Политика
Груевски: Сорос 25 години делува против ВМРО-ДПМНЕ

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, институциите на американскиот милијардер Џорџ Сорос се против партијата, вели поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во божиќното интервју за порталот Република. Според него, Сорос веќе 25 години делува против неговата партијата, а во последните две до три години тоа го прави со засилен интензитет.
„Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, неговите институции се против ВМРО-ДПМНЕ. И секогаш кога СДСМ е на власт, повторно неговите институции се против ВМРО-ДПМНЕ, како центарска, десничарска и конзервативна политичка партија. Не постои една работа што ја направила ВМРО-ДПМНЕ во овие 25 години, а за која една негова институција, како институтот Отворено општество, НВО финансирана од него, медиум или слично, рекла дека тоа е добро. И обратно, нема ниту еден чекор на СДСМ што го осудиле. Значи, сѐ што е од нас е лошо, сѐ што е од СДСМ е добро или ако не е добро, барем се премолчува“, вели Груевски.
Запрашан за политичкото влијание на американскиот милијардер, Груевски вели дека тие се одразуваат во повеќе сегменти, изразени пред се преку „корупцијата на новинари, интелектуалци и активисти“.
„Со политичкото влијание на Сорос, ќе ти свртат и некои влади и нивни амбасадори да се занимаваат со тебе на дневна основа и тие тераат и ти викаат за ваше добро работиме, сакаме да ви помогнеме. Неговата мрежа во Македонија, освен што има НВО, директно финансира, некои би рекле корумпира, голем број новинари, сопственици на медиуми, професори, интелектуалци, аналитичари, активисти, протестанти, да, како што вели Трамп, професионални протестанти. Под своја контрола имаат ставено и голем број луѓе низ институциите на системот, административци на високи позиции, судии, обвинители, лекари, еколози и секаде каде оцениле дека ќе им требаат за остварување на нивните цели“, додава поранешниот премиер.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека влијанието на Сорос може да се види и во светски рамки, посочувајќи ги САД како пример.„Како што кажав, не го прави само во Македонија, туку во поголем број земји, не само од регионот и од источна Европа, туку, како што гледате, и во Америка. Второ, од она што сум прочитал за него, во некои земји ударите ги прави заради финансиски материјални причини, за да заработи многу пари, во некои, пак, заради идеолошки причини.Тој има одредена идеологија за која многупати и јавно говори, која ја заснована на принципи кои ги дефинира на отворени и на затворени општества, при што идеологиите на конзервативните влади, десноцетристичките влади најчесто му личат на затворени, што е тотално неточно, ама тој така го доживува тоа“, заклучува Груевски./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тренчевска: Раст на плати и пензии, поддршка за најранливите и оддржливи социјални услуги во 2022 година

Во рамки на дводневната конференција организирана од страна на Владата на Република Северна Македонија, „Година на нови можности“ се оддржа и панел сесијата „Социјални и здравствени политики во време на криза“ на која се дебатирише за ефектите од антикризните мерки, воведувањето на новите методологии за раст на минимална плата и пензиите, воспоставување на социјалните услуги и сервиси и обезбедување на нивна одржливост.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се осврна на она што ја одбележа 2022 година, кои се плановите за 2023 година и кои се клучните промени од кои директна придобивка имаат граѓаните. Таа зборуваше за имплементацијата на законското решение недела-ден на неделен одмор, кое ги унапредува работничките права, измените во законот за минимална плата, со кое минималната плата се дефинираше на 18.000 денари и новата методологија за усогласување на минималната плата, со која се обезбедува нејзин постојан раст.
„Ја усвоивме и новата методологија за усогласување на пензиите. Со цел да креираме системско решение кое ќе дава резултати на долг рок, два пати во годината во месеците септември и март пензиите ги усогласуваме со 50% трошоци на живот и 50% просечна плата. Изминатава 2022 година пензиите пораснаа за речиси 10 %. Во месец март очекуваме ново зголемување на пензиите. За една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16%, “ истакна министерката Тренчевска.
Пензионерите како една од ранливите категории, беа вклучени и во финансиската поддршка во време на економско- енергетска криза. Покрај паричната помош од 3000 денари, за околу 330.000 пензионери, пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари се дел од последниот пакет антикризни мерки.
„Ги мапиравме најранливите категории на граѓани во моментот. Со Законот за финансиска поддршка ги опфативме корисниците на права од социјална и детска заштита односно корисници на право на социјална сигурност на стари лица, на посебен додаток, на правото на надоместок заради попреченост, со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед, самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, корисници на право на надоместок за телесно оштетување и стечајните работници. Оваа помош е предвидена за четири месеци,“ посочи Тренчевска.
Македонија
СДСМ: Расипничка локална власт на ВМРО-ДПМНE, милионски задолжувања и во Гази Баба

„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги решава проблемите на граѓаните, расипнички ги троши народните пари и ги задолжува општините. Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја задолжува една од најбогатите општини во државата за цели 5 милиони евра“ соопштија од СДСМ.
Од партијата велат „иако пред 15 месеци наследи полна општинска каса со 3,2 милиони евра сега ја задолжи општината со предлог, во кој не е наведено дали има подготвено проекти и проектна документација“.
„Градоначалникот на Гази Баба не кажа ниту колкав ќе биде периодот на отплата, колкава е каматната стапка, ни дали потенцијалните купувачи можат да дојдат во спрега со инвестициските проекти. Стефковски ги изигра и потцени граѓаните на општина Гази Баба. Тој никаде во предизборната кампања не им вети на граѓаните вакво задолжување. Стефковски наместо за граѓаните, работи за лични и за интересите на неговиот шеф Христијан Мицкоски, Гази Баба од општина со полна буџетска каса, од општина со план за развој, благодарение на Стефковски за помалку од година и половина, стана задолжена општина, потоната во безидејност и стагнација“ стои во партиското соопштение.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Филип Андов-Сокол и одговорност од Тупанчески

„Во рок од еден месец јавноста дозна за три бегства од затвор. Последниот случај на бегство е повторно од затворот Шутка каде што директор е кадарот на СДС , Филип Андов `Сокол`. Имено лицето Ариф Алили од Кичево, уапсен за дрога, избегал од „слободно одделение“ на затворот“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму потсетуваат дека „пред извесно време од затворот избега и Нафи Абдиоски, лице со полн фотоалбум од заеднички слики со функционери на СДС. За овие скандалозни бегства нема никаква одговорност од директорот Филип Андов, ниту владата му бара оставка, ниту се најавува смена“.
„Ваквите бегства покажуваат дека се работи за целосен распад на затворскиот систем, кој се претвори во решето систем. Пред неколку недели се случи и скандалозното бегство од затворот Идризово, при што беше ранет и еден затворски полицаец. Овој случај, но и останатите покажуваат дека корупцијата и криминалот владеат со затворите во Македонија. Дали владата на Ковачевски чека и во затворот Шутка да се случи скандалозно бегство со жртви за да преземе конкретни мерки и да побара одговорност одФилип Андов – Сокол и од Тупанчевски? Затоа потребна е оставка од Филип Андов – Сокол и одговорност од Тупанчевски веднаш“ стои во партиското соопштение.