Контакт

Политика

Заев: Заедно го збoруваме јазикот на животот на којшто сите се разбираме

Објавено пред

Република Македонија ќе биде општество на еднакви граѓани и тоа никој повеќе не може да го спречи. Демократските процеси се почнати, назад нема“, порача во неделата лидерот на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето на настанот„Осмомартовски марш во организација на Форумот на жените на СДСМ под мотото „За рамноправност – За соживот“.

dobivaj vesti na viber

 

„Со партиите со кои го обезбедивме парламентарното мнозинство сме согласни. Ќе поттикнеме секој правен субјект да мора да има синдикат што ќе ги штити правата на работничките и работниците“, порача Заев.

Рече дека сите работи кои се ветени во предизборната кампања и за коишто се зазема СДСМ ги правата „заедничкиот јазик на којшто зборуваме, ова е јазикот на животот на којшто сите ќе се разбереме – живот за сите, правда за сите“.

„Дами мои, формираме реформска, европска Влада којашто ќе обезбеди живот за сите жени, за сите граѓани во Македонија. Таа Влада, избрана од околу 700.000 граѓани, ќе се грижи за сите жени, за сите деца и ќе води грижа за сите граѓани на Македонија. Обезбедуваме еднаквост и стабилност. Заедништво, а не поделби. Интеграција, а не изолација“, рече Заев заблагодарувајќи има се на бројните активистки што сте тука, и што ќе бидат тука за Македонија.

Претходно челникот на социјалдемократите во обраќањето зборуваше за мотивите кои како партиско раководство ги добиле од жените да направата промена на власта, потсетувајќи дека обезбедил 67 мандати за формирање на владата.

„… Не сакаат власа да ја предадат, банални изговори изнаоѓаат како само и само власта да не ја предадат, а сакаме со убаво, сакаме со убаво затоа што малкумина сме, роднини паѓаме, толку ни е Македонија. Ајде денеска уште еднаш да испратиме порака со лесно, но пред сé и со убаво, да направиме промена на власта. Oд овде, од оваа говорница, со оваа прекрасна глетка, ајде на нашите политички противници да им испратиме 20-30 илјади убавини, да ги видат зашто убаво да ја промениме власта. Дозволете со кренати знаменца да направиме една убава слика, со убаво се промени власта“, рече Заев упатувајќи им порака на челникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и шефот на државата Ѓорге Иванов, кој се уште одбива да му го довери мандатот за составување влада.

„Ова денеска е и марш на победата и за Мира. Самохрана мајка, која ризикуваше да го изгуби своето работно место, бидејќи и лани стоеше со нас овде кога зборувавме за промените. Денес Мира заедно со вас ги донесе промените!
Благодарение на жените како Мира, во Македонија ќе има флексибилно работно време за самохраните родители. Ќе го воведеме уште во првите 6 месеци од мандатот. Еднородителските семејства со плата пониска од просечната, ќе ги ослободиме од јавните давачки како што се такса, јавен превоз, општински комунални давачки. Нема да плаќаат надомест во градинка и во основно училиште“, вети меѓу другото Заев.

„Вие сте тоа, дами мои. Вие сте симболот на еднаквоста. Вие дарувате живот. А животот е еден. И може да биде убав. И може да биде квалитетен. И правичен. Во едно општество за сите во коешто сите мајки и сите деца имаат исти права да бидат исто среќни“ додаде истакнувајќи дека за тие права заедно се бореле и се избориле.

„Бидете горди на себе, заради тоа што заедно испишавме историја за Македонија. Дами мои и јас сум горд на сите вас, затоа што имав чест да стојам до жени борци, кои иако имаат семејства, иако беа соочени со предизвиците на режимот, достоинствено застанаа спроти режимот, одлучно му рекоа НЕ и избраа живот. Никој нема право да оди против волјата на мнозинството граѓани на Македонија. Почитувани мајки, ќерки, сопруги, работнички, интелектуалки, од град и од село, Македонки, Албанки, Турчинки, Србинки, Влавки, Ромки, Бошњачки – во Македонија заедно, заедно сплотени донесовме живот. И ќе има живот за сите! Република Македонија ќе биде општество на еднакви граѓани и тоа никој повеќе не може да го спречи“, рече Заев.

Изрази увереност дека демократските процеси се почнати и оти не може да има повлекување од нив.

„Градинките ќе работат во две смени. Клучните државни институции ќе работат во две смени, до 20 часот, за да го олесниме функционирањето на родителите и посебно на мајките. Ќе обезбедиме државна поддршка за зголемување на бројот на жени претприемачи, со што ќе овозможиме жените да водат сопствени бизниси. Ќе овозможиме вработувања на жените во руралните средини и поддршка за жени – фармерки“, рече меѓу другото Заев обраќајќи им се на активистките и поддржувачи на СДСМ./крај/мф/сн

Македонија

Работната група ја усвои Предлог иницијативата за уставните измени, соопшти Министерството за правда

Објавено пред

Работната група на денешната седница ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за правда.

dobivaj vesti na viber

Предлогот, како што информираат од ѕтаму, ќе се достави до Владата која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието каде ќе ги помине сите работни тела.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Во ДУИ командант е Ахмети, ќе заврши кариерата на „Огнените“ – Ангелов за изјавите на Меџити

Објавено пред

Појаснувајќи ја иницијативата на партијата Достоинство за обештетување на семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди од конфликтот во 2001 година, лидерот на партијата и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов во интервју за „Макфакс“ вели дека кочницата за спроведување на иницијативата е во ДУИ.

dobivaj vesti na viber

Знаев, додава Ангелов, дека, додека не избоксуваме согласност од ДУИ, немаме ништо од тоа.

За реакциите од страна на огнената група на ДУИ и изјавите на Изет Меџити, Ангелов дециден: „Огнената група може да кажува што сака, во ДУИ командант е Али Ахмети. И на УЧК и на ДУИ. Огнените ќе скокаат и ќе излезат од ДУИ, со тоа нивната кариера ќе заврши“, оценува тој.

Во моментов, не гледа, како што вели, опасност за врвот на ДУИ од огнените. Тие, како што оценува, ја злоупотребуваат темата.

„Изет Меџити колку време беше на висока позиција во ДУИ? Што чекал Меџити, зошто 22 години не им помогнал на ветераните од УЧК? Чекал 22 години и сега кога има политички несогласувања ја злоупотребува темата да поентира кај дел од Албанците“.

Дополнува дека многу ветерани од УЧК се вработени во државните институции, како на пример во полиција, АРМ и слично.

Најголем дел, според него, се згрижени од државата за разлика од бранителите кои се оставени на улица, на маргините на општетството.

Реакцијата на Меџити, според Ангелов е само евтин популизам за политички поени, и не му предвидува успешна политичка кариера.

Поопширно со директорот на ЦУК и лидер на Достоинство, Стојанче Ангелов, во интервјуто за „Макфакс“.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасовски најави воздухопловен тим за здравствен транспорт на лица низ државата

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го посети Одделот за воздухопловни единици во седиштето на Хеликоптерската единица за полициски намени во Идризово, која во рамки на МВР постои веќе 54 години. Министерот Спасовски оствари работна средба со раководството на Одделот за воздухопловни единици, по што следеше разгледување на воздухопловите и опремата за нив, поставени на платото пред хеликоптерските хангари во Идризово.

dobivaj vesti na viber

Спасовски најави нов проект – тим од МВР и тим од Министерството за здравство за здравствен транспорт на лица низ државата.

„ Се надевам дека во најскоро време ке го започнеме тој проект, да комплетираме еден целосен тим од МВР со целосна опрема за еден воздухоплов и од Министерство за здравство за здравствен транспорт на лица низ државаѕа. Тоа ќе биде за првпат од постоењето на оваа единица во изминатите 54 години“ рече Спасовски.

Меѓудругото, Спасовски рече дека е инвестирано и во опрема за гаснење на пожари.

„Препознавајќи ги потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот, Единицата беше опремена со 3 хеликоптери марка „Бел“, кои беа оспособени за гаснење на пожари, за да одговорат на потребите на граѓаните. Беше набавено едно ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“ и овие хеликоптери веќе ги видовме на дело”, рече Спасовски.

За да се овозможи успешно користење на опремата, како што рече, се воспостави соработка со словенечката полиција, од чија страна беше спроведена меѓународна обука, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари.

„Обуката успешно ја завршија и се сертифицираа сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени”, истакна Спасовски.

Тој нагласи дека за првпат македонската полиција ќе одржува флота на македонската армија, пред се хеликоптери од типот „Бел“ 206 и „Злин“.

Спасовски додаде дека можат да се пофалат дека имаат и жена пилот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Матурантка не полагала државна матура оти ја немало на списокот, таткото на девојчето бара правда

На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид денес и’ било оневозможено да го полага првиот дел од државната матура. Нејзиниот татко...

Топ12 часа

Tрагедија во Чаир: Градежник падна од висина и загина

Голема трагедија била пријавена синоќа во скопската населба Чаир. 41-годишен маж од Албанија, работејќи на изградба на објект паднал од...

Македонија12 часа

Законите за „Бехтел и Енка“ на тест кај Пендаровски

Собранието даде зелено светло, сега претседателот Стево Пендаровски ќе го каже својот став за законските решенија за реализација на договорот...

Македонија14 часа

Ковачевски најави лидерска, Мицкоски му одговори

Премиерот Димитар Ковачевски планира во наредните 10 дена да го покани на лидерска средба, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски....

Регион14 часа

Српскиот министер за одбрана избран за претседател на партијата на местото на Вучиќ

На седницата на вонредното собрание на партијата во Крагуевац за претседател на Српската напредна партија е избран актуелниот министер за...

Македонија16 часа

Мемет почина како невидлив за системот, правници алармираат итно да се олесни вадењето лична карта за ранливите групи

Младиот Мемет Камбер, продавач на „Лице в лице“, кој почина на 19 години без лична карта, а неговата прва посета...

Топ17 часа

Автомобил прегази пешак на улица во Скопје

Педесетгодишен скопјанец е прегазен синоќа од автомобил на улицата Ацо Шопов. „Патничко моторно возило “фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано...

Регион19 часа

Објавени детали од сослушувањето на мајката на Коста – што правел во деновите пред злосторството и какви односи имал со другите

Мајката на момчето кое уби деветмина негови врсници и чуварот на Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Србија во средата беше...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски нека си испечати уште една оставка како таа што му ја искинал Џафери

Штом Ковачевски и Владата велат дека имаат мнозинство за уставни измени, ги повикуваме час поскоро до Собранието да ја поднесат...

Регион20 часа

Koj ќе го наследи Вучиќ? СНС добива нов лидер

Српската напредна партија денеска во 12 часот во Крагуевац одржува партиско собрание на кое ќе изберат нов претседател и раководство....

Македонија22 часа

Матурантите денес полагаат мајчин јазик, пријавени се 15.620 ученици

Денес се реализира првиот екстерен предмет од државната матура – мајчиниот јазик. Оваа учебна година за државната матура се пријавиле...

Регион1 ден

Вучиќ за состојбата на Косово: Се плашам дека не чекаат многу лоши работи, знам со кого си имаме работа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека се плаши дека ги чекаат многу лоши работи на Косово бидејќи знае со...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Пораката од САД и од членките на НАТО и ЕУ е јасна, сите партии да го поддржат европскиот пат на државата

„Пораката од нашиот стратешки партнер САД е многу јасна и од заменик-помошникот државен секретар на САД, Ескобар, меѓутоа исто така...

Регион2 дена

(Видео) Десеттина повредени во Звечан во судирот со косовската полиција

Десетина лица се повредени во судирот меѓу вооружената косовска специјална полиција и насобраните граѓани во Звечан, каде што од утринава...

Македонија2 дена

Европското знаменце заврши работа: Собранието ги изгласа измените на законите за „Бехтел и Енка“

И покрај предупредувањата за злоупотреба на европското знаменце, попладнево Собранието ги изгласа измените на петте закони кои треба да ја...

Регион2 дена

(Видео) Нови тензии во Косово: Запален полициски автомобил, судир со полицијата и прекината настава

Напнатата ситуација во српските општини Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ на северот од Косово која се создаде откако специјалните сили...

Македонија2 дена

Сенаторот Марфи уставните измени ги нарече технички и укажа дека со неусвојување ќе го загрижиме НАТО

Американскиот сенатор Крис Марфи ги нарече технички уставните измени кои треба да се донесат за членство во Европската Унија. Тој...

Македонија2 дена

„Драга Снежана, јас не сум претседател на Украина“: пратеничката на СДСМ му го згреши името и функцијата на спикерот на украинскиот парламент

Пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска на Фејсбук објави фотографија со спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, но напиша дека...

Македонија2 дена

(Видео) Во ДУИ командант е Ахмети, ќе заврши кариерата на „Огнените“ – Ангелов за изјавите на Меџити

Појаснувајќи ја иницијативата на партијата Достоинство за обештетување на семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди од конфликтот во 2001...

Македонија2 дена

(Видео) Историчарот Светозаревиќ до Бугарите: Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови

Историчарот Бранислав Светозаревиќ вчера во Пустец одговарајќи на прашања на бугарските новинари им кажа дека во 21-от век тие не...