Политика
Груевски: Нови избори за побрз излез од политичката криза

Очигледно е дека некои од партиите во Македонија покажаа страв од организирање на нови избори и повторно соочување со граѓаните, но ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија на претходните избори смета дека распоредот на силите во парламентот кој очигледно нема да овозможи услови за непречена реализација на било чија програма и што побрзото излегување од кризата се причина за што поитни нови предвремени избори.
Ова во среда го истакнал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на средба со амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак.
Средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ била на барање на рускиот амбасадор Шчербак, а на неа се дискутирало за актуелната политичка ситуација во Македонија и Русија.
Околу актуелните предизвици за формирање владина коалиција Груевски истакна дека по несоставувањето Влада и истекот на мандатот од 20 дена, се создаде зрела ситуација за нови предвремени избори со цел завршување на политичката криза.
Разговарајќи за текот и настаните кои ја одбележаа политичката криза, амбасадорот Шчербак се осврна на Шарената Револуција истакнувајќи ја штетата која истата ја предизвика на економски план внесувајќи нестабилност и неизвесност во државата, а со тоа и влијаејќи негативно на интересот на заинтересираните инвеститори. Потенцираше дека секаде каде се организирани обоени револуции страда социо-економската благосостојба на граѓаните.
Покрај ова се разговараше и за глобалната економија како и за економските состојби во Македонија и Русија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Спасовски: Полицијата на границите и кај Свети Спас беше пример за тоа како се постапува по европски стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР, за добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.
„ Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.
Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев. И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ!“ порача Спасовски.
Македонија
ВМРО-Народна поддржува амнестија на осудените за 27 април

ВМРО-Народна партија упати поддршка за предлог – Законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година.
„ И претходно ВМРО-Народна партија реагирала на преголемите казни, па сходно на тоа сметаме дека овој предлог-Закон доаѓа во вистинско време, а да притоа не го руши правниот систем на Северна Македонија“ велат од партијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор

Антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Во овој систем за кој одлучувал Мојсовски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии.
Како тоа вртеле милијарда денари, има сомневање за злоупотреба, а владата на Ковачевски и Ахмети молчат за криминалот. Мојсовски се уште одлучува за пари. Криминалот е принципот на делување и во спортот. Ахмети и Ковачевски се што фатија исушија со криминал и неработа“ се вели во соопштението.
Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, и затоа е потребно оставки веднаш, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.