Контакт

Политика

ДОМ: Меѓуетничките прашања се решаваат откако ќе се формира влада, а не со брзи договори

Објавено пред

Меѓуетничките прашања реално постојат во едно мултикултурно општество, но тие не може да се решаваат со брзи договори пред формирање на влада, вели, меѓу другото, претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска во дебатната емисија на ТВ 21.

Според неа, тие прашања се решаваат откако ќе се формира влада и откако нормално ќе профункционираат и другите институции во земјава

Поповска во дебатата на ТВ 21 изрази и разочарување од изјавата на Али Ахмети во која тој спомнува дека е можно и две години да не се формира влада во Македонија, посочувајќи го примерот со Белгија која, исто така, подолго време беше без извршна власт.

Таа вели дека тоа за Македонија би било вистинска драма, многу поголема од онаа во Белгија каде што има стабилни институции и вековна државна традиција.

„Посебно сакам да нагласам дека Белгија е федерација и воопшто не е соодветен пример за нас“, вели претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава6 минути

Вашата машина за перење ќе биде како нова – ако ја истурите оваа течност од бањата во неа

Дали некогаш сте размислувале колку нечистотија се насобрала во вашата машина за перење со текот на годините? Веројатно не сте...

Свет10 минути

Се создава „европско НАТО“, откриен планот: пресвртот во Берлин беше клучен

Резервниот план за одбрана на Европа со користење на постојните воени структури на НАТО во случај на повлекување на САД...

Спорт12 минути

Сколс: Шампионската трка во Англија е завршена

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, верува дека трката на Арсенал за титулата во Премиер лигата е завршена по катастрофалниот...

Свет20 минути

(Видео) Сателитски снимки: Иран ископува ракетни лансери за време на прекинот на огнот

Сателитските слики покажуваат дека Иран го користи прекинот на огнот за да користи тешка механизација за да ископа ракетни лансери...

Свет21 минута

(Видео) Трамп: Да не бев претседател, светот ќе се распаднеше, нè очекуваат два неверојатни дена

Џонатан Карл, дописник на ABC News од Вашингтон, објави на Икс дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп му...

Свет27 минути

Светската банка планира помош до 100 милијарди долари за Блискиот Исток

Светската банка би можела да обезбеди помеѓу 80 милијарди и 100 милијарди долари финансиска помош за земјите тешко погодени од...

Европа30 минути

(Видео) Украина ќе произведува дронови во Норвешка

Норвешка и Украина ќе ја зајакнат својата билатерална одбранбена соработка, вклучително и производството на украински беспилотни летала во нордиската земја,...

Забава36 минути

(Фото) Пет пролетни парчиња без кои Италијанките не можат да живеат, за нив ова е основна

Италијанките имаат свои модни адути за секоја сезона, а во текстот дознајте кои парчиња се секогаш добредојдени во нивните пролетни...

Забава46 минути

Ова е судбоносен ден за три знака: Долговите исчезнуваат и доаѓа финансиска лавина

21 април е судбоносен ден кој носи огромни пари и успех за трите знаци на Зодијакот. Дали мислевте дека сè...