Daily news
Димовски: Класичен обид за кршење на деловникот и одземање на правото на говор на пратениците
Ова е класичен обид за грубо кршење на деловникот и одземање на најсветото право на пратениците, правото на говор, што е обид за кршење на волјата над 200 илјади граѓани кои секојдневно протестираат, рече пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во четвртокот од собранискиот прес-центар.
Според него ова досега не се случило во Собранието и упати апел да не се врши како што рече политичко насилство и да се остави процедурите да течат според пропишаните правила.
„Никогаш не била прекината расправа на Собранието како што денес тоа го направи СДСМ. Ова зборува за класичната постизборна измама со прифаќањето на платформата од Тирана. Тие сакаат да ги скријат работите и да не видат граѓаните какво предавство извршиле. Доколку СДСМ не се јавуваа толку често за процедурално, денес можеби ќе бевме на десетиот говорник“, додаде тој.
Димовски рече и дека претходно имале информации за сценариото на СДСМ да се да ги спречат пратениците да говорат и додаде дека на тој обид денес се приклучиле и пратениците од ДУИ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
