупа за „Титаник 2“

Утре почнува судењето за Мендух Тачи, Сашо Мијалков и поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска...

Македонија5 часа

Советот на јавни обвинители ќе ги интервјуира кандидатите за шефовските позиции на организиран криминал и скопското обвинителство

Советот на јавни обвинители оваа и следната недела ќе ги интервјуира кандидатите за обвинители и кандидатите за шефовите на скопското...

Македонија5 часа

(Видео) Пуштен во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица

На свечена церемонија денеска напладне е пуштена во употреба автопатската делница Демир Капија – Смоквица, последниот дел од Коридорот 10...

Македонија5 часа

(Видео) Скопје ќе зајми полицајци од други градови

По акцијата за контрола за присуство на алкохол кај возачите викендов во Скопје, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави...

Македонија6 часа

Тајна средба на Димитров и Коѕијас во Виена?

Изминатите неколку денови грчките медиуми шпекулираат за нова тајна средба во Виена помеѓу министрите за надворешни работи на Грција и...

Топ6 часа

Почина мотоциклистот од сообраќајката кај Битола

Мотоциклистот кој вчера учествуваше во сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен починал во Клиничката болница Битола. МВР соопшти дека се работи...

Македонија8 часа

Извештајот на СЈО денеска на собраниската комисија за политички системи

Новиот шестмесечен извештај на специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 септември до 15 март денеска ќе се најде на...

Економија8 часа

СДСМ е фатен во милионски криминал со државни пари во ЕЛЕМ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ преку договор склучен во четири очи е фатен во милионски криминал со државни пари во АД ЕЛЕМ.СВ-Инвест и РЕК...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Кого го штити Заев за случајот „Монструм“?

„Семејствата на монструозно егзекутираните момчиња кај Смилковско Езеро мора да добијат правда. Момчињата беа жртви на брутална ликвидација, терористички акт...

Македонија1 ден

Владата ги објави националните стратегии за спречување екстремизам и борба против тероризмот

Владата ги објави националната стратегија за спречување на насилен екстремизам (2018-2022) и националната стратегија за борба против тероризам (2018-2022) заедно...

Свет1 ден

Над 50 загинати во Кабул, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот

Во бомбашкиот напад во Кабул расте бројот на загинати. Според најновите информации, загинале 52 лица, меѓу кои 21 жена и...

Економија1 ден

Без безбедносни сертификати се пушта автопатот Демир Капија-Смоквица, вели Груевски

Екс-премиерот и актуелен пратеник Никола Груевски обвинува дека власта го пушта во употреба автопатот Демир Капија -Смоквица без соодветните безбедносни...

Македонија1 ден

Единствена Македонија: По секоја цена ќе ја спроведеме намерата на народот за стратешки сојуз со Русија

Марионетската власт во Македонија и нивните странски газди мора да се во паника штом започнаа да го плашат народот со...

Македонија1 ден

Колариќ: Дали Шилегов има однапред договорена милионска зделка за набавка на автобуси?

Од опозициската партија реагираат дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов досега потпишал два меморандуми за пробно користење на автобус на...

Македонија1 ден

Приведени четворица скопјани кои ограбувале бензиски пумпи, маркети и аптеки

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ј.(35), Ш.Е.(50) и М.Е. (36), сите од Скопје, и против едно...

Регион1 ден

Вулин: На Хрватска ѝ смета тоа што Србија ја зборува вистината

На властите во Хрватска им смета тоа што Србија ја зборува вистината и им сметаат Србите кои ја зборуваат вистината,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги излажа семејствата на убиените момчиња кај Смилковско

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат премиерот Зоран Заев дека не го исполнил тоа што го ветил, а тоа, како...

Досие