Контакт

Политика

Груевски: Државата е нападната, потребно е народот да ја одбрани

Објавено пред

 

Државата е нападната, потребно е народот да ја одбрани, бидејќи може да ја нема ако биде оставена на остварувањето на планот на лидерот на опозицијата Зоран Заев и неговите сценаристи, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за телевизијата „Канал 5“, пренесува РСЕ.

 

Во пресрет на посетата на еврокомесарот Јоханес Хан во вторник, Груевски побара тој да ја осуди платформата договорена во Тирана, а решението на политичката криза го гледа во брзи парламентарни избори заедно со локалните. За излез од кризата Груевски понуди и лична жртва, но и политички документ кој бил разгледан од Извршниот комитет на партијата, а треба да биде усвоен во наредните денови.

 

СДСМ има јасен план, предупреди Груевски, да дојде на власт и законот за двојазичност во Собранието да го донесе на начин со кој ќе му биде ставено европско знаменце, за да се ограничи минутажата и бројот на јавувања на пратениците.

 

„Иако тој закон не подлежи на европско знаменце, во 2008-та година кога е донесен прв пат, немаше европско знаменце, бидејќи не спаѓаше во таква група“, рече Груевски.

Тој истакна дека „СДСМ сака тоа да го направи по цена да ги вадат пратениците надвор, по цена да ја внесат државата во огромен хаос, да апсат, да користат полиција за исфрлање на пратениците“, рече Груевски.

 

Платформата е јасна, рече Груевски, таа се осврнува на името, на грбот, на симболите и на темелите на државата. Тој додаде дека во ситуација на крупно менување на државата, единствено народот може да ја одбрани бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинството во Парламентот, вели тој.

 

Според Груевски, „опозицијата посакува народот да стане аморфна маса, а не народ со национална свест“. Бинационалноста започнува со двојазичноста која води кон федерализација на државата, вели Груевски, тоа одамна е цел на надворешни центри, а клучно е промена на уставното име на Македонија по грчки терк.

 

„Она што се бара е промена на името по грчки терк и идентитетот на Македонците, водење кон бинационална држава и федерализација, а тоа е последниот чекор пред растурање на државата. Тоа е многу опасна авантура“, рече Груевски./крај/мф

 

Најново

Спорт17 минути

Јамал и Халанд пишуваат историја по Светското првенство, тие вредат повеќе од 200 милиони евра

По завршувањето на Светското првенство 2026 година, Ламин Јамал и Ерлинг Халанд се на врвот на листата на највредни фудбалери...

Македонија25 минути

Општина Чаир донира вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со...

Спорт30 минути

(Видео) Аргентинската легенда проговори откако го удри Олмо по финалето на СП

Роберто Ајала, член на тренерскиот штаб на аргентинската репрезентација, за прв пат проговори за инцидентот по финалето на Светското првенство,...

Црна хроника37 минути

Четворица вевчанци го оштетиле ЈП „Национални шуми“ за над половина милион денари, добија кривични пријави

Струшката полиција поднесе кривична пријава В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени...

Свет39 минути

Украински дронови во Пентагон

Украина се согласи да извезува дронови во САД за да учествува во програмата на Пентагон „Доминација со дронови“, потврди извор...

Македонија46 минути

Во петок локален дожд, викендов сончево време

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец,...

Црна хроника47 минути

62-годишник силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на...

Црна хроника57 минути

Уапсен 16-годишник од Радуша, излетал од патот со автомобил со германски таблички, полицијата му го одзеде возилото

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во селото Јегуновце уапсија 16-годишен малолетник од село Радуша оти без возачка дозвола управувал...

Црна хроника1 час

Прилепската полиција уапси 52-годишник оти предизвикал пожар во кој изгорела сува трева на голема површина

Синоќа прилепската полиција го уапси 52-годишниот (Г.Ц.) од селото Чепигово, прилепско, поради сомнение дека предизвикал пожар на отворено во кој...