Политика
ДУИ ги објави заклучоците врз кои ќе преговара, нема префериран македонски партнер

По седницата на партиското претседателство од Демократската унија за интеграција (ДУИ) во четвртокот вечерта, партијата на Али Ахмети ги објави клучните елементи од преговорите за новата влада со која и да македонска партија, и притоа не е објавено кога и во кој формат би се одвивале преговорите.
Официјализирањето на албанскиот јазик, продолжувањето на мандатот на Специјалното обвинителство и забрзувањето на процесот на евроинтеграции, се клучните прашања за кои ДУИ нема да попушти за време на преговорите со која и да е македонска партија за формирање на новата влада, се наведува во писмената изјава објавена по седницата на претседателството на партијата, кога е наведено дека можното коалицирање со ВМРО или СДСМ се разгледува без да се фаворизира ниту едната од нив.
„Свесни за одговорната и одлучувачка улога на ДУИ во ориентирањето на политичките процеси во државата, во духот на унифицираниот став на албанските политички партии во Р. Македонија и врз основа на платформата на ДУИ, партијата започна сеопфатен консултативен процес со партиската структура и граѓаните, анализирајќи ги геополитичките, регионалните и домашните случувања и импликации….“, се наведува во соопштението.
Притоа се посочуваат произлезените заклучоци дека: ДУИ нема префериран партнер во македонскиот политички блок, интересот за одржување на стабилност на државата го става над партиските интереси и калкулации; ДУИ ги утврдува следните цели како услови кои не можат да бидат предмет на преговарање: рамноправна употреба на службениот албански јазик, интеграцијата во НАТО, интеграција во ЕУ и продолжување на мандатот на СЈО со цел расветлување на сите сомнежи кои произлегуваат од мегаскандалот со прислушувањето.
„ДУИ нема стратешки партнери и преференции за ниту еден македонски политички блок, туку останува партнер со албанскиот народ. ДУИ ги става интересите за зачувување на стабилноста на земјата пред партиските интереси. ДУИ како бескомпромисни прашања за иднината ги одредува: Еднаквата употреба на албанскиот јазик како официјален, интеграцијата во НАТО, интеграцијата во ЕУ, продолжувањето на мандатот на СЈО со цел да се расветлат сите сомнежи произлезени од мега-скандалот со прислушувањето“, се вели во изјавата на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Беше додадено и дека Централното претседателство на ДУИ ќе остане во „континуирано заседавање“ сé до завршување на овој консултативен процес./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба Османи – Џејн

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џејн.
Во фокусот на средбата беа повеќе теми, пред сè, актуелните претседавања на Шведска со Европската Унија и на Република Северна Македонија со ОБСЕ, зачленувањето на Шведска во НАТО и безбедносната состојба на европскиот континент, претседавањето на Шведска со ИХРА и соработката во билатералната и мултилатералната сфера, како и најновиот развој на состојбите во регионот на ЈИЕ.
Во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот Османи информира за приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и се заблагодари за шведската продуктивна соработка и поддршка во рамките на ОБСЕ-тројката.
Министерот Османи се заблагодари за шведската континуирана поддршка за интеграција на Северна Македонија и на Западен Балкан во целина во EУ.
Потсетувајќи дека при последното претседавање на Шведска со Советот (во втората половина на 2009 година), нашата земја ги доби визната либерализација и првата препорака на ЕК за почеток на пристапните преговори, изрази уверување дека со својата прагматична и политика ориентирана кон резултати сегашното претседавање на Шведска исто така ќе остави позитивен белег во европската траекторија на нашата земја.
Македонија
(Видео) Николова: Новите инвестиции и работни места доказ за успешните политики на СДСМ

„Владата предводена од СДСМ преку навремени и одговорни економски политики успеа да се справи со последиците од глобалната економска и енергетска криза. Во најкризната година во Европа платите продолжија да растат, продолжи и зголемувањето на нови странски инвестиции и нови работни места“, рече на денешната прес-конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
Таа напомена „2022 година ја завршивме со 2.300 нови работни места и над 430 милиони евра нови инвестиции во ТИР-зоните, каде што добиваат плати, кои, генерално, се повисоки од државниот просек. Речиси 16.300 наши сограѓани работат во компаниите во индустриските зони во целата држава. Извозот од ТИР-зоните во 2022 година достигна 3,7 милијарди евра, што, меѓу другото, се должи и на новоотворените работни места“.
„Според првичните анализи, на секој 1 денар вложен од државата компаниите вратиле 4 денари назад во буџетот, што значи дека за разлика од претходно, сега имаме инвестиции што носат поголема додадена вредност и за државата и за граѓаните. Со одговорен пристап овој тренд треба да продолжи и во оваа 2023 година за што показател е новата инвестиција од 400 милиони евра на компанијата ‘Магна мехатроникс’, која почна со подготовки за изградба на нова фабрика. Оваа, но и другите странски инвестиции предвидени за периодот, позитивно ќе влијаат врз раст на просечната плата, која првпат во историјата изнесува над 33.000 денари“, рече Николова.
Македонија
Таравари повикува на смирување на тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, повика да се дејствува смирено и да се смират тензиите во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, кои ескалираа по несаканите инциденти во Охрид.
Истакнувајќи дека овие настани се следат со големо внимание и загриженост, Таравари преку објава на „Твитер“ ги повика институциите да се воздржат од изјави што водат кон дополнителни тензии.
„Вознемирен од зголемувањето на политичките тензии меѓу Северна Македонија и Бугарија, ги повикувам нашите институции да се воздржат од изјави што водат кон дополнителни тензии и да се ангажираат конструктивно да придонесат во спроведувањето на договорот за добрососедство и европската интеграција на земјата“, пишува Таравари.
Concerned about rising political tensions between 🇲🇰-🇧🇬. I call on our institutions to refrain from statements that lead to further tensions and to engage in a constructive way that contributes to the implementation of the agreement on good-neighbourliness and 🇪🇺 integration. pic.twitter.com/wqwdtJvuCe
— Arben Taravari (@TaravariArben) January 27, 2023